Ехх политика: Се ,,здтка,, на прес и доби отказ ? (Видео)


Отказ од работа поради лоша изјава заработи кандидатката за градоначалник на Велес од првиот изборен круг Тања Петровска од Социјал демократската партија. Оваа информација ја објави нејзиниот против кандидат од првиот изборен круг Аце Коцевски од СДСМ, пренесува Телма. Тој обвини дека со ова на дело се покажуваат методите кои ги користи владеачката партија.

tanja-sdpm-300x201Од општината Кисела вода во Скопје каде таа е привремено ангажирана, демантираат. Велат дека договорот се уште и` трае и истекува на 30 април. Во телефонски разговор Петровска одби да даде изјава само кусо одговори дека е на работа и се уште ги извршува своите обврски.

Вчера во обид да го подржи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Славчо Чадиев даде несмасна изјава која ја објави Телма и која предизвика низа реакции во јавноста. Петровска беше кандидат во првиот круг, не се промовираше ниту еднаш, а на вчерашното прво појавување во јавност на кое му ги преотстапи своите 122 гласа од првиот круг на Чадиев, го исчита напишаниот дел од изјавата, но не се снајде кога требаше да одговори на новинарски прашања.

Telma

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1