Видео: Инцидент при славењето на шпанците – Алонсо се обиде да удри навивач


Додека играчите на ,,црвената фурија,, ја прославуваа титулата на теренот, еден навивач успеал да слезе од трибините и да се уфрли во кругот на фудбалерите.

Прво го бутна Чави Ернандез, а потоа се уфрли во центарот на формираниот круг. И додека другите играчи не го ни забележаа Чаби Алонсо кој стои веднаш до навивачот се обиде да му удри бокс додека обезбедувањето го одвлекуваше надвор од теренот. Навивачот за малку ќе добиеше десно кроше, но Алонсо промаши.

Нема објаснување како навивачот успеал од трибините да се симне на теренот и да им се доближи на фудбалерите.

Tags: , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1