Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Финансиската полиција ги приведе поранешниот градоначалник на Демир Капија

Четири лица од Демир Капија, меѓу кои и поранешен градоначалник и претседател на Советот на општината, се приведени денеска на информативен разговор во Финансиската полиција.Од Управата за финансиска полиција потврдија дека лицата се приведени и дека се врши информативен разговор и оти по разговорот во соработка со јавно обвинителство ќе се одлучи за понатамошна постапка.

______________________________________________________________________________________________________

Кривична и за охриѓанец кој се заканувал на пратеник преку Фејсбук

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид, поради објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник. – По насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, на 22.10.2018 година М.К. е повикан во […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата ја потврди тепачката во Штип во која според Канал77 учествувал Роби Телекабел

Полицијата излезе со официјална потврда на настанот, во кој како што вчера објави Радио Канал 77 / ммс.мк учествувал основачот на „Телекабел“, Роберт Димитров. Во инцидентот со тешки телесни повреди во болница заврши сопственикот на кафулето „Илужн“, Ацо Панов. Според соопштението на СВР Штип, настанот се случил во неделата, 21 октомври, во 2:55 часот, кога […]

______________________________________________________________________________________________________

Канал77 јавува дека Роби Телекабел претепал сопственик на кафуле во Штип

Во тепачка во дискотеката Клик во Штип бил повреден сопственикот на кафулето ,, Илужн,,  Ацо Панов. Инцидентот за Канал 77 / mms.mk го потврдиле и од полицијата „Во моментот од страна на полицијата и надлежен обвинител се сослушуваат учесниците. Со информации од кривично – правниот настан ќе излеземе утре“, изјавила Гордана Панајотова, портпаролка на СВР […]

______________________________________________________________________________________________________

Жена нападнала 12-годишно дете во Аеродром, доби пријава

Вчера во 23,00 часот во Полициската станица Аеродром Д.П.(42) пријавил дека истиот ден околу 21,40 часот на булеварот “Видое Смилески-Бато“ пред зграда, додека неговиот 12-годишен син бил заедно со уште двајца негови другари, дошла Е.М.(36) и физички ги нападнала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Против Е.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

______________________________________________________________________________________________________

Во прилепска градинка вработена нападната од колешка и нејзиниот сопруг

Вчера во 28:30 часот во Полициската станица Прилеп 53-годишниот Г.Н. од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 12:30 часот во детска градинка на улицата ,,Марксова“ од страна на 41-годишниот В.И. бил физички нападнат. Истиот ден, околу 18:15 часот во Полициската станица Прилеп 41-годишната В.И. од Прилеп пријавила дека околу 12:15 часот во детската градинка каде […]

______________________________________________________________________________________________________

Верижен судир во Скопје: Четири лица, меѓу кои 2 малолетни девојчиња однесени во болница

Верижен судиор меѓу три возила се случил вчера во Скопје, по што 4 лица итно биле префрлени во болница. Околу 14 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Фјужн“ со скопски регистерски таблици, управувано од 61-годишниот Р.Х. од Скопје, […]

______________________________________________________________________________________________________

Еден загинат четворица тешко повредени во сообраќајќа кај Охрид

Едно лице го загуби животот, а четири се тешко повредени во сообраќајната незгода што утрово во 1:25 часот се случи на излезот од Охрид кон Кичево, кај манастирот „Св.Еразмо“. На самото место на несреќата на здобиените повреди им подлегнал Д.Р.(38) од Охрид кој управувал патнички автомобил марка „Фиат Пунто“ со охридски регистарски таблички. Во несреќата […]

______________________________________________________________________________________________________

Тројца Македонци ограбиле словачки поштари, па сликите од пленот ги ставиле на Фејсбук/Фото

Тројца македонски државјани се обвинети од Словачката полиција за разбојништво со огнено оружје, кое го сториле на 3.октомври, по што се фотографирале со украдените десетиците илјади евра, а фотографиите ги објавиле на социјалната мрежа Фејсбук. Според билтенот на полицијата во Трнава, разбојнштвото се случило во 6 часот наутро откако Славчо (28), Кристијан (24) и Горан […]

______________________________________________________________________________________________________

Возач на ЈСП ги затворил вратите додека патник излегувал, мажот со повреди пренесен во „8 Септември“

Во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ вчера било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода, кое било патник во автобус на ЈСП-Скопје- Д.З. (62) од Скопје. -Тој пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот како патник се возел во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7 во […]

______________________________________________________________________________________________________

Ноќеска маж со пиштол ја убил својата сопруга во Мала Речица

Полицијата трага по педесет и три годишниот А.К. кој вчера во тетовска Мала Речица со два куршуми од пиштол смртно ја застрелал неговата 52 годишна сопруга, а се обидел да убие и уште едно лице. Убиството се случило вечерта во 22.30 на улицата “Љуботенска” , каде осомничениот со пиштол отишол во куќата на мајката и […]

______________________________________________________________________________________________________

ОЈО Тетово го истражува убиството во Мала Речица, мотивот се уште непознат

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид во тетовска Мала Речица, на местото каде што според првичните информации 53-годишен тетовец ја лишил од живот својата сопруга. Според ЈОРМ, мотивот за настанот што се случил во семејната куќа на родителите на починатата се уште се истражува. […]

______________________________________________________________________________________________________

Повредени патници од Македонија во тешка сообраќајна несреќа во близина на Линц

Нема загинато ниту еден од патниците во тешката сообраќајна несреќа помеѓу македонскиот автобус и камион на автопатот Линц Австрија што утринава се случи околу 6 часот. Од македонското МНР потврдуваат дека во автобусот имало 18 македонски државјани од нив двајца биле со потешки телесни повреди, но надвор од животна опасност, а 6 патнци се полесно […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец претепан во Градски Парк – се онесвестил од ударите

Вчера во 12.10 часот во СВР-Скопје А.М.(21) од Скопје пријави дека на 06.10.2018 година околу 03.30 часот пред дискотека во Градски Парк, додека бил со негов пријател А.К.(21) од Скопје, физички бил нападнат од непознато лице, по што изгубил свест. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Скопски вештак ја злоупотребил својата должност – за еден потпис барал 2000 евра

Скопјанец кој работел во Биро за судски вештачења изнудувал пари од клинетите. Како што стои во билтенот на МВР, Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава пријава против С.В.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 6 во […]

______________________________________________________________________________________________________

Се прекачувал преку тераси и крадел по станови – уапсен скопски крадец

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Кисела Вода, Аеродром и Драчево до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.Н.(32) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, една „Кражба“ предвидено и казниво по член […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца полицајци од затворот во Штип уапсени за поткуп

Двајца полицајци вработени во затворот во Штип вчера биле уапсени откако зеле пари од затвореници, дознава МКД.мк. Според информациите на МКД.мк, станува збор за затворските полицајци Борче Б. и Злате Ш. Полицијата против двајцата поднесе кривична пријава за поткуп. Судија на претходна постапка му одредил притвор на полицаецот Борче Б.

______________________________________________________________________________________________________

Ѓорче Петров: Старец силувал дете

Полов напад врз дете од страна на лице на возраст меѓу 60 и 65 години е пријавен вчера во полициската станица Ѓорче Петров. Како што соопшти МВР, Н.Т. од Скопје пријавил дека вчера околу 8:00 часот во населбата Ѓорче Петров неговото малолетно дете било пресретнато од непознато лице на возраст од околу 60-65 години. Според […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1