Британец на лото доби рекордни 190 милиони евра


Британец стана сопственик на 190 милиони евра откако неговиот тикет беше извлечен  од Европската лотарија.

Оваа добивка е рекордна и го надмина ланскиот џек пот од 185 милиони евра кој го доби еден Шкот.

Исто така,  Британец беше добитник на џек пот во октомври 2010 година, но тогашната премија изнесуваше 129 милиони евра.

Евролотаријата беше лансирана во 2004 година и се игра во девет западно-европски земји: Австрија, Белгија,  Велика Британија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Шпанија и Швајцарија.

Tags: ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1