Archive | Македонија RSS feed for this section

Административците ќе мора да одат на курс за љубезност

Континуирана едукација, подобрување на знаењата и вештините се целите на новите електронски курсеви што од идната година ќе бидат задолжителни за државните службеници. Како што рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, секој вработен во администрацијата годишно ќе треба да помине минимум 30 часа електронска обука. – Со тоа очекуваме ефикасноста, љубезноста, […]

______________________________________________________________________________________________________

Е зар Македонец нема да се снајде: Изум – мешалка за Ајвар (Видео)

Правењето зимница е напорно секако. Најмногу мака треба за мешањето на ајварот – треба да се меша со часови инаку загоре ајварот. На еден македонски иселеник изгледа му здосадило да меша со часови па човекот си смислил машина која наместо него меша во казанот додека тој си седи до него релаксиран. Па еве идеја пред […]

______________________________________________________________________________________________________

Лекар со секира во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ – не и го продолжиле договорот на жена му

Синоќа, пред и во штабот на владеачката ВМРО ДПМНЕ во Македонска Каменица се случувала вистинска драма. Лекар од градот, лут оти го излажале и не исполниле тоа што ветиле, земал секира и дошол пред ОК на ВМРО ДПМНЕ на Каменица, тврди порталот Либертас. Според информациите на порталот лекарот бил лут што неговата сопруга, професорка во […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Самарџиски скрши табла во Јесенице

Нашиот највисок кошаркар Предраг Самарџиски успеа да „освои“ еден од обрачите од кошевите во салата во словенечкиот град, пренесува Екипа.мк.Ова е втор пат за време на подготвителниот период, како Самарџиски успева да најде решение за кошевите. Претходно ја скрши и таблата непосредно пред стартот на пријателскиот натпревар со Шпанија изминатиов месец. ФОТО: Екипа.мк

______________________________________________________________________________________________________

Награда 500 евра, за оној кој ќе го пронајде трујачот на животни во Ново Лисиче

Награда од 500 евра за сведоштво, информација и доказ кој ќе помогне да се фати трујачот на животни во Ново Лисиче, нуди Здружението за заштита на животни „Анима мунди“. – Сакаме да ја информираме јавноста за повторно за труење на животно во Ново Лисиче во реонот на АСНОМ (4 – 16) , кое се случи […]

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Андреа во своето училиште е единственото прваче

Иако без вообичаен детски џагор во училишниот двор, денеска седумгодишната Андреа Петрова за прв пат влезе во својата училница во подрачното училиште на штипската деветолетка „Тошо Арсов“ во приградската населба Чардаклија, пишува Канал 5. Таа е единствено прваче во училиштето. Големата возбуда од првиот школски ден не и дозволи да ги сподели со нас впечатоците […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетовското гравче исчезнува – се помалку се одгледува во Македонија

Најпознатата сорта грав тетовец се помалку се одгледува. Ако во минатото во тетовско гравот заедно со пченка се одгледувал и на неколку илјади хектари, сега површините се значително намалени. Ова е една од најтешките култури за одгледување,. Се бере рачно и тоа сега во овој период од средината на август кога времето е многу топло. […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонец – детектив во Њујорк: Го фатив наркобосот без да испукам куршум

Kако во акционен филм во живо, американскиот детектив со прилепско потекло, Тони Петрески, секојдневно трага по наркобосови во Њујорк и во Њу Џерси во САД. Овој 40-годишниот Американец, од родителите Јонче од селото Алинци и Ангелина од Ивањевци кај Прилеп, го става животот на коцка во битка со американското подземје, пишува Дневник. Сопругот на прилепчанката […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео/Фото: Возбуда, радост – прв пат во школските клупи – ПРВАЧИЊА СРЕЌНО !

Џагор, радост, насмеани лица но и понекоја солза – првачињата денес прв пат седнаа во училишните клупи. Детските насмевки и лицата на гордите родители кои неможат да поверуваат дека нивното малечко тргнува на училиште ги исполнија училиштата низ Македонија денес. Весело разиграно беше и во училиштето Петар Поп Арсов во Карпош 4 од каде ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонец од Светиниколе заработува илјадници евра продавајќи семки од кајсии

Господ знае дали помагаат, ама с` повеќе луѓе бараат да ги купат семките од кајсии. И тоа не оние благите, туку токму овие горчливите за кои велат дека лекуваат главоболка, дури и рак, а служат и како превентива од малигни заболувања. Веќе искршив три клешти кршејќи ги семките – само лани продадов 68 килограми, преклани […]

______________________________________________________________________________________________________

Штркови упаднаа на фудбалски натпревар во Кичево – летаа над главите на фудбалерите

Несекојдневна случка ќе предизвикаше проблеми на фудбалскиот натпревар Напредок-Гостивар, што  во неделата се одигра во Кичево.Причина за оваа конфузија  беа штрковите кои имаат гнездо во непосредна близина на градскиот стадион во Кичево и кои се подготвуваа за лет на долг пат, пишува kicevo.mk . Тие за цело време на натпреварот го надлетуваа фудбалскиот терен, за во еден период […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонци со спачек во Мала Преспа, Албанија (Фото)

На југозападниот брег на Преспанското езеро, во Албанија се наоѓа географската област Мала Преспа, во која има 10 села, во кои живее македонско население. Најголемо е селото Пустец, каде и се наоѓа седиштето на општината. Во Мала Преспа градоначалникот е Македонец. Во овој дел на Преспанското езеро има повеќе диви плажи, кои изгледаат како на […]

______________________________________________________________________________________________________

Фотографија од старата црква во Октиси за која муслиманите тврдат дека не постоела

Муслиманите кои ја попречуваат изградбата на црквата „Свети Димитрија“ во струшко Октиси, велат дека  тука воопшто немало црква. Порталот ohridlive објави фотографии на нивни читатели каде јасно се гледа црквата, чие постоење го негираат припадниците со исламска вероисповест од селото за кои главниот аргумент е дека на тоа место немало православна црква. Тоа е доказ […]

______________________________________________________________________________________________________

Јадеме увезен кечап од наши домати, пиеме странски сок од наше овошје

Смокви и вишни, произведени во Македонија, од странство ни се враќаат во тегла, како слатко или компот. Цвекло, пиперки или домат од нашите ниви се преработува во соседните земји и повторно се враќа кај нас како готов производ, пишува „Утрински весник“ Минатата година Македонија потрошила 529 милиони евра за увоз на храна, што претставува пораст […]

______________________________________________________________________________________________________

Министерот Самак вчера се ожени со новинарка – поранешна сителовка

Министерот за странски инвестиции, Веле Самак, и поранешната ТВ водителка на сителовата детска емисија „Сител бамбини”, Бојана Ацева Андонова, неколкугодишната врска вечерва ја крунисаа со брак. Свадбената церемонија се одржа во хотелот Белви во Скопје. Бракот со Бојана на министерот за странски инвестиции му е втор, откако пред три години по 11 години брак се […]

______________________________________________________________________________________________________

Арно ги оштетуваа македонските возила – така треба, вели грчка партија

Грчката ултрадесничарска неонацистичка партија смета дека оштетувањата на македонските возила во Грција се целосно оправдани. Пратеникот на радикалната партија Илијас Панајотарос негира дека оние кои ги оштетиле возилата се вандали, туку за нив тие се само „огорчени деца“. „Каде што не игра зборот, ќе игра спрејот врз кратенката МК“, вели Панајотарос за неделникот „Прото тема“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Тегла ајвар ќе чини минимум 100 денари

Оваа сезона тегла ајвар ќе чини најмалку 100 денари, со оглед на цената на килограм пипер кој се продава за 25 до 30 денари. Граѓаните веќе почнаа со подготовка на зимница. Трговците велат дека цената на зеленчукот нема да се намали, туку може да порасне. Последниве 2 – 3 дена купуваат луѓето пиперки за ајвар. […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети денес на средба со Грците – чија страна ли

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос. Ахмети ќе го придружува вицепремиерот Муса Џафери и шефот на Кабинетот на Ахмети, Артан Груби. Како што информираат од ДУИ, оваа средба е продолжување на интензивната кампања на лидерот на ДУИ за интеграција на нашата земја во НАТО […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1