Видео: 46 стриптизерки незаконски играле „во скут“ во западна Македонија


Во заедничка акција на полицијата и Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција во четири угостителски објекти затекна 46 женски лица кои незаконски работеле како танчерки и придружнички на гостите. Акциската контрола е направена на 27 јули годинава во „Енерџи“ во Тетово, „Ориентал ас“ во Жеровјане, „Европа“ во Ваксинце и „Амстердам“ во Гостивар.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. го посети Транзитниот центар каде моментално се сместени танчерките.

Од приведените девојки 39 се странски државјанки и тоа девет се бугарски, 22 се српски, една е од Црна Гора, една од Косово, четри се албански државјанки и една е италијанка, сите на возраст од 18 до 24 години.

Кај некои од нив е утврдено дека имаат забрана за влез во Македонија што значи дека не се првпат тука. Кај нив се пронајдени и поголем износ на пари.

Минситерката посочи дека карактеристично за овој случај е тоа што овие лица имале целосна слобода на движење, бидејќи ги поседувале сопствените пасоши, редовно излегувале на подрачјето каде што работеле или биле ангажирани.

Досегашната анализа, како што рече министерката, покажала дека тие примале одреден паушал во текот на нивниот ангажман кој изнесувал околу 40 евра од вечер. Добивале и дополнителна надокнада за секој испиен коктел во износ од 30 проценти од цената на коктелот, кој чинел околу 1000 денари.

– Тоа е шемата по која функционирал начинот на заработување за која до овој момент имаме потврдено докази и имаме целосна документирана слика како се одвивала. Ќе продолжиме со истрага во насока на откривање и на евентуални други аспкети на незаконско однесување односно на нивниот ангажман, изјави министерката за внатрешни работи.

Бидејќи лицата се затекнати да работат без работна дозвола, четирите угостителски објекти се затворени од соодветните инспекциски служби.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1