Тага и тишина: Штип во солзи за трите загинати момчиња


Прекрасни деца, животот беше пред нив, велат штипјани за Јани Димитриев (18), Стефан Николов (22) и Бојан Бочварски (25)

ZAGINATI DECA

Tриесет минути пред полноќ, одеднаш, како по некоја команда, престана да свири музиката во сите штипски кафулиња. Вработените им се се обратиле на младите посетители со жалната вест дека три момчиња од Штип загинале во тешка сообраќајна несреќа, пишува Утрински весник.

Гостите со неверување ја примиле веста за трагедијата, а потоа сите станале на нозе и со неколкуминутно молчење им оддале почит на загинатите.

stipjani deca kola

Штип се разбуди со тешка рана на своето срце. По улиците ја немаше вообичаената утринска веселост. Атмосферата беше траурна, од изразите на лицата на луѓето се читаше големата жалост поради трите млади загубени животи.

Сите разговори беа посветени на големата трагедија во која смртно настрадаа Јани Димитриев (18), Стефан Николов (22) и Бојан Бочварски (25).

 Тие за Скопје заминале во саботата претпладне, а истата вечер едно од момчињата присуствувало на свадбата на пратеничката Маринела Тушева.

Ноќта, момчињата кои биле другари на братот на пратеничката, одлучиле да преспијат, да се одморат за во неделата, нешто после 18,30 часот, да си тргнат за Штип.

Како се случила трагедијата, никој не можеше да каже со сигурност.

bojan

Бојан Бочварски завршил архитектура и бил вработен во семејната градежна фирма на неговиот татко.

Пицеријата „Пара Поли“, која е во центарот на градот и е сопственост на семејството на едно од загинатите момчиња, Јани Димитриев, беше затворена.

Мачно изгледаше сликата на затворениот објект, посебно ако се знае дека секое претпладне многу штипјани доаѓаа тука да појадуваат и да ги направат првите муабети на различни актуелни теми.

jani

Јани Димитриев бил матурант во штипската гимназија „Славчо Стојменски“. Директорот Ристе Петковски рече дека тој бил одличен ученик, воспитано и во секоја смисла примерно момче.

Денеска од ниту еден угостителски објект, од ниту една станбена зграда или семејна куќа во Штип не можеше да се слушне музика. Штипјани и на ваков начин ја искажуваат својата голема болка по своите млади сограѓани

stefanСтефан Николов бил студент, откако претходно и тој го завршил школувањето во штипската гимназија.

Децата во вечноста ќе бидат испратени од митрополитот брегалнички Иларион со свештенослужители и од илјадници штипјани чија тага по нив се чувствува на секој чекор во градот.

Денеска ќе се одржи комеморација за загинатите момчиња во штипската гимназија, а сите манифестации се откажани.

Izvor – Utrinski Vesnik

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1