Бомбите најдени во подрумските простории во основното училиште „Блаже Конески“ во скопската општина Аеродром се школски, утврдила полицијата.
Директорот на училиштето Раде Жегарац за МИА изјави дека расчистувајќи го подрумот на училиштето децата нашле торба со две бомби.
– Веднаш повикавме полиција и ги евакуиравме децата. Полицијата утврди дека се работи за школски и безопасни бомби, истакна Жегарац.
Тој посочи дека по еден час учениците биле вратени на редовна настава.
Во СВР Скопје во 11 часот и 10 минути добиле дојава за бомба во ОУ „Блаже Коневски“, по што нивни екипи излегле на терен.