18/03/2020 14:40
•
Posted by: MK News
Мораме да имаме заштита за сите граѓани преку постоење карантин за оние кои се враќаат во државата. Мораше да се најде изолиран простор во кој ќе се направат првите епидемиолошки контроли на овие лица и врз основа на тоа да видиме каква е нивната здравствена состојба, истакна премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања во […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2020 14:36
•
Posted by: MK News
Сите „бегалци“ се откриени од МВР и против нив се поднесени кривични пријави. Кумановската полицијата ќе поднесе соодветен поднесок против две лица кои вчера не биле дома, иако им била изречена мерка медицински надзор и домашна изолација, информираа денеска од СВР Куманово. -Вчера при вршење на контролите две лица на кои им е изречена мерка […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2020 13:35
•
Posted by: MK News
Владата со сет мерки ќе ги намалува штетите кои врз бизнисот ги предизвикува актуелната состојба со ширењето на коронавирусот. Вицепремиерката Мила Царовска, министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка, Анета Бежовска ги соопштија одлуките со кои треба и’ се помогне на економијата со што помали загуби да го преброди овој период.
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2020 13:32
•
Posted by: MK News
Секој граѓанин кој ќе реши да излезе од државата, ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да може да се врати назад. Ова е заклучок донесен на денешната владина седница што го соопшти премиерот Оливер Спасовски. Тој апелираше до граѓаните во овој момент да ги одложат патувањата и да не му пркосат на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2020 13:29
•
Posted by: MK News
Лицата кои од синоќа се сместени во касарната „Пепелиште“ во Криволак во текот на денешниот ден ќе бидат преместени на нова локација, информираше Министерството за одбрана. Од министерството велат касарната е само привремен простор каде се вршат епидемиолошките прегледи. Откако утрово ќе бидат завршени прегледите на лицата сместени таму истите ќе бидат префрлени во реновираниот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2020 13:08
•
Posted by: MK News
Сите граѓани, компании, институции, секој поединец, максимално сериозно и без никакви отстапки да ги следи насоките и препораките. Коронавирусот не е шега. Единствениот начин да се заштитиме е секој еден, без исклучок, да се однесува одговорно. Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 23:18
•
Posted by: MK News
Лица кои патувале во Австрија и се вратија во нашата држава, не сакаат да останат во групниот карантин на Криволак. Тие велат дека таму нема никакви услови, се жалат на хигиената и велат дека од здрави ќе се испоразболат, објавува skopje1.mk Еден од нив коментира на видеото дека неможат ниту да се истушираат бидејќи нема […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 20:57
•
Posted by: MK News
Фејсбук статус на д-р Драган Даниловски, професор по епидеомиологија, биостатистика и медицинска информатика на УКИМ: Црвената стрелка ја покажува точката на експоненцијалната крива на растот на бројот на болни, на која (се разбира грубо) се наоѓаме во овој момент (последниве 2-3 дена). И за лаик е видливо дека од врвот на кривата не` делат околу […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 19:55
•
Posted by: MK News
Основниот суд Кавадарци попладнето по итна постапка донесе пресуда, со која лицето од Дебриште- Росоман, кое беше обвинето за непочитување на превентивните мерки за ширење на корона вирусот, е казнето со 50 дневни глоби или, судот му изрече казна во висина од 2500 евра, пишува КТВ Телевизија. Ваквата пресуда е донесена по итна постапка, со […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 19:50
•
Posted by: MK News
Патници што дошле со авион од Брисел мора да останат „заробени“ на аеродромот додека не се добијат резултатите од тестирањето на корона вирус на неколку од нив кои покажале симптоми на грип. Ова го соопшти вечерва на прес конференција министерот Венко Филипче кој се огради дека можеби станува збор за обичен грип но состојбата на […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 19:45
•
Posted by: MK News
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска објави видео од касарната Пепелиште на Криволак, каде ќе биде првиот прифатен пункт за изолација на граѓаните кои се враќаат од држави со висок ризик. – На Криволак, во касарната Пепелиште, каде ќе биде првиот прифатен пункт за нашите граѓани кои се враќаат од држави со висок ризик, во […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 19:23
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти нови информации за 31 лице заболени од коронавирусот. „Денеска имаме дијагностицирани пет нови случаи, а четири се здравствени работници во Дебар. Бројката е 31 заболен. Од петте новозаболени, освен четирите здравствени работници во Дебар, позитивен е тектот и на сопругата на заболениот чиј тест го ретесиравме, а се тестирал […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 19:15
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во 19:00 часот, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата на Република Северна Македонија.
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 19:14
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, 5 се позитивни на вирусот. Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31. За вечерва, Министерството […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 17:51
•
Posted by: MK News
Персоналот на амбулантата во Дебар ќе биде под двонеделен карантин, бидејќи бил позитивен на коронавирусот Covid-19. Ова во вторникот по жпладнето преку социјалните мрежи го објави лекарот Арбен Аголи, но од амбулантата во Дебар. Засега нема официјална потврда на оваа информација, во очекување на редовната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче вечерва во Владата.
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 17:04
•
Posted by: MK News
Едногласна беше одлуката на лидерите на политичките партии дека здравјето и безбедноста на граѓаните се пред се и оти е неопходно да се одложат претстојните параламментарни избори што беа закажани за 12 април. Тоа го изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, останува да се најде правен начин како тие да се одложат […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 15:34
•
Posted by: MK News
Состојбата на сите пациенти е стабилна, непроменета. стабилна е и состојбата на пaциентката на респираторна машина – изјави на денешниот прес министерот за здравство Венко Филипче. – До денеска до 12 часот има вкупно 26 заболени пациенти. Утрово се тестирани десет. позитивни се и тестовите на тројцата кои вчера се тестирале во Жан Митрев и […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2020 15:14
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека во земјава би можело да се очекува зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во земјава, нагласувајќи дека бројот на заболени би можело да достигне до 2.000 лица. Како што рече тој, пикот би можело да се очекува за околу еден месец. Секоја епидемија […]
______________________________________________________________________________________________________