13/12/2016 15:20
•
Posted by: MK News
Вчера во 14.30 часот во ПС Центар, Е.П. (45) од Скопје пријавила дека во периодот од септември 2016 година до 7 овој месец, нејзиниот невенчан сопруг А.К. извршил полов напад врз нивното тригодишно дете. Според пријавителката, половиот напад се случил кога остварувал редовни видувања со детето врз основа на решение издадено од страна на Меѓуопштинскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2016 15:17
•
Posted by: MK News
Вчеравечер во 19.26 часот во ЕИК Скопје, И.Т. пријавил дека во с. Сарај, Скопско, во стан на ул. „20“, ја пронашле почината нивната внука С.А. (24) од Тетово. Таа е пронајдена во станот од страна на нејзиниот дедо, кој насилно ја отворил вратата. Дедото и нејзините браќа изјавиле дека таа била душевно болно лице. По […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2016 14:25
•
Posted by: MK News
Четириесет и едногодишниот Оливер Пановски е тешко повреден во сообраќајната несреќа, која се случила на патот Прњавор-Челинац, во Босна и Херцеговина. До несреќата дошло при судир на два камиони од марката „мерцедес“, од кои едниот бил управуван од Пановски.Несреќата се случила утринава во 8.40 часот кај месноста Дреново. Повредениот македонски државјанин, веднаш бил пренесен во […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2016 15:50
•
Posted by: MK News
Во 6 часот во атарот на селото Богородица, на местото „Ѓубриште“ од страна на патролен тим на АРМ биле забележани две непознати лица кои илегално се движеле од Македонија кон Грција. Како што пренесуваат од полицијата, лицата се дале во бегство на територијата на Македонија, при што фрлиле два ранци. Од страна на полициски службеници […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2016 15:49
•
Posted by: MK News
Тешка кражба се случила во семејна куќа во Скопје. Вчера во периодот од 16.00 до 23.10 часот во куќа сопственост на 58-годишниот М.И. непознати сторители извршиле тешка кражба. Сторителите влегле внатре, извршиле пребарување и одзеле 1.314.750 денари или околу 16.500 евра и 300.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2016 14:58
•
Posted by: MK News
Деветнаесетгодишно момче од село Чашка, синоќа триесет минути по полноќ се качил по скалите од дрвената куќарка, по што испил две ленти таблети „аналгин“, а потоа со жилет се обидел да си ги пресече вените на рацете. На ова му претходела расправија со неговата девојка од Прилеп. МВР информира дека тој е префрлен во прилепската […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2016 12:35
•
Posted by: MK News
СВР Охрид доцна синоќа го приведе и од слобода го лиши Н.Т. (52) од Охрид поради постоење на основи на сомнение дека е сторител на кривичното дело „убиство во обид“. -Н.Т. е приведен по кратко време откако во 23 часот и 45 минути во полициската станица во Охрид беше добиено телефонско известување за случено пукање […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 19:46
•
Posted by: MK News
Шест лица се повредени од кои тројца потешко во сообраќајната несреќа што се случи на регионалниот пат Тетово- Јажинце во близина на селото Лешок. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека сообраќајната несреќа се случила во 16 часот и 10 минути, а во неа учествувале две патнички возила од кои едното „БМВ“ со тетовски […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 18:27
•
Posted by: MK News
М.А. (32) од Тетово бил приведен во полиција на барање на Избирачкиот одбор од избирачко место во основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово денеска во 11.20 часот откако се обидел со мобилен телефон да го фотографира гласачкото ливче, информира полицијата. – По приведувањето, кусото задржување и раговорот во полицијата, на тетовецот со потврда му бил […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 12:41
•
Posted by: MK News
Вчера околу 22.00 часот, на ул. „Васил Ѓоргов“ од засега непознати причини било опожарено патничко моторно возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред зграда. Многу брзо на местото на настанот пристигнала екипа од Бригадата за противпожарна заштита и го изгаснала пожарот. Во пожарот делумно бил опожарен предниот дел на автомобилот. За […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 12:40
•
Posted by: MK News
Вчера околу 01.45 часот во Македонски Брод во угостителски објект влегле лицата Е.П. (21), А.В. (23) и Д.С. (25), сите од Кичево, и почнале да се расправаат со гостите, при што направиле оштетување на неколку маси и столици. Во еден момент Е.П. извадил пиштол непозната марка и го насочувал кон гостите, заканувајќи им се дека […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 12:20
•
Posted by: MK News
Во 02 часот и 30 минути во Скопје во близина на улицата „Кавалска“ се случил вистински хорор за скопјанка. Имено, како што информираат од полицијата, непознат сторител ја нападнал 20-годишната Е.О. од Скопје. Тој и пришол од зад грб и ја удрил со рака во пределот на главата. Кога истата паднала на земја, насилникот и […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 20:16
•
Posted by: MK News
Кој му наредил и под чија команда денеска лице од Струмица се обидувало да влијае врз утрешното гласање? Ова се двете најважни прашања на кои ке треба да одговори претстојната истрага во која засега е опфатено само едно лице. Имено, 52 годишен струмичанец , според сознанијата кои ги добивме од полиција, кружел низ градот со […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 14:48
•
Posted by: MK News
Синоќа околу 22,35 часот од Ургентен центар-Мајка Тереза било пријавено дека кај нив е донесен 18-годишниот С.Д. од Скопје со убодна рана од нож во пределот над срцето. По кажување на неговиот родител настанот се случил во Скопје на ул.„Христо Татарчев“, на автобуска постојка каде оштетениот бил пресретнат од страна на три непознати лица, кои […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 14:44
•
Posted by: MK News
Вечерва прво приведување во врска со изборен криминал. Според последните информации неколку лица од Кочани биле фатени како купуваат лични карти од гласачи за тие да не излезат на гласање во недела. Кај нив биле пронајдени списоци со имиња и суми на пари кои треба да бидат исплатени. Имено, според информациите до кои дојдовме две […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2016 13:00
•
Posted by: MK News
Во пожар кој избувнал изутринава во станбена зграда на улицата „Вера Јоциќ“ број 37 во општина Кисела Вода, почината е 57-годишна жена. Пожарот настанал од уред за греење во подрумски простории на објектот, адаптирани за живеење на едно лице. Како што информира командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Ѕвонко Томески, дојава за […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2016 12:40
•
Posted by: MK News
Утринава околу 6 часот избил пожар во општината Кисела Вода, на улицата „Вера Јоциќ“ во станбена зграда, информира командирот на Противпожарната бригада Ѕвонко Томевски. – Пожарот избил во подрумски простории на објектот адаптирани за живеење на едно лице. Пожарот настанал од уред за греење. Лицето што било во просторииите не успеало да излезе и, за […]
______________________________________________________________________________________________________
09/12/2016 12:39
•
Posted by: MK News
Четири лица се потешко повредени во сообраќајната несреќа што синоќа околу 22 часот се случи во близина на самиот излез од Охрид кон Кичево. Според полициското соопштение, во несреќата се повредени С.А. (18) од Струга, како и С.Т.(39), Р.Т.(35) и уште едно малолетно лице, сите од охридското село Велгошти. Со возило на Службата за итна […]
______________________________________________________________________________________________________