Руска подземна секта држела деца затворени во темни ќелии 10 години


Руска подземна секта која буквално живеела под земја со цел да го прекине секој можен контакт со светот, криела 27 деца во темнина, во подземните ќелии, речиси повеќе од една декада, изјави јавниот обвинител.

Децата беа ослободени, а против нивните родители се покренати обвиненија за нивна злоупотреба. Некој од децата меѓу 1 и 17 години никогаш не виделе дневна светлина, изјавиле лекарите. Сектата кој што ја основал пред 83 години, Фраизракхман Сатаров, кој се декларирал себеси како муслимански пророк и покрај контрадиктарностите со приципите на Муслиманството, исто така беше обвинет за негрижа на здравјето на децата, изјавила Ирина Петрова главниот обвинител во градот Казан.

Членовите на сектата се нарекувале „муамин“ по арабскиот израз кој што значи верници.

Децата биле пронајдени минатата недела кога полицијата ја пребарала областа како причина за неодамнешното убиство на муслимански свештеник. Тамошните власти ги обвинија радикалните исламистички групи за кои што велат дека ги бранат покраината покрај реката Волга, место кое што е богато со нафта.

Еден од обвинетите е Сатаров кој што во провинцијата Башкотостан, ја прогласил својата куќа за независна исламистичка држава, надвор од Казан. Им наредил на 70 негови следбеници да живеат во ќелиите кои што ќе ги ископаат под три згради. Само на неколку членови од сектата им било дозволено да работат како трговци во локалните маркети. Ќелиите кои што немале никаква вентилација, ниту струја биле во површина од 700 квадратни метри. Заедно со ќуќата на Сатаров која што била дивоградба ќе бидат срушени, изјавиле тамошните полициски служби за медиумите.
„Можат да дојдат со булдужери и пушки, но единстевн начин на кој што ќе ги срушат овие објекти е преку нас мртви“, изјавија дел од членовите на сектата за локалните медиуми.
Сатаров изјавил дека станал слуга на Сатаната, благодарејќи на КГБ. Комунистичките власти го испратиле заедно со други свештеници во муслиманските земји со приказни за верските слободи. Тогашната комунистичка влада праќала православни христијански, муслимански и еврејски свештеници во странство со цел да го шират Советскиот публицитет.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1