Бројот на пациенти со рак ќе расте во текот на следните 20 години а во пораст ќе биде и бројот на смртни случаи од оваа болест , стои во годишниот извештај на Светската здравствена организација ( СЗО) по повод Светскиот ден за борба против малигни заболувања.
Според извештајот годишниот број на нови случаи од рак во светот ќе биде 25 милиони во следните 20 години , во споредба со 14 милиони во 2012 , што претставува зголемување од 70 проценти.
“Ова зголемување е поврзано со порастот на населението, стареењето како и потрошувачката на тутун, алкохол и преработена храна индус, се вели во соопштението .
Бројот на смртни случаи е зголемен од осум милиони во 2012 на 13 милиони во 2013 година.
дури 30 отсто од смртните случаи кај заболени од рак се поради нездраво однесување и нездрава исхрана, зголемена тежина, мало внесување свежо овошје и зеленчук, недостиг од физичка активност, пушење и други. Тутунот, на пример, е причина за појава на рак и причина за дури 22 отсто на сите смртни случаи од ова заболување и за 71 отсто од сите смртни случаи од рак на бели дробови.
На Kлиниката за радиотерапија и онкологија лани се лекувале 4.200 болни од рак, а во Македонија биле регистрирани речиси двојно повеќе – околу 7.000 новозаболени од малигни заболувања. Секоја година бројот се зголемува и ракот напаѓа с` помлади лица.
Во извештајот на 600 страници се наведува дека најзастапен е ракот на белите дробови , пред ракот на дојка и ракот на дебелото црево . Мажите се повеќе погодени од жените а најмногу случаи има во Африка, Азија и Јужна Америка.