Кога Бу со својата убавина направи „бум“ на Facebook добивајќи речиси пет милиони „лајкови“ повеќето луѓе мислеа дека тоа е поради фактот што е најслаткото куче на светот.
Но можеби постои и друго објаснување за мегапопуларноста на ова милениче – неговата сопственичка работи во Facebook.
Ан работи како извршен директор во финансискиот оддел на Facebook, а нејзините колеги едноставно го обожуваат Бу.
Се до сега Ан преземаше внимателни мерки за да не и се открие идентитетот, токму затоа и го користеше псевдонимот J.H. Lee, со цел јавноста да се фокусира единствено на кучето.
Лажното име го задржа дури и при издавањето на првата книга на Бу минатата година, како и при неколкуте нејзини интервјуа.