23/03/2020 14:11
•
Posted by: MK News
Мицкоски: Кратењето на плати требаше да почне од високите функционери, а не од работниците, бараме Заев да ја повлече мерката, и да ги прифати нашите предлози за помош на бизнисот. На стопанството му е потребна вистинска финансиска инекција и здрави чекори кои ќе доведат до поддршка која ќе гарантира опстојување на компаниите и заштита на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/03/2020 13:38
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 21:26
•
Posted by: MK News
Американските федерални власти размислуваат да доделат по 3.000 долари на секое четиричлено семејство, и неповратни заеми за малиот бизнис во тек на две недели како мерки за поддршка на економијата во екот на епидемија на коронавирусот во САД. Ова денеска за телевизијата „Фокс Њуз“ го изјави Стивен Мнучин, министер за финансии. -Парите на семејствата ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 20:02
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство, Венко Филипче во 20:00 часот ќе ја одржи втората прес-конференција во текот на денешниот ден.
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 15:23
•
Posted by: MK News
Жена на 57 години од Куманово е прв смртен случај од коронавирус, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Навремено боле земени брисеви, и резултатите два пати биле негативни. И покрај негативните резулатите, таа била третирана во изолација минатата недела во Куманово. Брис и е земен синоќа после смртта и тестот бил позитивен. Брисот е земен […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 15:16
•
Posted by: MK News
Посмртно кај жена од Куманово, земени се брисеви, и констатирано дека имала корона вирус. Жената на возраст од 57 години, била во болница, но постојано и се влошувала состојбата. Нејзиниот син исто така е заболен од корона вирус. Во изминатите 24 часа, регистрирани се нови 29 нови случаи, со тоа денеска до 12 часот, бројот […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 15:03
•
Posted by: MK News
обраќање на министерот за здравство Венко Филипче за бројките и новата состојба со заразени од коронавирус во земјава.
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 14:33
•
Posted by: MK News
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави сет времени мерки, кои ќе бидат спроведени во наредните неколку месеци дури трае вонредната состојба поради епидемијата предизвикана од коронавирусот. Тој кажа дека во наредните два месеца се кратат платите на јавната администрација, Владата ќе обезбеди помош за медиумите, спортските работници, уметниците… • Претседавачи на совет, советници, претседатели и […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 14:30
•
Posted by: MK News
Платите на функционерите ќе бидат сведени на минимум, соопшти денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој објави пакет економски мерки, кои треба да бидат доставени до Владата. Сите функционери на државно и локално ниво премиер вицепремиер, раководители, судии, обвинители ќе зeмаат минимална плата од 14. 500 денари за април и мај. Истото важи и за […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 14:00
•
Posted by: MK News
Од денеска стапува во сила забраната за движење на граѓаните во ноќните часови. Се воведува полициски час што ќе трае од 21 до 06 часот секој ден. Целта на оваа ригорозна мерка, воспоставена прв пат во историјата на земјава со одлука на Владата, е максимална заштита на граѓаните од коноронавирусот. Со полицискиот час нема да […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 13:52
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија на синоќешната 25 седница донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес, соопшти владината прес-служба. Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, и заради тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 13:49
•
Posted by: MK News
До 18 часот денеска сите македонски граѓани заглавени во меѓугранични простори или на аеродроми да се пријават во најблиското конузларно претствништво. Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт ќе организираат хуманитарни летови и конвои за да можат да ги вратат назад. Како што соопшти вчера министерот за надворешни работи Никола Димиров, такви се околку […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 13:46
•
Posted by: MK News
Почитувани граѓани, Драги пријатели, Ова отворено писмо го пишувам во предвечерието на денот кога црниот биланс со заразени со вирусот Корона е најголем од почетокот на оваа Пандемија во Македонија. Тежок ден за луѓето кои се во првата линија на борба против вирусот, но искрено верувам и тежок за секој еден човек кој треперливо ги […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 13:43
•
Posted by: MK News
Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1). Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1). На Клиниката за […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 13:40
•
Posted by: MK News
Под влијание на влажна и студена воздушна маса, денес кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират и ќе преминуваат во снег, во северните делови насекаде, додека во останатите подрачја во пониските места се уште ќе бидат претежно од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 10:32
•
Posted by: MK News
Владата им препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од сабота, на 28 март, што значи неколку дена пред вообичаениот старт на почетокот на месецот што го практикуваа повеќето банки. Оваа препорака беше донесена на синоќешната владина седница, на која беше усвоена информација за исплата на пензии за март 2020 година на предлог […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 10:15
•
Posted by: MK News
По само три дена од кампањата „Скопје дома“, поради низата лоши коментари, Град Скопје реши да ја укине паричната наградата од 100 евра која требаше да ја доделува секој ден за една најкреативна фотографија направена дома. Инаку, ваквата одлука од градските власти се поклопува и со денешното доделување кое предизвика многу негативни реакции на социјалните […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 10:00
•
Posted by: MK News
Јавен повик за изразување интерес за хотелите во државата кои имаат над 50 легла, за потребите на формирање државни карантини за справување со коронавирусот Почитувани, Јавен повик за изразување интерес за хотелите во државата кои имаат над 50 легла, за потребите на формирање државни карантини за справување со коронавирусот Владата на Република Северна Македонија објавува […]
______________________________________________________________________________________________________