Лоран Блан го напушти кормилото на француската репрезентација, по две години работа со „кралскиоте петли“, а како главна причина за ваквата одлука е релативниот неуспех на ЕП.
Ваквата вест ја потврдија и од Француската фудбалска федерација, од каде му се заблагодарија на Блан за направенодо досега. Поранешниот фудбалер го презеде тренерското место од Рајмонд Домене со задача да воведе ред и дисциплина по срамот што се случи на Мундијалот во Јужна Африка.
Франција по негово водство имаше серија од 23 натпревари без пораз, но во последното коло од групната фаза на ЕУРО 2012, изгуби од Шведска, по што падна на второто место, и во четвртфиналето беше елиминирана од страна на Шпанија.