19/05/2014 09:05
•
Posted by: MK News
Дел од корисниците од улиците „Кукушка“, „Димитрије Туцовиќ“, „Благој Страчков“, „Крсто Бајиќ“, „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „Аминта Трети“ во општина Центар, во понеделник од 8 до 10 часот ќе бидат без струја. Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Кондово, општина Сарај, а од 9 до 15 часот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2014 19:45
•
Posted by: MK News
Македонија се обедини во помошта за Србија и за Босна и Херцеговина. Од вчера до денеска напладне на телефонот 143 400 од сите мобилни оператори се собрани над 2,2 милиони денари или речиси 40.000 евра, повеќе од пола од сумата што на Србија и ја нуди Европската унија. Телефоните се и натаму отворени, а со […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2014 17:30
•
Posted by: MK News
Донации за настраданите од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина започнаа да собираат македонските граѓани. Дел од нив со сопствени автомобили преполни со храна и вода се упатуваат кон Врање. Во текот на вчерашниот ден, за само неколку часови, од донациите на телефонскиот број 143 400 собрани беа околу 24.000 евра. На социјалните мрежи […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2014 17:17
•
Posted by: Александра Смилеска
На социјалните мрежи, голем број Хрвати кои живеат во Македонија се разочарани затоа што средства и пари се собираат само за поплавените подрачја во Србија и во Босна, а Хрватска никој не ја споменал. Сепак во моментот кога акцијата се најави најзагрозени беа Србија и Босна а Хрватска немаше побарано помош. Хуманите македонци донираат за […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2014 14:20
•
Posted by: Александра Смилеска
На неколку пунктови низ Македонија денеска од 12 часот се собираше храна, облека, вода, градежна опрема, со други зборови кој колку има. До сега тргнаа неколку комбиња за да однесат дел од собраната помош кон Србија, а останатите ќе тргнат во текот на наредните часови. Сепак, додека луѓето несебично донираа кој колку има, на плоштадот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2014 11:55
•
Posted by: MK News
Со почеток во 15:30 часот, денеска во живо на Канал 5 телевизија ќе се одржи огромна хуманитарна акција за помош на нашите соседи кои се соочуваат со катастрофалните поплави. Канал 5 организира отворено студио, каде ќе можат сите граѓани да доенесат неопходни основни работи со кои ќе им се даде барем малку надеж и помош […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2014 11:40
•
Posted by: MK News
Во 12 часот, група граѓани на плоштадот Македонија во Скопје организира хуманитарно собирање за настраданите од катастрофалните поплави во Србија и БИХ. Еве што треба да донирате: Организаторите ги повикуваат хуманите граѓани на Р. Македонија кои се во можност да донираат било што: облека, куќни апарати, постелнина и слични потребни работи за секојдневен живот. Донација […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2014 09:30
•
Posted by: MK News
во 10.00 часот во касарна Илинден со хеликоптер за Србија ќе замине една чета од Единицата за специјални задачи “Тигар” обучена за спасување и помош во кризни ситуации. Македонија денеска и понуди на Србија транспортен хеликоптер МИ-17 опремен со екипаж со специјални единици кои го опслужуваат за да се помогне во насока на справување со […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со слаб ветер од променлив правец. Попладне локално е можен краткротраен пороен дожд со ретки грмежи, особено во западните планински премини. Температурата ќе се движи од 15 до 25 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 23 степени.
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2014 22:07
•
Posted by: MK News
Под овој наслов српските медиуми се заблагодаруваат за помошта која доаѓа од Македонија. Освен војската и помошта од Владата во Србија се и доброволци од цела Македонија кои самите заминале и се пријавиле да помогнат. BRAĆA MAKEDONCI: Tu su, da pomognu sada kada nam je najteže! (FOTO) Pomoć stigla i dalje stiže: Hvala Crnoj Gori, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2014 21:23
•
Posted by: MK News
НЕ БЕВ НА КАФЕ, ДОНИРАВ. 143 400 ( од сите мобилни оператори ) донации за Србија и Босна! Јавете се! Утре на плоштад акција за прибирање помош во облека, лекови, бебешка храна…. https://mkd-news.com/utre-na-ploshtadot-ke-se-sobira-humanitarna-pomosh-za-sosedite/ Амбасадата на Република Србија во Скопје објави дека српската Влада отвори динарски и девизни жиро-сметки на кои граѓаните од целиот свет можат […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2014 19:42
•
Posted by: MK News
По 80 мегавати електрична енергија на секој час ќе испорачува од Македонија во соседна Србија, соопшти директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски. – Анализирајќи ги потенцијалните опасности како за нашиот систем така и за системот во целиот енергетски блок каде што припаѓа и Република Македонија, како и да се излезе во пресрет и да се помогне […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2014 16:45
•
Posted by: MK News
Врз основа на одлуката на Владата на Република Македонија, денес Армијата на Република Македонија испрати помош во подрачјата погодени со поплавите во Република Србија и Босна и Херцеговина. Во Република Србија денес АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема наменети за помош во вакви прилики. Кон Босна и Херцеговина од АРМ се испратени […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2014 16:40
•
Posted by: MK News
Ова се пунктовите за кои засега е сигурно дека утре (недела) ќе бидат поставени во повеќе општини во земјава: Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин дом, до малата црква Плоштад Македонија – 12 часот Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката) Велес […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2014 15:30
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика го слушна апелот за помош на тетовецот Бране Глигориевски. Откако пред неколку недели недели починала мајка му, тој останал без никакви примања, бидејќи живееле само со нејзината пензија. Бране, кој живее во субстандардни услови, побара помош и работа, а министерот Диме Спасов изнајде начин како да му помогне. -Изминатиов […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2014 13:15
•
Posted by: MK News
Вчера околу 12:30 часот во прилепската стара чаршија од бутикот “Лејди Баг” се украдени денари во противредност од околу 1.700 евра, кои сопственичката на бутикот ги понела од дома, со цел да ги конвертира во евра, за со нив да замине во странство во набавка на роба, објави порталот revolucioner.mk. Безбедносните камери кои што се […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2014 12:45
•
Posted by: MK News
Во недела во 12 часот, група граѓани на плоштадот Македонија во Скопје организира хуманитарно собирање на облека и постелнина, вода, млеко во прав, пелени, и по тој повод ги замолуваат сите оние кои се во можност да дојдат и да помогнат колку можат. Македонските граѓани можат да се вклучат во донација за поплавените во БиХ […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2014 12:30
•
Posted by: MK News
На патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), на 11-тиот километар, има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без застои, по наместа […]
______________________________________________________________________________________________________