Бугарски националисти бараат да се елиминира македонски новинар.


Пред неколку дена на форумот all.bg биле изнесени шокантни барања да се ангажираат тајните служби на Бугарија за да се ликвидира новинарот на Канал 5 Горан Момироски, пишува денеска порталот Net press, кој објавува и фотографии од шокантните написи.

На форумџиите им пречел текстот на Момироски објавен на Нет Пресс минатиот петок “Мајка бугарашка, Трето полувреме, најново издание“.

Анонимни профили бараат од бугарските власти да го “свиткаат“ Момироски и сличните на него, зошто бугарските граѓани плаќаат даноци и имаат право да побараат тајните служби да интервенираат. Форумџиите дури предлагаат и начин како тоа да се направи – снајпер, автомобилска несреќа или радиоактивниот елемент полониум за да се елиминира новинарот.

 

Некои пак предлагаат не само новинарот туку “рибата смрдела од главата“ и затоа било потребно да се интервенира на “главата на патката“ па предлагаат да се искористат 20 килотони ТНТ експлозив за да се постигне задоволителен резултат.

Момироски веќе побарал информации од форумот за лицата кој му се закануваат. За net press изјавил –


“Верувам дека во една земја членка на ЕУ и НАТО нема да останат неказнети или непознати за јавноста луѓето кои што бараат елиминација на новинар поради јавно искажан збор особено што тврдам дека сите информации во колумната за Нетпрес се факти познати на целата светска јавност. Подготвен сум за тие факти да разговарам со сите кои што сакаат да дебатираат како интелектуалци. На тие што сакаат историјата и различните мислења да ги менуваат со експлозив и наместени сообраќајни несреќи навистина немам што да им порачам, само дека ја срамат Бугарија и сите цивилизирани граѓани на оваа земја“, вели Момироски за Нетпрес .

Во текстот се бара различни делови од бугарската јавност да прекине со вербалните напади врз Македонија и да ја прифати историската одговорност Бугарската окупациска војска во егзодусот на македонските евреи, факт што е потврден и од релеванти светски институции како на пример Музејот на Холокаустот во Вашингтон.

Новинарот Горан Момировски има забрана за влез во Грција поради неговото известување за активностите на македонското малцинство, а пред неколку години бил и на неформалната листа на новинари за кои се бараше забрана за влез во Бугарија.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1