Најопасната дрога на светот: Ја блокира слободната волја, брише меморија… Дали таа е причина за „Бетмен“ масакрот?


Стеблото од Borrachero (Brugmansia X candida, Datura candida) е украсено со прекрасни бели и жолти цветови кои висат на тенки гранки и ја кријат тајната за која знаат само неколкумина од Јужна Африка. Семките, цветовите и плодот од ова дрво содржат халуциногени хемиски супстанции кои кога ќе се вдишат или консумираат способни се да ја отстранат човековата слободна волја и да го претворат во безразумен „зомби“ кој може да се контролира без никаков отпор.

Неодамна британскиот „Дејли меил“ објави извештај за ова стебло кое исто така е познато под називот „дрво кое опива“, објаснувајќи како добиената супстанца скополамин ја блокира човековата способност да формира сеќавање и провремено ја блокира способноста на слободен избор. Кога е вдишан или консумиран скополамин може било која личност да ја претвори во робот кој ќе стори се што ке му каже друго лице па дури и да си ја ограби сопствената куќа.

„Дрогата ги претвора луѓето во вистински зомби и го блокира настанувањето на сеќавање“, пишува „Дејли маил“ за скополаминот.

Всушност оваа дрога е технички рафинирана и хемиски изменета верзија на природната супстанца пронајдена во стеблото на Borrachero.

Скополаминот го користат криминалците од Колумбија со цел да ги контролираат мозоците на другите со цел да направат криминални дела.

Скополамин (Devil`s Breath) е дога како ниту една друга. Не може да се спореди ниту со било која друга дрога, вели Деменција Блек за време на интервју кое подоцна е искористено во долгометражниот истражувачки докментарец „Одиш…И одеднаш паф… (сакајќи да потенцира дека доволно е само да дувнеш прав од скополамин во нечие лице)… И личноста е целосно дрогирана“.

„Ќе причекаш една минута и веднаш ќе забележиш ако дрогата почнува да делува, тогаш знаеш дека ја поседуваш таа личност. Ја водиш каде што ќе посакаш. Како да е дете. Велиш одведи ме во твојата куќа, извади ја својата чековна книшка, дај ми ја својата заштеда, дај ми ги пиновите од твоите кредитни картички. Толку е едноставно“, вели во интервјуто Деменција Блек.

Всушност сето ова и се случило и на една жена која била дрогирана со скополамин и и било кажано да ја ограби својата куќа и се што поседува да им го предаде на оние кои ја заробиле. Иако не се сеќава на ништо жената изјавува дека многу брзо ги собрала своите работи, заштедата од децата и опремата за камера и помогнала сето тоа да се транспортира до возилото на оние кои ја заробиле.

Оваа жена всушност својата загуба ја смета за поштедување затоа што зависници од оваа дрога правеле многу полоши работи.

Досегашните извештаи укажуваат на тоа дека скополаминот е често користен во многу тешки криминални дела, вклучувајќи силувања па дури и убиства.

Дали пукањето за време на премиерата на „Бетмен“ е резултат на скополамин или друга слична контролирачка дрога?

Сите овие информации за скополаминот потсетуваат на „Бетмен“ масакрот во Колорадо кој како што неодамна беше наведено во извештајот не се софпаѓа со официјалната приказна. Контрадикторните докази и различните извештаи на очевидците наведоа многумина на размислување дали Џејмс Холмс бил под дејство на дрога со која се контролира мозокот и дали тој бил совршено жртвено јагне за изведба на многу грозни, ужасни планови направени од страна на некои други надворешни сили?

 

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1