02/06/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Нов ресторан кој го носи името Охрид синоќа се отвори во австралискиот град Мелбурн. Ресторанот не само што е крстен по името на балканскиот Ерусалим туку и целосно е уреден во охридски стил. Изградени се реплики на куќички со охридска архитектура, во состав на ресотранот е направена и црква Свет Петка. Единствено панорамата на Свети […]
______________________________________________________________________________________________________
02/06/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Шести јуни, денот пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Денот е неработен согласно со Законот за празниците на Република Македонија. Ова се сите неработни денови до крајот на годината: • 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам • 02 август (сабота), […]
______________________________________________________________________________________________________
02/06/2014 08:50
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува слаб доумерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 26 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температурата до 24 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 6.
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2014 17:31
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи се шири фотографија од прашање од екстерното тестирање по македонски јазик со кое на учениците им се проверува знаењето. Прашањето гласи: Како ќе дознаеме дека Перо сака да ја повлече Мира за панделката? ЗаСе.мк
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Во 2012 г. докторирал на Правно-историскиот факултет „Неофит Рилски“ во Бугарија и се стекнал со титулата доктор по правни науки. Со новостекнатата титула Пецов се надевал дека конечно ќе му се отворат вратите на професионалниот развој, пишува Нова Македонија. Четириесет и петгодишниот Орце Пецов од Неготино пред две години се стекнал со највисоката научна титула […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Десетици домашни миленици се отруени во синоќешната хајка што против домашни животни се случи во центарот на Велес. Од труењето со опасен отров во моментов за живот се борат неколку домашни миленици на велешани кои живеат во централното градско подрачје. Активисти на граѓанското здружение „Гласот на животните“ цел ден се справуваат со последиците што ги […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Градски паркинг Скопје од денеска ќе работи од 7 до 23 часот, согласно летното сметање на работното време. Новото работно време ќе важи од понеделник до сабота, во зоните А, Б, Ц и Д, соопшти ЈП „Градски паркинг“ Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Со пикник, забава, планинарска и велосипедска трка Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ќе го прослави третиот роденден на жичницата „Милениумски крст“. Главниот настан е организиран на врвот на Водно и во тој контекст е именуван како „Прв до врв“. Учество може да земат сите заинтересирани граѓани од 7 до 77 години.Појдовната точка на масовната планинарската […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2014 12:15
•
Posted by: MK News
Банките нема да смеат да ја одземаат целата плата, пензија или социјална помош кога присилно наплаќаат долгови за данок за Управата за јавни приходи, Градот Скопје или општините, предвидува иницијативата за законски измени што народниот правобранител ја доставил до Владата. Според правобранителот, со решенија за присилна наплата на данок од трансакциска сметка, овие институции им […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2014 10:15
•
Posted by: MK News
По ракот на белите дробови и на желудникот, на трето место според зачестеноста е ракот на црниот дроб. Ризик-факторите за појава на овој вид рак се староста – лицата над 40 години почесто заболуваат, а мажите дури двапати повеќе од жените страдаат од цироза, која заедно со хроничните инфекции на црниот дроб, хепатитис Б и […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Киднапирањето на 12 годишното дете во скопски Чаир било само детска лага,информираше Канал 5. Телевизијата информираше дека детето најпрво им украло пари на родителите и заминало кај роднини,но откако медиумите ја проширило веста,тоа на родителите им признало и им ги кажало причините поради што ,заедно со братчето се одлучиле да го направат тоа. Со детето […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Скопската котлина изобилува со подземни води. Буквално, градот лежи на вода. Тоа, пред сé, го прави неговата местоположба, околните планини и реките Вардар, Треска и Лепенец. Податоците од УХРМ велат дека градот нема да има криза за вода за пиење, барем во наредниве години, па и децении, бидејќи подземните води се присутни во голем дел […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Иако експертите неколку пати навестија дека нема потенцијал за евентуална сеизмична активнот во Косел, сепак екипи од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, решија дека нема да е на одмет чисто первентивно да се инсталираат сеизмометри кои што ќе ја следат состојбата со сулфатарата во […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2014 21:22
•
Posted by: MK News
Kиднапираното момче вечерва беше ослободено, објави Канал 5.Според информациите, момчето било оставено кај новата џамија во Чаир, по што побарало мобилен телефон за да се јави кај семејството. Претходно, полицијата ја блокираше улицата „Цветан Димов“ во близина на трговскиот центар Чаирчанка кај Јаја Паша џамијата по информацијата дека било киднапирано 12 – годишно момче. Според првичните информации, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2014 14:00
•
Posted by: MK News
Во нашата земја има навистина убави, но и интересни имиња. Некои од нив се традиционални и се повторуваат постојано, а некои се нови и модерни. Деновиве на социјалните мрежи излегоа најсмешните имиња регистрирани во Заводот за статистика. Дали некој навистина вака би си ги крстил децата, останува отворено прашање. Погледнете ја листата: 1. Карфиолка 2. […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2014 13:49
•
Posted by: MK News
„Пукаме на Велики четврток за да ви биде крвав Велигден. За да ви ја уништиме верата. Пукаме во машки млади луѓе за да ви ја уништиме нацијата. Пукаме во иднината на државата“ – ова во својот завршен збор на денешното судење за случајот Монструм го кажа обивнителката Гешковска според неа тоа е пораката што убијците […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2014 12:30
•
Posted by: MK News
Студија во САД покажала дека 12 милиони луѓе таму добиваат погрешни дијагнози, а кај половина од нив тоа може да има и последици. Во Македонија нема ниту статистика ниту истражување колку погрешни дијагнози се поставуваат годишно. Во алките на здравствениот систем кај нас никој не негира дека лекари донесуваат погрешни заклучоци, а повеќето имаат свои […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Од први јули поскапуваат цигарите. Зголемувањето на цените ќе биде во просек за околу 4 денари. Ова е резултат на новите регулативи за акциза на цигарите. Односно од јули, се зголемува акцизата за цигарите за 0,15 денари за цигара. При тоа, планирано е во сите следни години, во јули цигарите постојано да поскапуваат како резулат […]
______________________________________________________________________________________________________