Бројот на заболени од рак ќе расте – се поголем број млади заболени


Бројот на пациенти со рак ќе расте во текот на следните 20 години а во пораст ќе биде и бројот на смртни случаи од оваа болест , стои во годишниот извештај на  Светската здравствена организација ( СЗО)  по повод Светскиот ден за борба против малигни заболувања.

oral cancerСпоред извештајот годишниот број на нови случаи од рак во светот ќе биде 25 милиони во следните 20 години , во споредба со 14 милиони во 2012 , што претставува зголемување од 70 проценти.

“Ова зголемување е поврзано со порастот на населението, стареењето како и потрошувачката на тутун, алкохол и преработена храна индус, се вели во соопштението .

Бројот на смртни случаи е зголемен од осум милиони  во 2012 на  13 милиони во 2013 година.

дури 30 отсто од смртните случаи кај заболени од рак се поради нездраво однесување и нездрава исхрана, зголемена тежина, мало внесување свежо овошје и зеленчук, недостиг од физичка активност, пушење и други. Тутунот, на пример, е причина за појава на рак и причина за дури 22 отсто на сите смртни случаи од ова заболување и за 71 отсто од сите смртни случаи од рак на бели дробови.

На Kлиниката за радиотерапија и онкологија лани се лекувале 4.200 болни од рак, а во Македонија биле регистрирани речиси двојно повеќе – околу 7.000 новозаболени од малигни заболувања. Секоја година бројот се зголемува и ракот напаѓа с` помлади лица.

Во извештајот на 600 страници се наведува дека најзастапен е ракот на белите дробови , пред ракот на дојка  и ракот на дебелото црево . Мажите се повеќе погодени од жените а најмногу случаи има во   Африка, Азија и Јужна Америка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1