15/09/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Десетици граѓани дојдоа на пунктот во центарот на Скопје каде се доделуваат бесплатните билети за влез на манифестацијата „Појадок на мост“ која ќе се одржи на 22 септември. За разлика од претходно, годинава појадокот ќе се организира на две локации и тоа на „Камениот мост“ и на мостот „Око“. Неопходно е граѓаните да подигнат билет, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 21:18
•
Posted by: MK News
Македонија е обвинета за обид да наметне шема за менување гласови со други земји, за нејзината евровизиска песна да добие повисок пласман, пишува „Дејли мејл“. Организаторите на Евровизија ги истражуваат тврдењата дека неколку земји, меѓу кои и Македонија, купувале гласови од други земји во годинешното финале што се одржа во Малме, Шведска. Азербејџан е обвинет дека […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 21:15
•
Posted by: MK News
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 15:15
•
Posted by: MK News
Над 100 илјади туристи престојувале во Македонија во јули годинава, од кои повеќе од половина се домашни туристи. Од странските најприсутни биле Турците, Србите и Холанѓаните. Меѓу побројните се и туристите од Полска, Бугарија и Грција. Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи во јули е зголемен за 10,3 проценти, а за […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 14:56
•
Posted by: MK News
Суеверните луѓе веруваат дека петок 13-ти е несреќен ден. За сопственикот на ова комбе, вчерашниот петок 13-ти бил навистина баксузен. Фото: Д. Митрески за Вечер
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 12:45
•
Posted by: MK News
На влезот во Градски трговски центар, во центарот на Скопје, скопјани ги вознемирува сликата на една мајка, која во рацете држи бебе, кое одвај има десетина дена. Мајката ги моли минувачите да ~ помогнат со пари оти немала ни за леб. Додека од небото се истураа дождови, оваа уплашена жена и вчера одбиваше да зборува […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 12:15
•
Posted by: MK News
Косовскиот премиер Хашим Тачи зборуваше за позицијата на Албанците надвор од Албанија и од Косово. Тој им честиташе на албанските политичари од Прешевската долина за започнатиот дијалог со Белград и ги повика лидерите на Албанците во Македонија да работат повеќе за нивните права, јавува Алсат. Според Тачи, 3% од Србите во Косово уживаат повеќе права […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот со името наметнат од Грција, им донира пари на американски конгресмени и сенатори што се директни поддржувачи на грчката страна во овој спор. Медијаторот треба да биде некаков посредник, неутралец што треба да се обиде да најде компромис. Неговите донации – не го покажуваат тоа. Очигледно е дека […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Струга Зијадин Села да се справи со објектите на Дилавер Бојку-Леку, лоцирани на струшката плажа, познати како „Аква скај“, откако неговиот син завчера од МВР заработи кривична пријава поради незаконска изградба на ресторан и 13 бетонски бунгалови, како и за узурпација на недвижности и за бесправна градба, пишува Дневник. Уривањето на бесправно изградените […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар реагираат на набвките кои градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски ги распишал. Вчера советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, на прес-конференција обвини дека градоначалникот распишува оглас за набавка на машини за смукање и метење со дури 30 спецификации, што говори дека изборот веќе е однапред направен штом толку детално се знае […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Жителите на Општина Центар кои досега чуваа домашни животни, живина или пчели по дворовите, треба да се простат од нив или да ги преместат на териториите на други општини, затоа што Центар со одлука на Советот завчера забрани да се чува каков било вид крупна или ситна стока во нејзините граници. Затегнати се и правилата […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Адвокатот на Кирил Поп Христов – Кили вели дека здравствената состојба на актерот се влошува. Тој, пренесува весникот „Вест“, поднел барање со ознака „итно“ за замена на решението за притвор со мерка домашен притвор. Адвокатот Владимир Данаилов до истражниот судија приложил медицинска документација, со која се докажува дека лошата здравствена состојва на Кили бара итно […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција испратила писмо во кое бара да бидат покриени етикетите, вклучувајќи ги и оние на англиски јазик, кои се однесуваат на Гоце Делчев и Знамето на Крушевската Република, презентирани на изложба во Белград. Се работи за патувачката изложба „Имагинарен Балкан, идентитетот и сеќавањата во 19-тиот век”, организирана од оваа организација […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Компирите, гравот, кромидот и портокалите во август годинава најмногу поскапеле на зелените пазари во споредба со истиот месец од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, лукот и зелката. Најголемо зголемување на цените на земјоделските производи на пазарите на големо во август 2013, во […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2013 08:00
•
Posted by: MK News
Дел од скопската населба Злокуќани, Домот за стари лица и фирмата „Агроимпекс“ од 8 до 9 часот ќе бидат без електрична енергија. Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2013 21:40
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука мерката за условен увоз на брашно да престане да важи на 15 септември во 00 часот, информира вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на вечерашната прес-конференција. За укинувањето, како што рече, е информирана и Косовската влада. – Има најави од косовските медиуми дека ќе биде укината и нивната мерка […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2013 21:04
•
Posted by: MK News
„Македонска пошта” неодамна ја збогати својата колекција на поштенски марки со две скандалозни решенија – поштенска марка со ликот на Реџеп Митровица, премиер на првата квинслишка влада на Албанија од 1943 до 1944 година и претседател на озлогласената Втора призренска лига со која се слави 125-годишнината од неговото раѓање и на Али Риза, соработник, како […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2013 17:30
•
Posted by: MK News
Дождот донесе проблеми во Скопје – поплавени улици, нервозни возачи низ целиот град. Овие фотографии се од Бихачка која буквално плива во вода. Ништо подобра не е ниту состојбата со другите улици во градот.
______________________________________________________________________________________________________