Archive | Македонија RSS feed for this section

1310 Македонци побарале азил во Европа – а добиле само 25

Во списокот од триесет земји чии граѓани најмногу барале азил во Европската унија во првиот квартал од годинава, Македонија се најде на 22 место. Во тој период, биле разгледани 1.335 барања за азил што македонски граѓани ги поднесле во некоја земја од Европската унија, пишува „Радио Слободна Европа” Земји од регионот кои се најдоа пред […]

______________________________________________________________________________________________________

Подземната улица во Скопје ќе чини над 57 милиони евра

Најмалку 57 милиони евра ќе чини изградбата на подземната улица од Влада до Народна банка. Ако се суди по доставените понуди на градежните компании, минимум толку пари ќе треба да обезбедат градските власти за да го реализираат овој проект, пишува „Утрински весник“ . Минатата недела Град Скопје ги отвори понудите пристигнати од заинтересираните фирми за […]

______________________________________________________________________________________________________

Над 200.000 ученици денес се враќаат во училишните клупи – старт на школската година

За над 200.000 основци и средношколци утре почнува учебната 2013/2014 година. Околу 20.800 првпат ќе седнат во училишните клупи. – Со жалење морам да констатирам дека во изминатите пет-шест години има во просек од 500 до 700 помалку запишани првачиња. И оваа година бројот е намален во однос на минатата, изјави минатата недела ресорниот министер Спиро […]

______________________________________________________________________________________________________

Октишани децидни: На 20 септември ќе ставиме камен темелник на црквата

Православните верници од Октиси, Струшко не се повлекуваат од планот да ја градат  црквата „Свети Димитрија“. -До 20 септември камен темелникот за изградба на црквата „Свети Димитрија“ во струшко Октиси ќе биде поставен. Тоа што некој кажува дека градежната дозвола која е со важност до 30 септември нема да биде проблем, ние не веруваме во тоа. На Октиси […]

______________________________________________________________________________________________________

Охридските плажи останаа празни на првиот ден од септември (Фото)

На првиот ден од септември охридските плажи речиси празни. Летните одмори завршија, а за празното крајбрежје придонесе и променливото и облачно време.  Може да се забележат само најупорните капачи кои уживаат на брегот на езерото и се релаксираат во пријатната езерска вода.Во наредните денови, според прогнозите на синоптичарите, во Охрид времето ќе биде сончево со […]

______________________________________________________________________________________________________

Нервоза, пцовки, чекање со часови – хаос на патарините во Македонија

Гужва од возила и нервозни патници во километарски колони синоќа на патарината Отовица на автопатот Гевгелија – Скопје. Огромен број возила со часови чекаат да ја поминат наплатната рампа. Навалицата започнала доцна вечерва и најчесто се туристи кои се враќаат од Грција, па има српски, турски, чешки, полски но и возила со домашни регистрации. Гневни […]

______________________________________________________________________________________________________

На човек од Демир Капија му предложиле лек за сиромаштијата – продај го бубрегот

Ми предложија да си го продадам бубрегот. Со тие пари ќе има за живот и да си ги плаќам сметките. Ова го раскажува 46 – годишниот Драган Коцев од Демир Капија. Бил вработен во „Македонски железници“, но откако останал без работа почнува неговата приказна како тежок социјален случај. Преживува со 1000 денари месечно кои ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Тони Зен, Слаткар и Панчо заштитни лица на МЗТ Скопје

Со цел подигнување на свеста на најмладата популација за значењето на спортот за психофизичкиот развој на секое дете кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје под мотото „За МЗТ навиваме со МЗТ победуваме“ почнува кампања чија крајна цел е зголемување на бројот на деца кои рекреативно или професионално би се занимавале со спорт. Заштитни лица на кампањата „За […]

______________________________________________________________________________________________________

Колку пари губи Македонија со секоја неиздадена сметка на Пластичарска улица?

И покрај задолжителната употреба на фискален апарат во секоја продавница, угостителски објект, фирма и слично, некои продавници во Македонија се уште не го почитуваат законот. Со секое не издавање на фискална сметка се губи ДДВ-то кое изнесува 18 отсто и оди во касата на државата, за да може државата да обезбеди дополнителни приходи кои ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Премиерот Груевски денеска небањат

Поради отстранување дефект, кој денес ќе го отстрануваат екипи на ЈП Водовод и канализација, без вода ќе биде и зградата во која живее премиерот Никола Груевски Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје извести дека поради отстранување на дефект на улицата Фредерик Шопен, без вода во периодот од 7:30 часот па до завршување […]

______________________________________________________________________________________________________

Не возете низ центар – затворени за сообраќај „Даме Груев“ и „Димитрие Чуповски“

Сообраќајот на потегот од крстосницата помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Димитрие Чуповски“ до крстосницата со улица „Македонија, во недела во периодот од 6 до 13 часот ќе биде во целосен прекин поради изведување градежни работи, информираат од Град Скопје. Сообраќајот од улицата „Даме Груев“ ќе се одвива по улицата „Димитрие Чуповски“. Град Скопје апелира возачите […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Мекејлеб му подари баскет на премиерот Груевски

Најдобриот кошаркар во нашата репрезентација, Лестер Бо Мекејлеб, му подари баскет на претседателот на македонската влада Никола Груевски, за време на денешната негова посета на завршниот тренинг на кошаркарите пред заминувањето за Словенија. -Дојдов да ги посетам и испратам нашите кошаркари на следното ЕП. Се надеваме дека ќе успеат во Словенија да постигнат добар резултат, […]

______________________________________________________________________________________________________

Чистачката ги помешала шишињата – на битолчанецот да му е дадена инфузија со средство за чистење под?!

Нова Македонија објавува неофицијална информација дека на 60 годишниот Јорго Ангеловски кој почина по примената инфузија, можно е наместо раствор за плакнење на стомакот да му е дадена инфузија со средство за дезинфекција дезинтал! Јорго Ангеловски бил примен на 15 август во болница со болки во стомакот. Починал откако му била дадена инфузија. Нова Македонија, […]

______________________________________________________________________________________________________

Интервенции поради предозираност на секои 40 часа – 865 предозирани годишно во Македонија

Итната помош во Скопје интервенира во поради предозираност од дроги на секои 40 часа, покажува истражувањето на здружението ХОПС – Опции за здрав живот. Според извештајот на ХОПС, објавен по повод 31 август, Меѓународен ден за подигнување на свеста за предозирање од дроги, службите за интервенирање од 2009 до 2012 година само во Скопје имале […]

______________________________________________________________________________________________________

Поради Тоше научила македонски и дошла во Крушево – Македонија пак и дарила љубов

Уште како средношколка, Наташа Ѓаковиќ, имала големи соништа и ги следела своите желби, иако ги немала многу. Нејзина единствена желба била да го запознае Тоше Проески. Светот на Наташа се срушил кога дознала дека Тоше прерано го напуштил овој свет. Била потресена, болна неколку дена и во шок и неверување себе сама да си признае […]

______________________________________________________________________________________________________

Објавена книгата „Македонски народни песни…“ со песни собрани пред 100 години

Книгата „Македонски народни песни собрани од Лазар Дума“ (1913 година) од д-р Татјана Жежељ – Каличанин ја објави издавачката куќа „Камелеон“ од Скопје. Книгата го содржи ракописот со македонски народни умотворби што Лазар Дума пред 100 години (1913) ги предал во Архивот на Српската академија на науките и уметностите. -Песните што ги содржи зборникот се […]

______________________________________________________________________________________________________

Најпозната Холандска фирма инвестира во Струмица – ќе произведува цвеќе во Македонија

Една од најпознатите светски компании за производство на цвеќе од Холандија ќе инвестира во Струмица. Таа веќе ја купила парцелата од 43 илјади квадратни метри во индустриската зона, во непосредна близина на откупно-дистрибутивниот центар на хрватскиот „Агрокор“. Според градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, изградбата се очекува да почне во септември, а Холанѓани ја избрале оваа […]

______________________________________________________________________________________________________

30 години од трагичната смрт на Сашка Петковска

Македонската естрадна сцена никогаш не ги заборави Сашка Петковска и членовите на балетската група „Авона“. Се навршуваат 30 години од кобната сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе кога настрадаа девет лица, естрадни уметници, нивни пријатели, колеги, како и припадници на тогашната ЈНА. Несреќата не дозволи тие да го одржат концертот за припадниците на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1