Истанбулската туристичка агенција “Баракуда Тур Компани“ за свите клиенти направи специјална понуда која вклучува три ноќевања и абортус во Сараево.
Исто такво патување во Крим чини 370 долари, а 1.873 долари во Англија.
Менаџерот на туристичката агенција Џем Полатоглу на брошурата напишал:
„За се’ што е во една земја забрането, или тешко се наоѓа, водата ќе го пронајде својот пат “.
Тој изјавил дека како агенција тие профитираат од забраните и дека за аранжманот во Босна и Херцеговина веќе се пријавиле три жени.
Агенцијата соработува со три клиники во Крим, со една од БиХ и една од Англија.