Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Прегазено девојче, со тешки повреди пренесено на скопските клиники

Четиринаесет годишно девојче од Виница вчера попладне било удрено од автомобил „Мерцедес“ кој го управувал М.Т. (61) од Радовиш. По незгодата со возило за Итна медицинска помош девојчето е пренесено во Општа болница Кочани каде и се констатирани тешки повреди (скршеница на десната потколеница и потрес на мозокот). Поради сериозноста на повредите е препратена во […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО/ФОТО: Скопјанец со такси “слета” во Радика кај Дебар

Скопјанец со такси возило слета во реката Радика во близина на Дебар. Според информациите на очевидците настанот се случил вчера околу 14 часот, а во него нема повредени, објави Скопјеинфо. Видео – Шиломагазин фејсбук Од фотографијата може да се види дека станува збор за такси возило, а очевидците потврдуваат дека автомобилот бил со скопски таблички.

______________________________________________________________________________________________________

Тетово: Браќата го испрскале со спреј па го боделе со нож

Крвава семејна драма се одвивала на улицата Маршал Тито во Тетово. Според податоците, во 11 часот и 20 минути, 49-годишниот Џ.И. од селото Слатино започнал расправија со браќата, 32-годишниот С.И. и 40-годишниот Г.И. од Тетово, како и со уште едно засега непознато лице. Едниот од браќата му прснал спреј за онеспособување во пределот на лицето, […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка во Скопје, повредени две лица

Утрото околу 4 часот на локалниот пат с.Кадино-с.Миладиновци-Скопје се случи сообраќајна незгода во која возило „тојота корола“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.С.(27) се лизнало од патот и се превртело во нива. Според првичните информации, возачот исгубил контрола над возилото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Г.М. (22), а со телесни […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија – Младо момче замина во смрт

Трагедија за Велики Петок во Македонија. Вчера околу 11 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општа болница Кавадарци пријавиле дека кај нив од Итната помош Неготино околу 09 часот и 45 минути, го донеле 30-годишниот Александар Т. од Неготино кој по кратко време починал. Според податоците од полицијата, на телото немало видливи повреди од насилство. […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема акција кај Демир Капија – Фатен камион полн мигранти

Полицијата во близина на Демир Капија откри 24 мигранти од Авганистан, Ирак и Иран во товарно возило со скопски регистарски ознаки. Како што соопшти МВР, мешовит патролен тим на полициски службеници од ПС Богородица и Република Хрватска синоќа во 21,30 часот забележале товарно моторно возило „Форд Транзит“ со скопски регистерски ознаки како со голема брзина […]

______________________________________________________________________________________________________

Автобус прегази скопјанка, итно пренесена во болница

Околу 09 часот и 40 минути на улицата „Македонија“ во Скопје, во близина на крстосницата со улиците „11-ти Октомври“, се случила сообраќајна незгода во која Автобус со скопски регистерски ознаки управуван од 41-годишниот скопјанец М.Д. удрил во пешакот Е.С. (52) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди во пределот на главата се задобил пешакот […]

______________________________________________________________________________________________________

Собраќајка кај Кичево, повредени три лица

На магистралниот пат Кичево-Гостивар синоќа околу 23 часот се случи сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобија три лица. Во несреќата се судриле патничко моторно вило „БМВ“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Ф.С.(23) од кичевското село Бериково и „Голф“ со кичевски регистерски ознаки управувано од А.Е.(19) од село Зајас. Во незгодата […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје: Младо момче се фрли од зграда

Несреќа ја потресе Македонија. На Велики Четврток во 18 часот на улицата „Доситеј Обрадовиќ“ во Скопје, 21-годишниот М.Б. скокнал од третиот кат од зграда. Според податоците од полицијата, момчето се здобило со тешки телесни повреди, фрактура на карлица, по што бил пренесен Ургентниот Центар Скопје за укажување на лекарска помош. Момчето било задржано во болница.

______________________________________________________________________________________________________

Две деца од домот „11-ти Октомври“ три дена се исчезнати

Во полициската станица „Центар“, Л.Ј.(39) вработена во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“, завчера пријавила исчезнување на две деца. Според пријавата, на 26.04.2016 година од домот во непознат правец се оддалечиле двајца нивни штитеници на возраст од 16 и 17 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

______________________________________________________________________________________________________

Монструозно: 70-годишен прилепчанец полово нападнал дете

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од МВР ПС Прилеп, Основното јавно обвинителство – Прилеп поведе постапка против едно лице, на возраст од 70 години за сторено кривично дело Полов напад врз дете. Имено, на точно неутврдени датуми во повеќе наврати, од почетокот на 2016 година па до почетокот на месец април 2016 година, заради задоволување […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 17-годишна девојка од Аеродром

Во вторникот вечер во 23.30 часот во полициската станица во Аеродром, А.С. (47) од Скопје пријавила дека истиот ден во 06.45 часот нејзината седумнаесетгодишна ќерка отишла на пракса и не се вратила дома. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнаа момче и девојче од Скопје

Вчера во 23.30 часот во ПС-Аеродром, А.С. (47) од Скопје пријавила дека истиот ден во 06.45 часот нејзината седумнаесетгодишна ќерка отишла на пракса и не се вратила дома. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Истиот ден во 21.00 часот во ПС-Карпош, В.С. (45) од Скопје пријавила дека на 25.04.2016 година околу 11.00 часот од […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за трагедијата во Аеродром

Девојката лежела мртва во станот, телото на скопјанецот најдено на скали во ходникот Девојката лежела мртва во станот, 31 годишниот П.Т бил пронајден мртов на скалите. Страшна глетка затекнале станарите на улицата Владимир Комаров бр. 14 во скопски Аеродром. Веднаш била повикана полиција. Прво го нашле безживотното тело на П.Т. Како што веќе објавивме, тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Телото на Коста Крпач, било пронајдено во спалната соба, детали од МВР

На 27.04.2016 година околу 13.20 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул.„Народен Фронт“ биле слушнати неколку истрели од огнено оружје, информираат од МВР. По излегување на местото на настанот констатирано е оштетување на ТМВ „Фургон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ДТУ„Огнометика“ од три проектили испукани од правец на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“. По […]

______________________________________________________________________________________________________

Верижна сообраќајка во Автокоманда- две лица итно пренесени во болница

Верижна сообраќајка се случи утрово во скопска Автокоманда. Како што соопштуваат од СВР Скопје, во верижниот судар учествувале пет возила, односно „пасат“, два автомобила „голф“, „мерцедес“ и „мицибуши“, сите со скопски регистарски таблички. Во незгодата повредени се две лица кои веднаш биле пренесени во болницата Свети Наум Охридски.  

______________________________________________________________________________________________________

Стружанец избодел двајца охриѓани

Охридската полиција утринава го уапси Б.Д. (35) од струшкото село Ливада, откако во 1.30 часот, во казино „Адмирал“ на улицата Партизанска во Охрид со кој го повредил Н.М. (34) во градите, а на Е.М. (35) му нанел два убода во слабината и грбот. По нападот Б.Д. избегал со автомобил „голф“, но подоцна бил уапсен. Истражителите […]

______________________________________________________________________________________________________

Момче и девојка најдени мртви во Аеродром

Вчера во стан од зграда на улицата Владимир Комаров најдено е телото на почината Марија М. (1991) од Охрид. На скалите, пак, во истата зграда, е најдено телото на починатиот Предраг Т. (1980) од Скопје. Од полицијата велат дека девојката била подстанар. Причините за смртта засега не се јасни, па телата на двајцата се однесени […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1