Браво за младиот Драган – Македонското знаме на насловна страница во Холандија


 

на насловната страна на најголемиот регионален весник во провинцијата Хелдерланд која има 2 000 000 жители, во весникoт De Gelderlander излезе фотографија со Македонското знаме – доле под сликата јасно напишано и во агендата – „Македонско знаме“

Во Холандија секоја година се одржува меѓународен 4 дневен фестивал за марширање ( пешачење), а се одржува во градот Nijmegen. Ова е најголем настан во Холандија за минатата година и еден од најголемите во светот по бројот на учесници во спортот што се одржува секоја година.

Оваа година и Македонија имаше свои преставник. Младиот Драган Ристов гордо го виореше македоснкото знаме – а дека достојно ја преставил нашата земја покажува и фактот што од сите фотографии на насловната страна на најголемиот регионален весник во провинцијата Хелдерланд која има 2 000 000 жители, во весникoт De Gelderlander излезе фотографија со Македонското знаме – доле под сликата јасно напишано и во агендата – „Македонско знаме“

 

Нијмеген за време на оваа манифестација го посетиле 1 420 000 посетители и покрај тоа што врнело неколку дена. Настанот беше пренесуван на SBS 6 и на други државни телевизии, на регионалната телевизија и на специјалната телевизија за овој настан, имаше и live streaming на интернет, се проценува дека само на интернет го следеле преку 7 милиони гледачи.

38 000 учесници го завршиле маршот.

За 96тиот Vierdaagse имаше пријавено 50 000 луѓе, од кои 5000 беа елиминирани по пат на ждрепка. Има 3 вида на дистанци 4 дена по 30 km = 120 km вкупно, 4 по 40 = 160, 4 по 50 = 200 km и за војниците 4 по 40 плус 10 kg товар и во војничка опрема облечени. Се минува низ 10ина Општини и околу 35 населени места во област од преку 400 000- 500 000 жители.

Најмладиот учесник оваа година имал 11 години, а најстариот 91 година. Пешачеле и околу 5000 војници од 20 држави. На целиот марш пак учествуваа натпреварувачи од преку 67 држави. Секако учесник имаше и од Македонија – младиот Драган пешачеше со закачени 2 македонски знамиња на ранецот.

,, Последниот ден имаше десетици илјади луѓе кои не бодреа по патот и тие ни се најголемата мотивација да завршиме, времето беше променливо со чести врнежи од дожд но и влажниот воздух е тежок за дишење од 75 до 95% влага во воздухот. Последните 5 km улицата се нарекува Via Gladiola бидејќи на учесниците публиката им дава цвеќиња гладиоли, симбол на издржливост на учесниците, на гладијаторите им биле давани истите цвеќиња ако победеле во борбите.

Исто така имаше и fundraising нешто како собирање пари за сопствени каузи како за децата во Тајланд, за борба против рак, односно учесниците можеа да собираат пари преку интернет и се собраа 360 000 евра,, вели Драган.

Секој кој ќе го заврши маршот добива медал одобрен од Кралицата на Холандија, а медалот е различен во зависност од колку пати си го завршил маршот, а некои држави како САД, Германија, Шведска, Данска и Норвешка го признаваат како официјален медал кој може да се носи на војничката униформа.

Почетоците на овој фестивал датираат од 1909 година и најпрво бил наменет за војниците. Со два прекини за време на двете светски војни, фестивалот оваа година се одржа по 96ти пат. Ова е најголем настан во светот за пешачење и е ненатпреварувачки настан. Пријавувањето започнува во почетокот на годината, а горната граница на бројот на учесници е ограничена на максимум 45 000, од кои тие што веќе го завршиле можат директно да се пријават за наредниот, а новите учесници доколку се надмине бројот од 45 000 пријавени по пат на ждрепка се избираат додека не се дојде до 45 000 учесници.

 

 

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1