Archive | Македонија RSS feed for this section

Нема да гласаат граѓани со македонски пасоши, а адреса во странство

Граѓаните кои имаат македонски документи, а жителство во друга земја нема да можат да гласаат на вториот круг од изборите. ДИК по барање на Општинската изборна комисија Ресен во врска со остварување на гласачкото право на граѓани кои се идентификуваат со биометриска патна исправа издадена од МВР, а во која како место на живеење е […]

______________________________________________________________________________________________________

Oд 600 кандидати Македонка номинирана за најдобар имигрант во Канада

Александра Настеска е номинирана за топ 25 имигранти во Канада. Настевска е активист за зачувување на животната средина и е првата Македонка да биде номинирана за оваа престижна награда. Оваа нагдра се доделува на 25 канадски имигранти кои оставиле позитивен белег во канадското општество. ОМД ги охрабрува сите Македонци во Канада да гласаат за Александра.  Ве молиме кликнете ТУКА за да го […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Охрид цела ноќ се истурило од врнење – денес дожд и град

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во последните 12 часа најмногу дожд наврна во Охрид, 32 литра на метар квадратен, потоа во Претор 25, Пожаране 24,Тетово 21, Лазарополе 20, Прилеп 18, Тополчани 16, Скопје – Зајчев Рид 14, Битола 13, Петровец 12, а на мерните места во источните делови околу 5 литри на метар квадратен. Времето во Македонија […]

______________________________________________________________________________________________________

НДП: Бејта ветува црква на Македонците во Гостивар за да гласаат против Руфи Османи

Oд НДП, информираат дека од неодмана е дистрибуиран флаер на македонски јазик со текст кој повикува на поддршка за Невзат Бејта кој ветил изградба на црква. – Неговата валкана игра ги надминува сите човечки, етички и морални норми и по штетата што ја направи во овие речиси 12 години од позиции на локална и централна […]

______________________________________________________________________________________________________

Поскапеа цигарите

Поскапуваат цигарите на скопскиот тутунски комбинат. Нова цена засега имаат само цигарите од брендот Родео кои воедно се најпродавани во земјава, пишува “Економски“. Во малопродажба од вчера сите видови на цигарите Родео се продаваат за три денари поскапо. Од истата компанија се и цигарите од брендот Бос, но засега за нив нема нова цена.

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се води независна истрага за Никола Младенов?

Не само МВР, сообраќајна анализа на возилото и на излетувањето на Никола Младенов ќе прави и независен вештак, експерт по сообраќај. Тој направил увид на местото на несреќата и има првични информации за настанот, пишува Алфа ТВ. Во МВР потврдуваат дека имаат наредба само за сообраќајно вештачење кое утре или задутре ќе го испратат кај […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Струмица ќе се прегласува – Заев со остра реакција (Видео)

Управниот суд ја одби тужбата на СДСМ за одлуката на Државната изборна комисија за три изборни единици во Струмица по што на 7-ми април ќе има прегласување на првиот изборен круг. Заев вели дека е логично човек да се надева дека останало барем трошка од правната држава, но оваа одлука на Управниот суд, според него, […]

______________________________________________________________________________________________________

Штип завиен во црно: Последно збогум за Бојан, Стефан и Јани

„Го молам небото да ми те врати“ – одекна од стотици млади грла познатата песна на Тоше Проевски со која гимназијалците од Штип ги испратија Јани, Стефан и Бојан во вечноста. Веднаш потоа се слушна силен аплауз од сите присутни. Родителите и роднините на настраданите кои денеска беа на комеморацијата во дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“ […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Кичево преку ноќ стана двојазично

Вчера пред влезот на општинската зграда во Кичево беше поставен новиот натпис, на кој, освен на македонски, за првпат е напишано и на албански – „Komuna e Kërçovës“. Фатмир Дехари, во предизборната кампања изјавуваше: „Во Кичево албанскиот јазик ќе биде официјален јазик, ќе се инсталира администрација што ќе зборува и албански, и ќе владееме со […]

______________________________________________________________________________________________________

Плажата на Вардар била ,,фраерско,, место – а сме имале и нудисти (Фото)

Местата на реката каде што граѓаните можеле да се капат биле одредени со наредба од управата на градот. Капењето било дозволено на просторот од мелницата на Јусуф Морина до електричната централа и водоводот на десната страна, а од мелницата на Јусуф Морина до Железничкиот мост капењето било забрането. На одредени места можеле да се капат […]

______________________________________________________________________________________________________

Името се решава на 8 и 9 април во Њујорк? – Нимиц закажа нова средба

Ден по изборите,на 8 и 9 април ќе се случи нова средба на преговарачите Јолевски и Василакис, кои треба да дојдат до конкретна завршница на долгогодишниот спор за името. Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот со името ги поканил преговарачите на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамнтиос Ваилкис на преговори во Њујорк […]

______________________________________________________________________________________________________

Тага и тишина: Штип во солзи за трите загинати момчиња

Прекрасни деца, животот беше пред нив, велат штипјани за Јани Димитриев (18), Стефан Николов (22) и Бојан Бочварски (25) Tриесет минути пред полноќ, одеднаш, како по некоја команда, престана да свири музиката во сите штипски кафулиња. Вработените им се се обратиле на младите посетители со жалната вест дека три момчиња од Штип загинале во тешка […]

______________________________________________________________________________________________________

Докази за сообраќајката на Младенов оставени расфрлани на местото – ги нашле новинари

Како што веќе беше објавено, во саботата, новинарската екипа на „Нова Македонија“, била на местото на сообраќајната несреќа и пронашла четири фискални сметки од патарини, од кои се заклучува дека „мерцедесот“ на Младенов двапати едноподруго се движел од Скопје до Велес кобната вечер, при што, вториот круг траел 25 минути повеќе од првиот, и дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Во новата истрага за смртта на Трајковски ќе се прави симулација на летот

Новата истрага за смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски ќе трае од шест до 12 месеци при што, меѓу другото, ќе се прави и симулација на летот со ист вид на авион. Ова, во интервјуто за босанскиот „Дневен аваз“ го најавил македонскиот министер за одбрана Талат Џафери кој, како што претходно беше пренесено, изразил уверување […]

______________________________________________________________________________________________________

Mакедонскиот јазик да стане официјален – побарааа Македонците во Грција

Во сите образовни институции (основни училишта и гимназии) во општината Мелити (Овчарани) да се учи на македонски јазик. Сите топографски имиња на територијата на општината да бидат двојазични и сите официјални ознаки на јавните објекти да имаат написи на грчки и на македонски јазик. Ова се двете главни барања на градоначалникот на општината Овчарани во […]

______________________________________________________________________________________________________

17 обвинети за насилните протести про & контра Џафери

Покренато е обвинение против седумнаесетмина обвинети за насилните протести за поддршка на министерот за одбрана Талат Џафери, што се случија пред точно еден месец. Обвинети се дека дивееле од владата до Бит-пазар, како дел од контра протестот организиран на Фејсбук. Според пресметките на обвинителството, толпата направила штета од речиси 9 милиони денари, кршејќи полициски возила, […]

______________________________________________________________________________________________________

И дневниот и неделникот „ФОКУС“ нема да излегуваат оваа недела

Дневниот весник и неделникот Фокус, чиј основач и сопственик Никола Младенов минатата недела загина во тешка сообраќајна несреќа неделава нема да излезат во продажба. Информацијата за 24 Вести ја потврдила  главниот и одговорен уредник Јадранка Костова. Одлуката за судбината на двете изданија, ни изјави Костова, семејството на Младенов ,ќе ја донесе до крајот на оваа […]

______________________________________________________________________________________________________

Петмина пратеници го напуштаат СДСМ?

Несогласувањата кои почнаа пред локалните избори кулминираат пред вториот круг од гласањето, а се поголем број приврзаници на Бранко Црвенковски се одлучуваат да излезат од неговата коалиција, пишува весникот “Вечер“. Како што пишува весникот, пратеникот Драгиша Милетиќ, лидер на СНС, најави прегрупирање во пратеничките групи во Собранието. Во иднина ќе се формира нова пратеничка група, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1