25/03/2013 13:48
•
Posted by: MK News
Бензините и дизел горивата од утре поевтинуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 13:41
•
Posted by: MK News
На репертоарот на Јакимовски не беше само „Не може нико нам ништо јачи смо од судбине“ .Се пееја и многу други песни. Фама ви ги претставува „Шекерна“, „Стани моме да заиграш“,„Фато мори душманке“, во изведба на Стевчо Јакимовски. Видео – Фама
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 13:22
•
Posted by: MK News
Од 95,71 отсто преброени гласови за градоначалник на Скопје, односно од 513 од вкупно 536 избирачки места, Коце Трајановски има 50,06 отсто гласови, со што брзо се доближува до границата од 51 отсто, условот за победа во прв круг.
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 12:55
•
Posted by: MK News
Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, по преброените речиси 98 проценти од гласовите, Андреј Жерновски е новиот градоначалник на општина Центар Кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ освои 51,94 процент од гласовите, додека актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 46,06 проценти од гласовите. Актуелниот градоначалник на Град Скопје, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 12:13
•
Posted by: MK News
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните локални избори освои најмногу гласови во 54 општини, коалицијата на СДСМ во 7, ДУИ во 12, ДПА, Српската напредна партија во Македонија, Национална демократска преродба, Демократската партија на Турците и Сојузот на Ромите во по една, а во две општини победија независни кандидати.
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 11:30
•
Posted by: MK News
Песната со која Македонија оваа година ќе се претстави на изборот за песна на Евровизија си доби свои фанови во светот. Бразилецот Силва ја препеа „Пред да се раздени“. Тој на својот YouTube канал го постави видеото.
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Според испитувањата на Центарот за јавно здравје – Скопје, во околината на главниот град една третина од чешмите со минерална или лековита вода се бактериолошки неисправни. Лани од 32 земени примероци од јавни чешми со минерални и лековити води, 6 биле физичко-хемиски, а 10 бактериолошки неисправни. – Особено е опасно за здравјето ако наточите загадена […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Охридското Супер радио, како што вети, вчера по 19:00 часот го објави „изборот“ на рипката Желба за градоначалник на Охрид.
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Во штабот на Јакимовски се слави со песна, оро и сирена. Стевчо Јакимовски извојува убедлива предност пред кандидатите на двете најголеми политички партии Куновска за ВМРО ДПМНЕ и Петров за СДСМ. Јакимовски во првиот круг им бега за над 7000 гласа, но сепак недостасуваат околу 2 насто за да победи во првиот круг и во […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Кандидатот на СДСМ за градоначалник за општина Струмица, Зоран Заев, прогласи победа со 2.100 гласа разлика пред неговиот противкандидат Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ. Заев освои повеќе од 19.000 гласа. Струмичани ми го дадоа третиот градоначалнички мандат изјави кандидатот за градоначалник Зоран Заев. „И покрај сите закани, притисоци, уцени, обиди за купување на гласови меѓу граѓаните, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Од домот на АРМ, каде што беше изборниот штаб на коалицијата, членовите и најтесното раководство со пароли и знамиња со боите на владеачката партија, се упатуваат кон плоштадот. Додека приврзаниците на ВМРО ДПМНЕ победата ја прославуваа и низ скопските улици. Денеска во Република Македонија се организираа слободни, фер и демократски избори, кои се пред се […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Доколку нема разрешница за сите нерегуларности кои беа и допрва ќе бидат евидентирани за нас сите опции се отворени, вклучително и неучество во вториот изборен круг на овие избори, порача вечерва лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. – Овие избори беа сè друго само не фер и демократски. Бевме сведоци на невидени закани и уцени, притисоци, нерегуларности […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Висок одзив на граѓаните на Република Македонија на овие локални избори. Но имало и големи нарушувања на гласањето, агитирање, групно гласање и слично – инциденти што ДИК детално ќе ги истражи пред и официјално да се произнесе. Според првичните информации ова се резултатите. Владеачката коалиција, За подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 08:15
•
Posted by: MK News
Ќе се чистат црнилото на фреските и с` уште ненасликаните ѕидови на храмот. Најголемиот дел од работите треба да биде завршен до Велигден Внатрешноста на Соборниот храм на МПЦ-ОА „Свети Kлимент Охридски“ во Скопје наскоро ќе добие нов лик откако деновиве почна чистењето на ѕидовите и на прозорците во храмот. Првата фаза од оваа активност […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 00:56
•
Posted by: MK News
Според информациите на МКnews.MK во општина Сарај имало инцидент пред околу половина час. Нашите информации говорат дека имало пукање од огнено оружје, а имало и повредени.
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 00:09
•
Posted by: MK News
Во ВМРО-ДПМНЕ објавија дека нивниот кандидат Kоце Трајановски е победник во трката за градоначалник на Скопје. Според нецелосните податоци од Државната изборна комисија, пак, тој освои 37,39 отсто од гласовите. Зад него е Артан Груби од ДУИ со 27,11 отсто од гласовите, а Јани Макрадули од СДСМ е на трето место со освоени 18,70 отсто […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2013 00:01
•
Posted by: MK News
Демократската Унија за Интеграција и нејзиниот кандидат Фатмир Дехари се победници на Локалните избори 2013 во новоформираната општина Кичево, каде што според избирачкиот список имаше вкупно 48 047 гласачи Според партиски извори на коалицијата„ Кичевчани за Кичево“, на овие избори ДУИ освои вкупно 17 365 гласови, додека коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ освои вкупно […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2013 23:57
•
Posted by: MK News
Партијата ДУИ прогласни севкупна победа над ДПА на овие локални избори . нивни приврзаници веќе слават низ скопските улици. ПЛУСИНФО: ДУИ ФРЛА СО КАМЕЊА ПО АВТОБУСИ И СЛАВИ ПОБЕДА Видео – Бриф.мк
______________________________________________________________________________________________________