Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Пожар утрово во затворот Идризово, изгоре кровната конструкција

Пожар избувнал рано утрово во затворот во Идризово. Како што соопштија од Противпожарната бригата-Скопје, пожарот бил пријавен околу 4 часот, а изгорела кровна конструкција. Интервенирано било со едно возило и четворица пожарникари. Причинета е штета од околу 15 000 денари, а пожарот бил ставен под контрола за еден час, соопштија од противпожарната бригада.

______________________________________________________________________________________________________

Почина млад затвореник од Идризово откако му се слошило во ќелијата

На 09.02.2019 година во 20:40 часот во СВР-Скопје, од КПУ „Идризово“ било пријавено дека на осуденикот А.Л. (38), додека бил во ќелијата му се слошило и со возило на КПУ-Идризово е пренесен во Комплексот клиника “Мајка Тереза“. Таму од страна на лекар била констатирана смрт. Известен е јавен обвинител, а телото е дадено на обдукција. […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма на скопскиот Аеродром: Додека ме претресуваа ми снема 3.000 евра

Во 12,45 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром-Скопје“ од Стокхлом-Шведска допатувала 47-годишната A.B.P.E. од Глоговац-Косово, а со место на живеење во Шведска. По извршената пасошка контрола и проверка дозволен и бил влез во Македонија, но во 13,15 часот од страна на вработен во безбедност на ТАВ, било пријавено дека таа сака да пријави настан на […]

______________________________________________________________________________________________________

Вооружен грабеж со калашникови на банка во скопско Визбегово

Филмски вооружен грабеж се одвивал претпладнево во експозитурата на “Халк банка”, сместена на улицата “Јадранска магистрала” во населбата Визбегово. Вооружени со автоматско оружје, ограбувачите со својот автомобил најпрво се паркирале пред банката, по што двајца од нив влегле по парите. Според очевидците, во грабежот учествувале петмина разбојници кои биле вооружени со автоматско оружје калашников. По […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка на патот Струмица – Берово, учествувале шлепер и неколку патнички возила

Шлепер и неколку патнички возила учествувале во сообраќајката што се случила изутрина на патот Струмица – Берово, пред село Петралинци, каде повеќе од еден час е блокиран сообраќајот. Настанот го потврдија од СВР Струмица, но повеќе информации најавуваат за подоцна, бидејќи се уште трае увидот на полицијата. Според информации од жители на село Петралинци, во […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје: Внук ги пронајде мртви во када своите дедо и баба

Вчера во 13.40 часот во СВР Скопје, Б.Б. пријавил дека во када во куќата на улица „Раде Јовчевски Корчагин“ ги пронашол починати неговите баба и дедо Ј.В.(74) и Г.В.(76). Според пријавителот, тие најверојатно починале од струен удар. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени […]

______________________________________________________________________________________________________

Вулгарни слики од кумановско девојче соучениците си ги испраќале меѓу себе – мајката повикана во училиште

Вчера жена од кумановско село пријавила дека била повикана од страна на класната раководителка и директор на основно училиште каде учи нејзината ќерка, при што и биле покажани слики на мобилен телфон со вулгарна содржина во врска со нејзината малолетна ќерка, кои биле препраќани меѓу учениците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Пукање пред училиште во Охрид – повреден ученик

Пукање во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.До инцидентот дошло за време на училишниот одмор ,кога ученик од трета година извадил пиштол плашливец и пукал во соученик од прва година во раката а потоа и самиот се повредил во пределот на главата. Ученикот е пренесен во општата болница во Охрид и е во стабилна сстојба.До инцидентот дошло […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР апсеше во Шутка по инцидентот со полицајците

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откри дека се уапсени седуммина осомничени за нападот над двајца полицајци во скопската населба Шуро Оризари, пренесе Фактор. Двајца од тројцата претепани биле полицајци од полициската станица Чаир облечени во цивил. Едниот од нив е во сериозна здравствена состојба.

______________________________________________________________________________________________________

Куче искаса млада девојка за лице

Куче скитник каснало скопјанка за лице вчера во 8 часот на улицата Методија Митевски. Тогаш 19-годишната А.Х. била касната од куче скитник во пределот на лицето и десната рака.

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка во Македонија – 11 повредени

Тешка сообраќајка се случи попладнево кај Стража кога се судрија минибус и два автомобили. Има 11 повредени во несреќата за која се утврдуваат причините.

______________________________________________________________________________________________________

Тројца претепани полицајци во Шуто Оризари – еден се бори за живот

Тројца претепани полициски службеници во населбата Шуто Оризари. Двајцата полициски службеници и приправникот отишле во Шуто Оризари за да ја земат девојката на приправникот, а лицата кои се наоѓале во нивна околина помислиле дека се работи за киднапирање по што ги препетале полициските службеници и комплетно го демолирале нивното возило, јавива 1Тв. Сите тројца се […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за инцидентот во Шутка: Мислеле дека полицајците се киднапери па ги претепале

Детали за инцидентот во Шуто Оризари, вечерва се претепани тројца полицајци, а еден се бори за живот. 24Вести јавува дека полицајците не биле на должност и со приватен автомобил биле на местото на настанот, каде дел од присутните мислеле дека се киднапери, бидејќи претходно, во истата населба било пријавено дека непознати луѓе, насилно внеле во […]

______________________________________________________________________________________________________

Лифт се откачи во стамбена зграда во Скопје- во него имало мајка со дете

На 26.01.2019 година околу 15,00 часот А.В.(36) од Скопје пријавила дека на улица “Вангел Тодоровски” во Скопје, кога влегла во лифт во зграда заедно со нејзиниот малолетен син и го притиснала копчето за 3-от кат лифтот се откачил и паднал едно ниво. Триесет и шестгодишна скопјанка е повредена откако се откачил лифтот во кој влегла […]

______________________________________________________________________________________________________

Инцидент во скопска адвокатска канцеларија

Инцидент во адвокатска канцеларија во Скопје. Како што стои во билтенот на МВР, завчера во 10.00 часот во СВР Скопје, Ј.П.(37) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 08.45 часот на булеварот „Кочо Рацин“ во адвокатска канцеларија била физички нападната од Ф.А.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

13 годишно дете повредено при удар од багер во Лисиче

Вчера околу 14:40 часот кај место викано „Врапче“ во Скопје (стар пат за село Батинци), пријавено е дека 13-годишно момче од Скопје било повредено при удар од багер, управуван од Б.Ѓ.(64) од село Долно Лисиче, скопско, вработен во приватна фирма. По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, момчето е хоспитализирано вo […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избоде својата жена на паркинг

Австриските медиуми го објавија идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избодел својата сопруга на паркинг пред супермаркиет во градот Тулин. Се работи за 36-годишниот Џемаил М. од скопско Ласкарци. Како што јавуваат локалните медиуми, 32-годишната жена починала на лице место откако сопругот неколкупати со нож ја прободел во вратот. На убиството претходеле расправии, […]

______________________________________________________________________________________________________

Затвореник починал откако се обидел да се обеси

Затвореник во КПД „Идризово во обид да се обеси со ремен бил спречен од други затвореници, но на пат кон болница, сепак, починал. Како што соопшти МВР, вчера вработен во Казнено поправна установа „Идризово“ пријавил дека околу 15 часот во КПУ „Идризово“ затвореникот Г.Н.(45) од Кавадарци, се обидел да се обеси со ремен, но од […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1