24/02/2013 12:58
•
Posted by: MK News
Сите лидери на опозициските партии се присутни на конвенцијата на Сојузот на иднината предводен од СДСМ, која се одржува на точно два месеци по црниот понеделник.
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 12:18
•
Posted by: MK News
По долго боледување синоќа почина актерот Бранко Ѓорчев, директор на Драмскиот театар-Скопје. Ѓорчев е роден 1962 година во Неготино, во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности, во класата на проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како актер во Драмски театар-Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги, во матичниот театар и […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 12:11
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Попладне и кон крајот на денот ќе има поројни врнежи од дожд, локално проследени и со појава на грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од еден до четири, а дневната од 10 до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 11:30
•
Posted by: MK News
Ај пад мобилната апликација на Маја Мишева од Штип според американските ИТ експерти е најдобро изработен авторски проект помеѓу стотина пристигнати трудови од сите тамошни универзитети, објави Канал 5.
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Шефот на кабинетот на Премиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓернаскоро ќе скокне во тавче, објавува порталот Либертас, повикувајќи се на свои информации.
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Прегледот кај матичен лекар не се наплаќа. Не се наплаќа ниту ехо прегледот кај гинеколог, кој во здравствената легитимација е заведен како матичен лекар на пациентот.
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Нашата парола за овие избори во Струга е една и единствена-стружани за Струга, Струга за стружани. Да ги следиме постапките на нашите сестри и браќа од Мислешево и по победата на 24 март, да го кренеме јарболот и македонското знаме, рече Милошоски.
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Вчера, 23-02-2013, за време на одржувањето на Шарпланинскиот куп, пред неколку сведоци во викенд населбата на Попова Шапка, човек со пушка пукал во кучињата кои живеат на планината, информираше Асоцијацијата на активисти за права на животните (ААПЖ).
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Ситуацијата во Слатино и понатаму е алармантна. Од пукнатината на браната се уште истекува огромна количина на вода. Жителите од куќите кои се наоѓаат во долниот дел на селото се евакуирани во горниот дел на селото, каде нема опасност од поплавување, а евакуирана била и целата стока. Ризикот од уривање на браната сеуште е сериозен. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2013 21:40
•
Posted by: MK News
1.Го прифаќаме предлогот на Претседателот Иванов кој е веќе прифатен и од ВМРО-ДПМНЕ и предлагаме конституирање на експертската комисија пред почетокот на кампањата – за ова се потребни неколку денови. 2.Го прифаќаме предлогот на Премиерот Груевски, заедно да го донесеме изборниот законик со вградени препораки на ОБСЕ И ОДХР и да испратиме позитивна порака до […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2013 21:02
•
Posted by: MK News
Браната кај селото Слатино во општина Дебрца попуштила и дека од неа истекува поголемо количество вода, информираше Центарот за управување со кризи. На неколку семејства кои живеат во регионот на браната им е препорачано да се евакуираат и тие веќе се евакуирале, но од ЦУК убедуваат дека куќите се над нивото на водата.
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2013 15:26
•
Posted by: MK News
На местото викано Кршиколе или Крст, кај Смилковското езеро денеска беше поставен и осветен камен-темелник на црквата „Светите четириесет маченици – Младенци“ што ќе се гради во траен спомен на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стефковски, кои беа убиени на 13 април минатата година, на Велики четврток.
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2013 11:30
•
Posted by: MK News
Фолкерката Соња Тарчуловска денеска заминува за Германија во посета на сопругот Јохан, кој најверојатно за дваесетина дена, по цели 8 години поминати во затвор, прво во Шевенинген во Хаг, па потоа во Германија, конечно ќе биде пуштен на слобода и ќе се врати дома. Денеска заминувам за Германија да го видам Јохан. Се надевам дека […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2013 10:57
•
Posted by: MK News
Од понеделникот ниту еден литар домашно млеко не може да отиде во продажба ако нема доказ дека во него нема присуство на афлатоксин – пишува „Дневник“. Агенцијата за храна и ветеринарство го менува Правилникот за производство на млеко и млечни производи кој за кусо време ќе биде објавен во „Службен весник“.
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2013 10:50
•
Posted by: MK News
Поголема количина јаловина, завчера се одронила во рудникот „Суводол“ кај РЕК „Битола“, информираат од ЕЛЕМ.
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Битолчанката А.Н. (33), која била во четвртиот месец од бременоста, починала пред три дена, на Kлиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2013 10:10
•
Posted by: MK News
Коалицијата на опозицијата, предводена од СДСМ, полека се распаѓа, смета поранешниот претседател на Собранието и почесен член на Либералната партија (ЛП), коалициски партнер на СДСМ, Стојан Андов, во најновиот број на неделникот „Фокус“.
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Резултатите од „Мојот пратеник“ покажуваат дека Али Ахмети и Мендух Тачи се рекордери по бројот на отсуства од седниците
______________________________________________________________________________________________________