24/12/2025 11:11
•
Posted by: MK News
Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж и исчекување. Тие претставуваат мала пауза од рутината – простор за сонување во кој луѓето си ги проектираат сопствените желби. Во тие мигови очекувањето станува дел од доживувањето, а играта добива […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2025 10:02
•
Posted by: MK News
Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина. Како прва точка на дневниот ред е Предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2025 20:34
•
Posted by: MK News
Владата на денешната редовна 138 седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во траење од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука, соопшти извршната власт. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2025 15:31
•
Posted by: MK News
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во денешното годишно обраќање пред пратениците во Собранието повика на национален консензус во однос на евроинтеграциите и потенцира дека проблемот не е само административен туку лежи во уставните амандамни нагласувајќи дека тоа е политички критериум. Според неа, потребни се јасни гаранции од ЕУ и од Бугарија. Осврнувајќи се на трагедијата во […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2025 13:33
•
Posted by: MK News
Сметките ќе се зголемат од 57 денари месечно за домаќинствата што трошат само во првиот блок, до 900 денари за оние кои влегуваат и во најскапиот, четврти блок од 1 јануари 2026 година. Цената на струјата ќе биде повисока за 2,45% во првиот блок, за 2,87% во вториот блок, за 3,32% во третиот и за […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2025 11:28
•
Posted by: MK News
Интензивно се работи на изградба на кафилерија во Македонија, но и на решавање на проблемот со немање гробишта за домашни миленици. Како што вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, до средината на 2026 година се очекува да бидат договорени основите и за кафилеријата и за гробиштата за миленици […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2025 18:56
•
Posted by: MK News
Новогодишниот период носи посебна атмосфера – време кога сме поблиску едни до други, славиме нови почетоци, истовремено осврнувајќи се на годината што изминува. Во овие празнични денови секогаш го бараме идеалниот подарок што ќе ги израдува нашите најблиски. Вистинската вредност на подарокот се мери со насмевките и среќата што ја носи, па токму затоа овој […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2025 19:18
•
Posted by: MK News
Празниците се време за среќа, а во декември, месецот на желби и надежи, треба да се сонуваат големи соништа. Играта на среќа „Лото 7“, е најдостапната дестинација за сонување и носи многу можности за изненадување. Сите оние на коишто бројот 7 им е среќен број, ги потсетуваме дека од 10 до 31 декември играта на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2025 17:25
•
Posted by: MKD
Бенефити за граѓаните, бизнис секторот и туристичката индустрија се очекувањата од новата директна авиолинија Скопје-Прага на која од денеска сообраќа нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Ќе има летови секој понеделник, среда и петок. Во мрежата на дестинации на скопскиот аеродром од вечер дел ќе биде и рутата за Келн, со четири лета неделно на „Виз ер“, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2025 22:09
•
Posted by: MKD
Управата за јавни приходи информира дека до крајот на ноември спроведени се околу 4.000 контроли при што евидентирани се неправилности во делот на неиздавање на фискални сметки при што изречени се над 2.500 глоби, а на 113 даночни обврзници им е изречена забрана за вршење дејност. – Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2025 08:36
•
Posted by: MK News
Аце Боцевски, познат како Аце Циганот, македонски државјанин кој речиси три децении беше баран со европска потерница за убиство, нема да биде екстрадиран во Македонија. Солунскиот суд одлучил дека случајот е застарен и му ја укинал мерката притвор, објави грчката агенција АНА-МПА. Со отфрлање на барањето за екстрадиција, судиите одлучиле и да му ја укинат […]
______________________________________________________________________________________________________
28/11/2025 08:30
•
Posted by: MK News
Во Државна лотарија велат дека секоја недела во нивните благајни се запознаваат со по неколку добитници на премии и големи добивки од инстант лотаријата. Благодарение на богатата понуда на различни видови стокови и парични премии и многубројните големи добивки што ги носат инстант лозовите, речиси секојдневно се потврдува дека среќата е насекаде. Во богатата понуда […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2025 19:37
•
Posted by: MK News
Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите. „За предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите, во јавноста познато како линеарно зголемување не едонесена одлука. Судот укажува дека на 24. седница одржана на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2025 16:23

27/11/2025 09:32
•
Posted by: MK News
Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопанисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магацин кој се наоѓа во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2025 15:47
•
Posted by: MK News
Мерката за самовработување постигна рекорд со 6.045 поднесени апликации, што е доказ дека граѓаните имаат желба, знаење и доверба да изградат сопствен бизнис – изјави премиерот Христијан Мицкоски. Поради големиот интерес, Министерството за економија и труд, заедно со Агенцијата за вработување, ѝ предложија на Владата ревизија на Планот, со што беа обезбедени дополнителни 300 милиони […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2025 14:54
•
Posted by: MK News
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведува современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на концесиите за минерални суровини, соларна енергија и ветерни инсталации. Новиот систем им овозможува на инспекторите да вршат увид без секогаш да бидат физички присутни на терен. Дронот обезбедува побрза реакција, пократко време за контрола и непречено […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2025 16:45
•
Posted by: MK News
На патот кон интеграцијата во Европската Унија, Македонија треба да биде оценувана според реформите и чекорите што ги прави, а не според билатералните прашања и спорови. Ваква порака денеска прати македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, кој учествуваше на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст, во албанската престолнина, Тирана. Во своето обраќање на […]
______________________________________________________________________________________________________