Боуви починал од карцином на црниот дроб


Дејвид Боуви боледувал од карцином на црниот дроб, но ова го знаеле само малкумина негови блиски. Ова го открива легендарниот продуцент Брајан Ино, кој последно работел со Боуви на неговиот албум од 1995 година. Ова го дознал лично од Боуви кој пред една недела му испратил eмаил, кој според Ино била воедно и порака за збогување. david-bowie-2013

– Смртта на Дејвид дојде како целосно изненадување, како и се друго поврзано со него. Сега чувствувам огромна празнина. Добив порака од него пред седум дена. Беше интересна, забавна како и секогаш и многу надреална, како игра на зборови и алузии, како што тоа го правевме вообичаено, напиша Ино.

Боуви последен пат бил фотографиран во јавност за време на светската премиера на Лазарус, мјузиклот на кој тој работеше заедно со Енда Волш, инспириран од делото на Валтер Тевис за хуманоидниот вонземјанин кој доаѓа на Земјата да земе вода за неговата планета во изумирање.

Во едно од неговите ретки појавувања во јавноста на 12 декември во Њујорк, тој се поздравувал со своите фанови и делел автограми.

По веста за неговата смрт, критичарите веднаш ги цитираа текстовите од неговите песни од најновиот албум Блекстар, објавен на неговиот 69-ти роденден, минатиот петок. Самиот наслов асоцира на карцином на дојка – лузна која на мамомграм се појавува како црна или темна ѕвезда.

Еден од оние кои ја знаеле тажната вистина за музичката ѕвезда е белгискиот театарски режисер Ван Хове, кој работел со Боуви на новиот мјузикл.

– Боуви пишуваше и на смртната постела. Видов човек- борец. Се бореше како лав и продолжуваше да работи низ целата таа состојба. Бескрајно го почитувам, изјавил Ван Хове

Продуцентот на Боуви Тони Висконти вели дека пејачот уште пред повеќе од една година занел дека нема лек за неговата болест, а тоа според него било причина Боуви да направи ремек дело и од својата смрт.

Гласините дека музичката ѕвезда има нарушено здравје почнаа да се шират кога тој пред повеќе од една деценија за време на неговата Риалити тур колабираше на сцената на настапот во Германија, по што со хеликоптер итно беше префрлен во болница на итна операција на срцето.

По неколку години, во медиумите повторно беше покренато прашањето за неговото здравје, кога иако најавен тој не се појави во рамките на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Лондон 2012, по што тргна лавина нагаѓања дека боледува од Алцхајмерова болест.

Но Боуви во 2013 се врати на сцената со новиот албум The Next Day, ама одбиваше да дава интервјуа, со што гласините околу неговото кревко здравје никогаш не престанаа.

Боуви почина на 10 јануари годинава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1