25/09/2020 19:05
•
Posted by: MK News
Приведени се 4 лица, а уште 10 други се идентификувани дека се дрвокрадците кои синоќа нападнале полициска патрола во велешко. Во текот на денот МВР врши претреси на повеќе локации за пронаоѓање на сите учесници во инцидентот. Министерот Спасовски очекува брза постапка и од обвинителството и насилниците соодветно да одговараат. Според него нападот врз полицаец […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2020 14:00
•
Posted by: MK News
На 24.09.2020 околу 20 часот на место викано Кисела вода во атар на село Степанци, Велес при преземање на мерки против лица што вршеле бесправна сеча и превоз на дрва, биле нападнати пет полициски службеници, а напаѓачите употребиле и тврди предмети. Еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клинички […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2020 18:32
•
Posted by: MK News
Во Полициската станица Кавадарци вчера 69-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 евра, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. -Според пријавеното, околу 12.00 часот на домашниот телефон му се јавило лицето и го известило дека неговата ќерка во САД направила сообраќајна незгода во која загинало седумгодишно […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2020 15:30
•
Posted by: MK News
Во текот на вчерашниот ден приведен е С.А. (32) од Скопје кој нападна лекар на Клиниката за токсикологија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потврдија од МВР. Инцидентот на Клиниката за токсикологија се случи вчера, е лекарот што бил нападнат завршил со неколку хематоми и расекотини по телото. Осуда за нападот на лекарот, во […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2020 15:21
•
Posted by: MK News
Денеска ( 21.09.2020) од Германија во Република Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21)од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди. За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје. Секторот за меѓународна полициска […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2020 14:33
•
Posted by: MK News
На 13.09.2020 околу 14 часот било пријавено дека машко дете паднало во река Вардар помеѓу Камени мост и мост „Око“. Веднаш е интервенирано од страна на полициски службеници од ПС Центар и Интервентната полиција и деветгодишното дете било извлечено и спасено.
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2020 18:37
•
Posted by: MK News
Против пет лица од Скопје јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на возраст од 32, 36, 27, 34 и 30 години, по претходен договор и заедно, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2020 15:07
•
Posted by: MK News
Укинат 30 дневниот притвор на бизнисменот и советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро. Браќата понудиле гаранција од 850 илјади евра која охридскиот суд ја прифатил. Претходно за да излезат од затворскиот притвор тие понудија 30 илјади евра кои беа одбиени од битолската апелација поради сомневањето дека може да избегаат и да бидат недостапни за […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:37
•
Posted by: MK News
Триесетгодишен жител на Сарај загина денеска откако паднал во канал за лифт во зграда во скопската населба Кисела Вода. Алсат јави дека станува збор за Мујадин Муртезани кој околу 9:30 часот го загубил животот. Засега не е познато како се случила трагедијата.
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:28
•
Posted by: MK News
Неисправност на електричната инсталација е првичната причина поради која утринава во 06:50 избувна пожарот во поранешен објект на Комерцијална банка во која се сместени неколку државни институции, вели првиот човек на противпожарната бригада Владимир Симоновски. Симоновски вели дека пожарот зафатил 6 простории но можно е да се опожарени и други. Тој додава и дека ЕВН […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:25
•
Posted by: MK News
Професор кој беше во затвор поради силување, си го одзел животот, пишува Алсат. Лицето С.М. беше обвинет за обид за силување на малолетно лице на возраст од 8 години. Настанот се случи во почетокот на годинава, а во полиција го пријавила мајката на девојчето.
______________________________________________________________________________________________________
02/09/2020 16:47
•
Posted by: MK News
Битолската апелација го поништи решението на Охридскиот суд за прифаќање на гаранцијата од 30.000 евра на Нефи Усеини и неговиот брат, со што тие остануваат во притвор. Укинато е решението со кое беше прифатена гаранцијата, а предметот е вратен на одлучување во Охрид, информираат од битолскиот Апелациски суд каде обвинителството се жалеше откако судот во […]
______________________________________________________________________________________________________
02/09/2020 16:41
•
Posted by: MK News
На 01.09.2020 во 21.00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(69) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2800 евра. Според пријавеното, околу 09.00 часот му се јавило лицето кое му кажало дека неговата ќерка прегазила дете – мигрант и требало да даде пари за да и помогнат. Според пријавеното, околу 15 […]
______________________________________________________________________________________________________
01/09/2020 15:40
•
Posted by: MK News
Тројца кумановци, повратници на ИСИС подготвувале терористички напад на витални објекти во земјава. Во акција на МВР и АНБ уапсени се и тројцата. При претрес на нивните домови и други локации во Скопје и кумановско, полицијата пронашла поголемо количество на оружје. Во акцијата се запленети се автоматски пушки, пушкомитралез но и големо количество куршуми. При […]
______________________________________________________________________________________________________
29/08/2020 16:32
•
Posted by: MK News
Пронајдено телото на 45-годишниот гостиварчанец во близина на гостиварскотo сeлo Форино. Гостиварчанецот во обид да ја спаси девојката која ја затекнал во водите на р. Вардар, бил повлечен од брзаците на реката. Во потрагата беа вклучени 30 полицајци и негови роднини. Потрагата траела од синоќа.
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2020 15:31
•
Posted by: MK News
Скопското обвинителство до Кривичниот суд Скопје, поднесе обвинение за предметот „Моќник” кој претходно беше во обработен од страна на поранешното СЈО. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица и Обвинителен предлог против 10 лица кои биле инволвирани во продажбата на објект во […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2020 15:29
•
Posted by: MK News
Организаторот на концертот во Хераклеја кој се одржа на 20 август ќе добие кривична пријава, изјави денеска за Сител директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. Тој истакна дека инспекторите биле присутни до самиот крај на концертот, направиле записник и било утврдено дека не се почитуваат мерките. Како што вели Пауновски, Државниот пазарен инспекторат е […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2020 18:14
•
Posted by: MK News
Независниот синдикат на полицијата жестоко реагира откако вчера МВР поднесе кривична пријава против 6 полициски службеници за наводно „малтретирање при вршење на служба“. Според синдикатот, полициските службеници дејствувале откако на еден од нив, на влезот во Кондово му бил вперен пиштол во главата со барање да го предаде оружјето. „ Имено, сакаме да потенцираме дека […]
______________________________________________________________________________________________________