Archive | Македонија RSS feed for this section

„Генералка“ во Соборен храм за целосно сликање

Ќе се чистат црнилото на фреските и с` уште ненасликаните ѕидови на храмот. Најголемиот дел од работите треба да биде завршен до Велигден Внатрешноста на Соборниот храм на МПЦ-ОА „Свети Kлимент Охридски“ во Скопје наскоро ќе добие нов лик откако деновиве почна чистењето на ѕидовите и на прозорците во храмот. Првата фаза од оваа активност […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукање во Сарај – двајца повредени

Според информациите на МКnews.MK во општина Сарај имало инцидент пред околу половина час. Нашите информации говорат дека имало пукање од огнено оружје, а  имало и повредени.

______________________________________________________________________________________________________

Коце победи, Макрадули не е ниту втор – вели ВМРО ДПМНЕ

Во ВМРО-ДПМНЕ објавија дека нивниот кандидат Kоце Трајановски е победник во трката за градоначалник на Скопје. Според нецелосните податоци од Државната изборна комисија, пак, тој освои 37,39 отсто од гласовите. Зад него е Артан Груби од ДУИ со 27,11 отсто од гласовите, а Јани Макрадули од СДСМ е на трето место со освоени 18,70 отсто […]

______________________________________________________________________________________________________

Кичево го доби ДУИ и Дехари – победил со разлика од околу 1500 гласови

Демократската Унија за Интеграција и нејзиниот кандидат Фатмир Дехари се победници на Локалните избори 2013 во новоформираната општина Кичево, каде што според избирачкиот список имаше вкупно 48 047 гласачи Според партиски извори на  коалицијата„ Кичевчани за Кичево“, на овие избори ДУИ освои вкупно 17 365 гласови, додека коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ освои вкупно […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Еве како слави ДУИ на рекорд во Скопје

Партијата ДУИ прогласни севкупна победа над ДПА на овие локални избори . нивни приврзаници веќе слават низ скопските улици. ПЛУСИНФО: ДУИ ФРЛА СО КАМЕЊА ПО АВТОБУСИ И СЛАВИ ПОБЕДА Видео – Бриф.мк

______________________________________________________________________________________________________

Најнови резултати од ДИК

Првичните резултати на ДИК Коце Трајановски 33%, Јани Макрадули 17,8% од обработени 55% од гласовите. Еве ги и другите резултати. МОМЕНТАЛНИ ПОДАТОЦИ ПО ОПШТИНИ: ДИК: МОМЕНТАЛНИ ПОДАТОЦИ ПО ОПШТИНИ: СКОПЈЕ ВМРО ДПМНЕ 33% СДСМ 17,08% ОХРИД  ВМРО-ДПМНЕ 61,82 % СДСМ 35,98 % ПЛАСНИЦА ДПТМ 42,57 %   ДУИ  57,43% ПРИЛЕП ВМРО ДПМНЕ 63,87% СДСМ 35,53% РАДОВИШ  […]

______________________________________________________________________________________________________

Тачи тврди: Во Струга победи ДПА

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, прогласи убедлива победа на кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на неговата партија, Зијадин Села. Според Тачи, партијата ќе се обиде во вториот круг да го добие Тетово. Лидерот на ДПА истакна дека од позиција на длабока опозиција на партијата и било многу тешко да оствари подобар изборен резултат […]

______________________________________________________________________________________________________

СДСМ – Општини кои ги добиле според нивните резултати

Според последната прес конференција на аналитичкиот центар на СДСМ нивните кандидати водат во следните општини Битола бараат втор круг бидејќи се случувала вистинска драма и низа нерегуларности но не потенцираа за какви нерегуларности станува збор. Центар – очекуваат победа во прв круг Делчево Куманово Велес Струмица Ранковци Кочани Карбинци Јагуново

______________________________________________________________________________________________________

Не може нам нико ништа јачи смо од судбине – ечи во штабот на Јакимовски

Во штабот на Стевчо Јакимовски со песна веќе се слави победата. „Не може нам нико ништа“ пеат симпатизерите на кандидатот на Српската Напредна Странка на Македонија, и актуелен градоначалник на општина Карпош. Според сеуште неофицијални резултати Јакимовски е во водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јагнула Куновска и кандидатот од Сојузот за иднината Андреј Петров. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК последно инфо за резултатите – според нив во Кичево се уште води македонскиот кандидат

Според Државната Изборна комисија ова се првичните информации според досега обработените податоци. според ДИК во Кичево се уште велат дека води кандидатот на ВМРО ДПМНЕ И СДСМ според ДИК од обработени 36 проценти од гласовите – 93 насто биле за Деспотовски пред кандидатот на ДУИ Дехари Струмица 45 % обработени податоци – Заев во предност […]

______________________________________________________________________________________________________

ПЛУСИНФО: ДУИ фрла со камења по автобуси и слави победа

Порталот Плусинфо објавува дека поголем број членови и приврзаници на Демократската унија за интеграции (ДУИ) во моментов се упатуваат кон плоштадот Скендербег на прослава. Според Плусинфо, како што се движи толпата се фрлаат петарди, има доста пукање и фрлање со камења по автобуси. Околу 150 возила се упатени кон плоштадот близу старата скопска чаршија.

______________________________________________________________________________________________________

ДУИ прославува во Кичево, неофицијално има 1.300 повеќе гласови

Приврзениците на ДУИ предмалку започнаа да ја прославуваат победата во Кичево, каде денеска излезноста изнесуваше рекордни 89,6 отсто, јави репортерот на Макфакс. Според неофицијални податоци, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Кичево Фатмир Дехари има 1.300 гласови повеќе пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотоски, зад кого застана и СДСМ Сепак ДУИ се уште е претпазлив […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО ДПМНЕ: Прогласи победа во следниве општини

Победа прогласи во поголемиот дел од општините – еве во кои општини нивните кандидати водат според центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ Аеродром Бутел – огромна разлика Радовиш Штип Виница Кисела вода Свети Николе Прилеп Битола Крива Паланка Радовиш Валандово Ресен Гевгелија Крушево Охрид Пехчево Василево Илинден Вевчани Дојран Петровец Македонска Каменица Демир Капија Росоман […]

______________________________________________________________________________________________________

Tелма: Mакедонскиот кандидат загуби во Кичево

Заедничките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кичево најверојатно ги загуби изборите. Славеничката атмосфера која владееше пред заедничкиот изборен штаб „спласна“, а граѓаните кои беа тука се разотидоа, јавува телевизија телма. Иако претходно според државната изборна комисија беше информирано дека според дотогаш обработените податоци заедничкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ води сепак според последните […]

______________________________________________________________________________________________________

Коце Трајановски во водство во Скопје

Актуелниот градоначалник на град Скопје и кандидат за втор мандат, Коце Трајановски, е воводство, според податоците од ДИК Коце Трајановски има 85,85 отсто од гласови, додека за Макрадули гласале 12,20 отсто. ДИК од гласовите за градоначалник на Скопје има обработено околу еден отсто од гласачките ливчиња и има уште многу да се брои.

______________________________________________________________________________________________________

ДУИ прогласи победа во Тетово

Како што информира шефот на изборниот штаб на ДУИ Абдилаќим Адеми, според податоците од партискиот аналитички центар нивниот кандидат во Тетово води на речиси сите избирачки места. Од партијата денешниот изборен процес го оценуваат како фер и демократски со забелешка дека на некои граѓани не им било овозможено да го реализираат своето гласачо право поради […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО ДПМНЕ: Го добиваме Oхрид

Според центарот на ВМРО ДПМНЕ според првичните резултати на досега обработените податоци ВМРО ДПМНЕ вели добиваат сериозно оптимистички информации за тоа како минале нивните кандидати. Струмица – изедначена битка Крушево – води ВМРО – ДПМНЕ Аеродром – води Ивица Коневски кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гази Баба – Убедливо водство на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Кисела […]

______________________________________________________________________________________________________

Јакимовски води во Карпош

Кандидатот на Српската Напредна Странка на Македонија и актуелен градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, според извори на А1он,  е во водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јагнула Куновска и кандидатот од Сојузот за иднината Андреј Петров.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1