25/02/2013 19:25
•
Posted by: MK News
Mакедонското студио за филмска и телевизиска продукција „Вертиго Висуал“, работеа на изработката на визуелните ефекти во филмот „Арго“, во режија на Бен Афлек, синоќа награден со Оскар за најдобар филм во 2012 година.
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2013 16:15
•
Posted by: MK News
Од опзициската коалција бараат доколку на советничките листи на здружената опозиција „Сојуз за иднината“ освои барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ, тогаш да има предвремени парламентарни избори.
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2013 15:56
•
Posted by: MK News
Околу 14 часот денеска Битола ја зафати силно невреме, проследено со обилни врнежи и грмотевици. Невремето беше проследено и со паѓање на големи количини на град. -Ваквото невреме што ја зафати Битола се должи на влажната воздушна маса која ја зафати Република Македонија од Медитеранот и нестабилното време, информираат од Метеоролошка станица во Битола. Курир
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2013 15:21
•
Posted by: MK News
Цените на бензините и на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемуваат за денар до денар и половина по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2013 14:57
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за доставување листи за градоначалници и советници за локалните избори закажани за 24-ти март, до 3-ти март 2013 година, со цел да се заштитат државните и национални интереси на Македонија.
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2013 14:48
•
Posted by: MK News
Најкритично е во селото Сушево. Срушени три мостови во оваа населено место, како и во Раборци и Сачево, а 50-тина метри асфалтен пат во Сушево е однесен. Срушени бандери, поплавени домови, уништени цели насади со земјоделски култури. Сушево е без струја и вода. Противпожарната Единица на Струмица со цистерни со вода ги снабдува жителите на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2013 14:34
•
Posted by: MK News
Членовите од потесното семејство, колегите, пријателите, студентите, како и претставниците на највисокиот државен врв денеска упатија последен поздрав за актерот и директор на Драмскиот театар, Бранко Ѓорчев кој по долгогодишно боледување почина во 50-тата година од животот.
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2013 13:26
•
Posted by: MK News
Поројни дождови, а потоа и поплави ни најавува Управата за хидрометеоролошки работи во својата вонредна прогноза за денеска и утре.
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Шестоодделенката од ОУ „Браќа Миладиновци“, Дани Жогоска е добитничка на прва награда на интернационалниот пијано натпревар „Даворин Јенко“ кој се одржа минатата недела во Белград.
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2013 10:59
•
Posted by: MK News
Состојбата е непроменета – информираат од РЦУК Бидејќи во последниве неколку часа, одредени електронски медиуми излегоа со информација дека браната во Слатино е целосно урната, потенцираме дека состојбата со браната на акумулацијата Слатино е сеуште непроменета и се преземаат соодветни мерки за да не дојде до нејзино целосно уривање, информираат од Центарот за управување со […]
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2013 08:36
•
Posted by: MK News
Драмски театар-Скопје денеска во 11 часот ќе одржи комеморација за актерот и директор на оваа национална установа Бранко Ѓорчев, кој по долго боледување почина завчера на 50-годишна возраст.
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2013 07:40
•
Posted by: MK News
Земјената брана на Слатинското Езеро целосно се урна вчера доцна попладне. Екипата нуркачи вчера не успеа да го ослободи главниот испустен вентил на езерото. Локалното население страхува од големи штети, бидејќи станува збор за големи количества акумулирана вода, која сега се излева преку Слатински Чифлик и Издеглавско Поле се до реката Сатеска. За среќа, на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 20:23
•
Posted by: MK News
Агенцијата за храна и ветерина ги заврши анализите за дел од млеката кои се продаваат во Македонија. Агенцијата гарантира дека во следните млека нема концентрација на афлатоксини над дозволените граници. За останатите млека испитувањата се во тек.
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 17:30
•
Posted by: MK News
Се влошува ситуацијата со распукнатата брана на Слатинско Езеро и во секој момент демне опасноста да се урне браната поради притисокот од водата.
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 17:00
•
Posted by: MK News
На денешниот конгрес на опозицијата во Куманово донесена е декларација за обнова на демократијата, слободата и правдата во Македонија. Еве што се вели во неа.
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 16:30
•
Posted by: MK News
Три различни бројки ќе стојат пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори. Сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат под редниот број 19 на гласчките ливчиња. Денешната жребка во ДИК одреди во местата каде што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 19 партии, односно онаму каде што ДОМ на Лиле Поповска има своја листа, […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 14:48
•
Posted by: MK News
Млекото и млечните продукти произведени во Македонија и во продажба кои беа тестирани се безбедни за употреба. Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека се работи за резултати од над 20 земени примероци, но од утре ќе се проверуваат и уште 15-ина други мостри од млеко за да се утврди присуство на афлатоксин. – Од […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 14:05
•
Posted by: MK News
Oд прес службата на Државната изборна комисија (ДИК) информираат дека жредбањето за редоследот на избирачките листови за локалните извори е одложено поради пад на компјутерскиот систем, пренесува Нова Македонија. ДИК денеска го одложи ждребањето закажано за 11 часот поради пад на компјутерскиот систем, па сеуште е неизвесно по кој ред ќе бидат напишани кандидатите за […]
______________________________________________________________________________________________________