Archive | Македонија RSS feed for this section

Македонци сакале да шверцуваат дрога во Турција – уапсени се заедно со други 11 лица

Турската полиција приведе 11 лица, поради сомнение за трговија со дрога и заплени 346 килограми хероин во операција, извршена истовремено во окрузите Истанбул и Хакари. Операцијата била спроведена во соработка со турската разузнавачка служба МИТ. Во акцијата во истанбулското предградие Силиври и во градот Јоксекова во округот Хакари се приведени вкупно 11 лица, меѓу кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонско знаме направено од ученици во Прилеп

Одбележувањето на националниот празникот „11 Октомври“ вчера во Прилеп почна со парада на учениците од основните и од средните училишта. Тие облечени во жолта и црвена боја ги составија краците на македонското знаме и го брануваа, преку научени координативни движења. Составувањето на македонското знаме го следеа и голем број на граѓани кои со аплауз ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Поскапеа цигарите на прилепскиот Тутунски комбинат

Цигарите на прилепскиот Тутунски комбинат се продаваат по повисоки цени. Цигарите на Тутнскиот комбинат-Прилеп се со нова цена, повисока за 5 денари. Во малопродажба тврдото пакување Бренд се продава за 50 денари, а 19-ка за 40 денари. Претходно зголемени беа цените на мекото пакување на цигарите Ориентал и Бренд и Рондо кратко. Според овие измени, […]

______________________________________________________________________________________________________

72 години од почетокот на антифашистичкото востание – Македонија празнува

Република Македонија утре одбележува 72 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. На 11. октомври 1941, борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на […]

______________________________________________________________________________________________________

15 октомври – неработен за граѓаните од муслиманската вероисповед

Првиот ден од Курбан Бајрам, 15-ти октомври, е  неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во земјава, информираше Министерството за труд и социјална политика. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се лечиме поевтино – 700 лекови ке поевтинат

Од 15 октомври ќе има ново намалување на цените на околу 700 лекови, најави синоќа од Струга и од Охрид министерот за здравство, Никола Тодоров. – Намалувањето на ДДВ-то на лекови, беше прво посериозно намалување во Македонија, потоа донесовме нова методологија за утврдување на цените на лековите и како резултат на таа методологија досега има […]

______________________________________________________________________________________________________

На БЕГ не му чуе – Скопјани се уште со ладни радијатори

Над 45.000 корисници на топлинска енергија од скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром и Општина Гази Баба кои ги користат услугите на компанијата Балкан енерџи груп (БЕГ), се уште се со ладни радијатори. Од компанијата велат дека технички се подготвени за старт на грејната сезона, но се чека официјално менаџерскиот тим […]

______________________________________________________________________________________________________

Општина Струга ги симнува македонските знамиња

Комуналните инспектори во Струга им забраниле на граѓаните да поставуваат македонски знамиња на јавни места. На оние јарболи на кои успеале да постават македонска застава, непознати лица веднаш ставале и албански – пренесува Први.мк. Невладината организација „Каприкорн“ од Струга вчера ги повика Македонците во пресрет на празникот ,,11 Октомври,, сами да постават македонски знамиња, бидејќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Колку вистинско месо има во саламите – во Македонија поим немаме – дури догодина ќе се анализира

Салами, шунки, паризери, чајни колбаси, мортадели, кулени и конзервирани производи што ги купуваме од маркетите се редовен дел од трпезата на речиси секое македонско семејство. Но дали и колку месо има во овие месни производи, продукти од месо или колбаси? Одговор на ова прашање може да се добие ако се прочита декларацијата на увезените преработки […]

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните може да тужат ако Центар им наплаќа на необележан паркинг

Граѓаните можат да тужат доколку општина Центар им наплаќа на паркинзите чија сигнализација екипите на град Скопје ја отстранија пред неколку дена, јавува Дневник. Општина Центар пред 2 дена на седница на општинскиот Совет усвои одлука со која општинското претпијатие Паркинзи ќе може да стопанисува и покрај тоа што нема согласност од МВР и Град […]

______________________________________________________________________________________________________

Жерновски на Фејсбук: Уапсете и други наши советници- и ќе имате мнозинство (Фото)

„Можете да ги уапсите и другите наши советници. Така ќе бидете на добар пат да имате мнозинство во Советот на општина Центар и да ја фалсификувате вољата на граѓаните“, напиша на фејсбук, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Тешко е поверува дека во распишувањето меѓународна потерница за Шиповиќ нема намерна и смислена тенденција. Затоа и […]

______________________________________________________________________________________________________

Претседателот Иванов ја запросил сопругата со калинка

Претседателот ја побарал сопругата ја калинката како симбол на сплотеност Претседателот Ѓорѓе Иванов ја запросил својата сопруга Маја со калинка, пишува утрешен „Вест“ – Калинката ми асоцира на понуда на брак. Мојот сопруг ми предложи брак со калинка и со зборовите: ‘Како што се сплотени зрната во калинката така да бидеме сплотени и ние цел […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Прва македонска видео игра – “Освојувањата на Александар Македонски“

“Освојувањата на Александар Македонски“ е првата македонска авторска видео игра која наскоро ќе заземе место во колекциите на страсните играчи. За престижното место на прв македонски компјутерски јунак,Александар ги победи Крали Марко и Итар Пејо,а креаторите велат дека играта освен забавен има и едукативен карактер. Играта ќе биде претставена на претстојниот тридневен фестивал “Скопје Креатива“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Некој ги труе животните на планината „Кожуф” – најдени умрени животни на неколку локации

Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска денеска информира дека е примена пријава од шумското стопанство „Бор” во која било наведено дека кај меснота викана „Трибор” има појава на труење на животни, најверојатно со поставување мамки од затруено месо. – Од затруените животни можат да се затрујат и други животни и птици во синџирот на исхрана […]

______________________________________________________________________________________________________

Се уште се апси во акцијата на МВР за случајот „Машинопромет“ (Видео)

Се уште е во тек е акцијата на МВР, во која се приведуваат повеќе лица осомничени за кривичните дела „злупотреба на службената положба и овластување“ и „помагање“ за истото дело во случајот „Машинопромет“, изјави помошникот министер за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски. За полицијата е се уште недостапен првоосомничениот Мирослав Шиповиќ, претседател на […]

______________________________________________________________________________________________________

Повик до стружани – сами да постават македонски знамиња на балконите – „Каприкорн“ дели знамиња

Во пресрет на Националниот празник 11. Октомври, невладината организација „Каприкорн“ од Струга ги повикува стружани самоиницијативно да постават македонски знамиња на балконите од своите станови и куќи или пак да се обратат до нив како невладина организација за да добијат македонско знаме доколку немаат. Со иницијативата, како што велат, сакаале да му покажат црвен картон на […]

______________________________________________________________________________________________________

И во Македонија ќе се прави трансплантација на црн дроб од донатор – познат хирург доаѓа

За две недели во Скопје ќе пристигне проф. д-р Оливер Боилор – врвниот хирург за трансплантација на црн дроб од Центарот за трансплантација во Лион. Улогата на проф. д-р Оливер Боилор во Македонија ќе биде во насока на започнување и развој на трансплантацијата на црн дроб од жив дарител во соодветните јавни здравствени установи, увид […]

______________________________________________________________________________________________________

Восочни фигури на Александар, Филип, Олимпија во Археолошкиот музеј

Вкупно 15 фигури од восок кои претставуваат историски личности од минатото ќе бидат дел од хронолошката поставка на новиот Археолошки музеј. Дел од восочните фигури веќе се донесени, сместени во депото на музејот и чекаат да бидат поставени. Меѓу историските личности се и Александар Македонски, Филим II и мајката на војсководецот, Олимпија пишува Плус Инфо. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1