16/07/2014 11:34
•
Posted by: MK News
По долги години пауза, Македонија добива национален авиопревозник. Ваква одлука донесе Владата на синоќешната седница. „Кога Република Македонија има модерни аеродроми, кога минатата година се постигна бројот од милион превезени патници, одлучивме да започнеме процедура пред се да го испитаме интересот на меѓународните светски познати компании да воспостават база во Македонија“, рече во интервју за […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 22:45
•
Posted by: MK News
Министерството за надворешни работи ја потврди информацијата дека Ненад Колев, вработен во МНР се откажал од амбасадорското место во Германија. Тој во септември требаше да биде во Берлин на местото на сегашната амбасадорка Корнелија Утевска-Глигоровска. Агреманот за Колев од Берлин бил добиен уште пред шест месеци. Официјално, оставката е од лични причини, а неофицијално – […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 20:45
•
Posted by: MK News
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во вторникот во партиското седиште во Тетово ја пречека на проштална средба германската амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер. Ахмети на амбасадорката Штајнакер и подари една посебна маица со фотографија на играчот со албанско потекло во германскиот национален тим, Шкодран Мустафи, со гестикулации на двоглавниот орел, слика […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 17:44
•
Posted by: MK News
За скопскиот фраер силниот дожд воопшто не е проблем розата да стигне да неговата сакана. Маестрална фотка на весникот Вечер.
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 15:24
•
Posted by: MK News
Кај основното училиште „Блаже Конески“ беше откорнато дрво, кое падна на улицата од силниот ветер. Во населбата Аеродром се сруши и кров на објект. Голем број на улици се поплавени меѓу која и улицата „Даме Груев“ зад Собранието..Подвозникот на почетокот од Кисела Вода, кој води од населбата Црниче кон Центар, е непрооден од двете страни Од Центарот […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 15:05
•
Posted by: MK News
Државниот просветен инспекторат ја поништи одлуката за отпуштање на тројцата професори од Економскиот факултет во Штип, поради неправилности во критериумите за избор во повисоко звање. Донесена е одлука постапката да се повтори одпочеток. Професорите Крсте Шајновски, Александар Костадиновски и Маргарита Матлиеска, веќе пет дена штрајкуваат со глад, бидејќи иако имале позитивни рецензентски извештаи не биле […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 14:59
•
Posted by: MK News
Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе изнесува 7. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 32 степени. Во Скопје слично […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 14:37
•
Posted by: MK News
ЈП Водовод и канализација-Скопје отпочна со акцијата за поставување на пломби на водомерите. Имено за таа цел беа набавени 60 000 пломби кои ќе бидат поставени на водомерите. Со поставувањето на пломбите ќе биде оневозможена евентуалната манипулација на самите водомери што ќе доведе од една страна до намалување на загубите на вода а од друга […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 14:35
•
Posted by: MK News
Оваа фискална сметка ја испратил читател на Сител кој морал да плати дури 500-тини денари за сепаре за двајца на плажата Свети Наум.
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 14:24
•
Posted by: MK News
Поројниот дожд во Скопје повторно направи поплави во главниот град. Критично место и овој пат беше подвозникот во Кисела Вода. За среќа овој пат имаше само една жртва, комбе се заглави во поплавите Повеќе фото – ЗаСе
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 14:15
•
Posted by: MK News
Вкупно 150 велосипеди се уништени и истите веќе не се во употреба, а девет се украдени од 2010 година, кога почна со реализација проектот „Изнајми велосипед“, до јуни 2014, информира Град Скопје. Од почетокот на новата сезона за изнајмување велосипеди, пак, за само три месеци се уништени шест велосипеди на ЈП „Градски паркинг“. „Екипите на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 13:46
•
Posted by: MK News
Пороен дожд и ветер во моментов има во Скопје. Невремето почна во Кисела Вода и Аеродром, а „истура“ и во Центар и во другите делови на главниот град. Во попладневните часови не очекува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 11:27
•
Posted by: MK News
Издавачите на апартмани од Охрид реагираат до угостителите во македонскоит туристички бисер да ги коригираат цените на своите услуги бидејќи на туристичката сезона и се заканува фијаско. Ви го пренесуваме писмото кое до Прес24 го испрати читател Сашо од Охрид, , заедно со фотографиите кои самиот ги напарвил „Од Охрид сум и се занивамам со […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Постапката за утврдување на способноста на кандидатите кои испратиле пријава за учество во тендерот за гасификација на Скопскиот регион е се уште во тек, изјави за МИА портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев Според него, поради принципот на доверливост не може да се соопштуваат детали додека не заврши постапката. – Согласно принципот на доверливост, додека таа […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Во текот на овој период целосно се реновираат повеќе објекти, како и вц-ињата во авто-кампот Отешево кој нуди одлична прилика за одмор по најниски цени и висок квалитет. Туристите се враќаат во ова прекрасно место во Преспа, Отешево повторно живее. Автокампот е лоциран на западната страна на брегот на Преспанското Езеро, во увалата на подножјето на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Цените на парното греење од 1 август ќе се намалат и се проценкува дека поевтинувањето не треба да биде помало од 10 отсто. Во Регулаторната комисија за енергетика компаниите што се занимаваат со производство, снабдување и со дистрибуција на топлинска енергија веќе доставија барања за одобрување регулиран приход и таму велат дека ги прават пресметките, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Понеделник 28 јули е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Имено 28 јули нема да се работи поради првиот ден од празникот Рамазан Бајран кој го прославуваат муслиманските верници. Ова се останатите неработни денови до крајот на годината За сите граѓани на РМ • 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 16:31
•
Posted by: MK News
Бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се намалува за 2 ден/литар и ќе изнесува 81 ден/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денари и ќе се продава по цена од 83 ден/литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ и […]
______________________________________________________________________________________________________