Трагедија во Полска – четиричлено семејство настрада од гром


Четворица планинари од полска загинаа од гром додека планинареле на југот од земјата покрај границата со Словачка, на неколку стотини метри од хостелот каде биле сместени, соопштуваат локалните медиуми.

Телата на четиричленото семејство, мајка, татко, ќерка и зет, биле пронајдени во петокот. Ќерката и зетот имале само 22 години.

– Многу ретко се случува еден гром одеднаш да убие четири луѓе, изјавил за полските медиуми Мариуш Зарод, од горската служба за спасување.

Четиричлената група планинари исчезнала во средата, по што полските и словачките спасувачки екипи организирале потрага по нив во која учествувале и кучиња трагачи и хеликоптери. Очевидци изјавиле дека на тоа подрачје беснеела невообичаено силна бура проследена со неколку силни удари на гром.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1