24/03/2013 23:37
•
Posted by: MK News
Првичните резултати на ДИК Коце Трајановски 33%, Јани Макрадули 17,8% од обработени 55% од гласовите. Еве ги и другите резултати. МОМЕНТАЛНИ ПОДАТОЦИ ПО ОПШТИНИ: ДИК: МОМЕНТАЛНИ ПОДАТОЦИ ПО ОПШТИНИ: СКОПЈЕ ВМРО ДПМНЕ 33% СДСМ 17,08% ОХРИД ВМРО-ДПМНЕ 61,82 % СДСМ 35,98 % ПЛАСНИЦА ДПТМ 42,57 % ДУИ 57,43% ПРИЛЕП ВМРО ДПМНЕ 63,87% СДСМ 35,53% РАДОВИШ […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 23:26
•
Posted by: MK News
Лидерот на ДПА Мендух Тачи, прогласи убедлива победа на кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на неговата партија, Зијадин Села. Според Тачи, партијата ќе се обиде во вториот круг да го добие Тетово. Лидерот на ДПА истакна дека од позиција на длабока опозиција на партијата и било многу тешко да оствари подобар изборен резултат […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 23:17
•
Posted by: MK News
Според последната прес конференција на аналитичкиот центар на СДСМ нивните кандидати водат во следните општини Битола бараат втор круг бидејќи се случувала вистинска драма и низа нерегуларности но не потенцираа за какви нерегуларности станува збор. Центар – очекуваат победа во прв круг Делчево Куманово Велес Струмица Ранковци Кочани Карбинци Јагуново
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 23:12
•
Posted by: MK News
Во штабот на Стевчо Јакимовски со песна веќе се слави победата. „Не може нам нико ништа“ пеат симпатизерите на кандидатот на Српската Напредна Странка на Македонија, и актуелен градоначалник на општина Карпош. Според сеуште неофицијални резултати Јакимовски е во водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јагнула Куновска и кандидатот од Сојузот за иднината Андреј Петров. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 23:05
•
Posted by: MK News
Според Државната Изборна комисија ова се првичните информации според досега обработените податоци. според ДИК во Кичево се уште велат дека води кандидатот на ВМРО ДПМНЕ И СДСМ според ДИК од обработени 36 проценти од гласовите – 93 насто биле за Деспотовски пред кандидатот на ДУИ Дехари Струмица 45 % обработени податоци – Заев во предност […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 22:44
•
Posted by: MK News
Порталот Плусинфо објавува дека поголем број членови и приврзаници на Демократската унија за интеграции (ДУИ) во моментов се упатуваат кон плоштадот Скендербег на прослава. Според Плусинфо, како што се движи толпата се фрлаат петарди, има доста пукање и фрлање со камења по автобуси. Околу 150 возила се упатени кон плоштадот близу старата скопска чаршија.
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 22:22
•
Posted by: MK News
Приврзениците на ДУИ предмалку започнаа да ја прославуваат победата во Кичево, каде денеска излезноста изнесуваше рекордни 89,6 отсто, јави репортерот на Макфакс. Според неофицијални податоци, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Кичево Фатмир Дехари има 1.300 гласови повеќе пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотоски, зад кого застана и СДСМ Сепак ДУИ се уште е претпазлив […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 22:18
•
Posted by: MK News
Победа прогласи во поголемиот дел од општините – еве во кои општини нивните кандидати водат според центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ Аеродром Бутел – огромна разлика Радовиш Штип Виница Кисела вода Свети Николе Прилеп Битола Крива Паланка Радовиш Валандово Ресен Гевгелија Крушево Охрид Пехчево Василево Илинден Вевчани Дојран Петровец Македонска Каменица Демир Капија Росоман […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 21:58
•
Posted by: MK News
Заедничките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кичево најверојатно ги загуби изборите. Славеничката атмосфера која владееше пред заедничкиот изборен штаб „спласна“, а граѓаните кои беа тука се разотидоа, јавува телевизија телма. Иако претходно според државната изборна комисија беше информирано дека според дотогаш обработените податоци заедничкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ води сепак според последните […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 21:52
•
Posted by: MK News
Актуелниот градоначалник на град Скопје и кандидат за втор мандат, Коце Трајановски, е воводство, според податоците од ДИК Коце Трајановски има 85,85 отсто од гласови, додека за Макрадули гласале 12,20 отсто. ДИК од гласовите за градоначалник на Скопје има обработено околу еден отсто од гласачките ливчиња и има уште многу да се брои.
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 21:37
•
Posted by: MK News
Како што информира шефот на изборниот штаб на ДУИ Абдилаќим Адеми, според податоците од партискиот аналитички центар нивниот кандидат во Тетово води на речиси сите избирачки места. Од партијата денешниот изборен процес го оценуваат како фер и демократски со забелешка дека на некои граѓани не им било овозможено да го реализираат своето гласачо право поради […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 21:35
•
Posted by: MK News
Според центарот на ВМРО ДПМНЕ според првичните резултати на досега обработените податоци ВМРО ДПМНЕ вели добиваат сериозно оптимистички информации за тоа како минале нивните кандидати. Струмица – изедначена битка Крушево – води ВМРО – ДПМНЕ Аеродром – води Ивица Коневски кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гази Баба – Убедливо водство на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Кисела […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 21:26
•
Posted by: MK News
Кандидатот на Српската Напредна Странка на Македонија и актуелен градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, според извори на А1он, е во водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јагнула Куновска и кандидатот од Сојузот за иднината Андреј Петров.
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 21:18
•
Posted by: MK News
Според првичните информации со кои излезе државната изборна комисија кандидатот на заедничката коалиција на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и во Струга и во Кичево водат. Сепак ова се прелиминарните информации се очекува доодработка на комплетниот број гласачки ливчиња. Инаки како што објвивме и претходно во Кичево на улиците веќе почна да се слави побеата на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 21:01
•
Posted by: MK News
Во Кичево тлее славеничка атмосфера. Кичевчани се собрани во центарот на градот, пред црквата Свети Петар и Павле Од сите страни ечи песната „Македонија цела да е секој да ја знае“, од најмлад до најстар се покриени со знамиња. Со плакати македонски знамиња се движат накај центарот, очекуваат победа, но дел од жителите велат дека […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 16:15
•
Posted by: MK News
Полицијата привела две непознати лица кои со насилно однесување сакале да го нарушат изборниот процес на две избирачки места во Куманово информираат од Општинската изборна комисија. И покрај полициската интервенција, гласањето се одвивало непречено. Неколку поплаки имало и кај заменик народниот правобранител Насер Весељи. Жители на Кратово пријавиле дека во селото Жидилово едно лице со […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 14:57
•
Posted by: MK News
Група активисти на една политичка партија го нападнала Роберто Беличанец, додека се обидувал да го оствари своето гласачко право во Центар, кај училиштето Блаже Коневски, пренесе А1он. Нападнат бил и репортер на Фокус, кој се обидел да го сними инцидентот. Беличанец за ова сакал да ја извести јавноста, па повикал и медиуми. Беличанец сакал да документира […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 14:07
•
Posted by: MK News
На последната прес-конференција во 13 часот, МОСТ информираше за нерегуларностите кои биле забележани на гласачките места. Ова се нерегуларностите за кои информира МОСТ: Гласачко место 1917 село Велешта, Струга, забележано е групно гласање, семејно гласање, присуство на неовластено лице кое им помага на гласачите позади параванот. Лицето си заминало откако пристигнала полицијата. Гласачко место 2158 […]
______________________________________________________________________________________________________