Добро утро 🙂
Овој концепт може повеќе да се земе како забава отколку како вистински изум, но и понатаму е одлична идеја.
Овој будилник во буквална смисла ја доловува поговорката „Кој рано рани две среќи граби“ затоа што ако не се разбудите на звукот на алармот може да останете без пари. Е сега овој будилник е најдобар начин како да ги научите вашите деца да стануваат на време. И покрај тоа што овој изум е интересен, треба да внимавате затоа што самоволното уништување на пари е казниво со закон.