БОРО И МИКИ – По 30 години се најдоа на „Охрид фест 2012“



Македонскиот бизнисмен Боро Борозан на „Охрид фест“ си најде стар другар, со кого не се имаа видено 30 години.

Станува збор за Мики Шарац, менаџерот на словенечката пејачка Тања Жагар, која на Интернационалната вечер настапи со песната „Вљубена во животот“.

Боро и Мики (кој има дел и македонско потекло) , си помуабетија искрено и се потсетија дека всушност преку тоа нивно пријателство Борозан на времето во Македонија, на „Макфест“ ја донесол Хелена Благне да ја испее “Кога те нема“.

А, бидејќи ниеден фестивал да помине без легендарниот Џаро, тој овој пат зад сцена времето го помина муабетејќи ја Тања, на која и објасни дека од Совенија „слабост“ му е најубавата пејачка без „ниту една песна“ (се мисли на хит), Мони Ковачиќ.

Тања е позната пејачка на Балканот, која често настапува на „Охрид фест“.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1