Една од погодностите која што го има во комунистичкиот систем во Кина, сега е и привилегијата да им се прогледа низ прсти на богатите граѓани, односно да им се најде соодветна замена, која за одредена сума на пари, ќе ја отслужи затворската казната место богатиот.
Еден од ваквите примери е случајот со богат наследник кој при возење удрил пешак и смеејќи се со пријателите ја дочекал полицијата. Но, потоа не се појавил на суд, а доведена била неговата замена, која доби три години затвор.
За ваквата пракса Кинезите имаат и име „динг зуи“, кои што означуваат “динг“-замена, “зуи“-злочин. Сличен случај имало и претходно, кога во собраќајка со смртен случај, ја предизвикал управникот на една болница, кој веднаш нашол замена за затворската казна, која наместо него, ја добил таткото на еден од вработените во болницата.
Случајот станал допадлив за јавноста, особено откако упавникот им помогнал на неколку свои пријатели да дојдат до „динг зуи“ како би го одменили во затвориските казни. Сепак, според кинеските стандарди, управникот претерал со искористувањето на ваквата привилегија, по што последниот пат навистина завршил пред судот. Цената која што се споменува за замена на виновникот во затвор изнесува 31 долар за еден ден.