Archive | Македонија RSS feed for this section

Систина го тужи Боки 13 за неплатени 10.000 евра за операција за стеснување на желудникот

Приватната болница „Систина“ преку суд бара од Бојан Јовановски-Боки 13 да ѝ исплати 10.000 евра, долг кој наводно не го подмирил. Во Граѓанскиот суд денеска требаше да се оддржи рочиште, но истото беше одложено бидејќи адвокатот на Јовановски му го откажал полномошното. Расправата е одложена за 20-ти декември. Јовановски многу често поради проблеми со здравјето […]

______________________________________________________________________________________________________

РКЕ: Нема логика да работат топланите на високи температури, не можеме да им угодиме на сите потрошувачи

Во услови кога надоврешната температура во текот на денот е околу 23 степени Целзиусови не гледам логика во вечерните часови да работат топланите, бидејќи на тој начин само се троши гориво кое има најголемо влијание врз крајната цена што ја плаќаат потрошувачите за потрошената топлинска енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) […]

______________________________________________________________________________________________________

Обезбедена скапа биолошка терапија за жените со рак на дојка

Министерството за здравство соопшти дека се спроведуваат мерки и активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите со рак на дојка. Сите жени со рак на дојка имаат терапија. Со централизираната набавка обезбедени се над 30 молекули скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им биде достапна на […]

______________________________________________________________________________________________________

Исклучените пратеници без шанси за враќање во ВМРО-ДПМНЕ пред изборите

Речиси и да нема шанси пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат назад, брифираат извори до најголемата опозициска партија, пишува Press24.mk Според нив, воопшто и немало разговори на оваа тема ниту на средбата која што Мицкоски ја имал со нивната пратеничка група. Според неофицијални информации такво расположение немало ниту на едната ниту на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Шилегов ја купува зградата на Технометал Вардар, два трансфери за неколку дена!

Петре Шилегов кој, како што дознава порталот Вечер, за потреби на градот Скопје од Комерцијална Банка ја купува деловната зграда на Технометал Вардар, сместена на улица Македонија, во центар. Симпоматично е и што зградата на Технометал Вардар се купува веднаш по продажбата на Градска куќа што јасно покажува дека пазарот со Комерцијална банка е договоран […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако возилото ви ,,БУЧИ,, ќе ви биде ОДЗЕМЕНО

На седница, Владата на РСМ усвои предлози и измени на серија закони од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласувањето со претходно донесениот Законот за прекршоци. Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека со измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, времено ќе бидат одземени возила кои предизвикуваат голема бучава […]

______________________________________________________________________________________________________

Сасоли: Немојте да жалите што го сменивте уставното име, треба да се гордеете

Покрај пораката дека ветото за старт на преговори со Европска унија на Македонија и на Албанија не е историска грешка, туку историско одложување, претседателот на Европски парламент, Давид Сасоли, од говорницата на македонското Собрание и со свое видување за промената на државното име. „Процесот на преговори треба да започне, и тоа што е можно поскоро. […]

______________________________________________________________________________________________________

Децата ќе учат за сексот – Се воведува сексуално образование во основните училишта

На седница, Владата ја прифати Информацијата на Министерството за образование и наука за воведување пилот програма за сеопфатно сексуално образование во 9-тиот степен на основното образование во четири училишта, две во урбана средина, едно во рурална средина и едно училиште каде мнозинство од учениците се од малцинските етнички заедници. Пилотирањето, согласно Акцискиот план е предвидено […]

______________________________________________________________________________________________________

Макрадули: Изворот на загадувањето е од домашното затоплување

„Овој дом верува дека државата (не) презема соодветни мерки за справувањето со загадувањето“ е темата на која вечерва се дебатира во Младинскиот културен центар, кино „Фросина“. Организатор на дебатата е Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС). Дебатата е во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Затворениците ќе се грат на парно – Владата ќе го гасифицира Идризово

Влада на денешната 162 редовна седница ја одобри гасификација на КПУ Затвор Скопје за намалување на аерозагадувањето, обезбеди буџет за изградба на детски градинки во Чаир и Лозово и за опрема во градинките во Куманово, Брвеница и Босилово, а ја започнува и подготовката за пилот програма за сексуално образование. На седница, соопшти владиниот Сектор за […]

______________________________________________________________________________________________________

Манчевски: И ние сме за Груевски да се врати во државата, ама да одговара пред судовите

-Ние денес се соочуваме со еден многу јасен избор. Едниот е правиот пат, патот кој значи градење на патишта, раст на плати, влез во НАТО и ЕУ, владеење на правато. Втората опција е на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е опција на неизвесност, истакна потпреседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Македонски Брод. […]

______________________________________________________________________________________________________

СКАНДАЛ НА ПОВИДОК? Домашна фирма за нафтени деривати треба да плати околу 2 мил евра глоба на Царина?!!

Канал 5 ТВ дознава дека една компанија која се занимава со увоз на нафтени деривати и продажба на истите, и која неретко добива тендери од јавни претпријатија и општински компании, направила сериозен прекршок Имено, таа фирма при царинењето на нафтените деривати, случајно или намерно ги пријавувала деривати под „погрешна“ единица мерка, при што е направена […]

______________________________________________________________________________________________________

Седницата за избор на нов потпретседател на Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери, 116. седница на која на дневен ред е предлогот за избор на потпретседател на законодавниот дом ја закажа за денес. Зеќир Рамчиловиќ, кој од 1 ноември во Парламентот функционира како независен пратеник, е предложен да биде нов потпретседател на законодавниот дом од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ. Групата […]

______________________________________________________________________________________________________

12 пратеници со иницијатива за една изборна единица

Иницијативата за промена на изборниот модел со една изборна единица наместо со сегашните шест, зад која застанаа 15 пратеници, во најскоро време ќе поднесе закон за измени на Изборното законодавство во кој ќе се имплементира нивното барање за кое имаат поддршка и од владејачката СДСМ. Предлагаат отворените листи што ги иницираат да се воведат од […]

______________________________________________________________________________________________________

Героски: Заев, Дончев и Филипче објективно ја злоупотребиле службената должност во Рекет 2

Бранко Героски, новинарот кој ги разоткри криминалните дејства на луѓето околу и во владејачката партија СДСМ, за „Што не е јасно“ на телевизија Алфа рече дека не може да каже кој е „брадестиот човек“, односно свештеното лице, коешто посредувало во рекетот на Дијамед од страна на Ден Дончев. -За жал не можам да кажам повеќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Со една избoрна единица добива демократијата, СДСМ дава поддршка за промена на изборниот модел

Дебатата за промена на изборниот модел е значаен чекор, особено што и слободата и демократијата се во ваков амбинет и на високо ниво истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на јавната расправа во Собранието, се наведува во партиското соопштение. Државата е подготвена, подготвена е и ДИК и нема законски ниту правни пречки, ако Собранието, пратениците […]

______________________________________________________________________________________________________

Врнежи, грмежи и пад на температурите – УХМР со предупредување за промена на времето

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи. Времето денес ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува и слаб до умерен […]

______________________________________________________________________________________________________

Героски за Рекет: Имав непријатни разговори, притисоци од Кирацовски, ме следеа…

Новинарот Бранко Героски, кој со своите колумни ги разоткри аферите Рекет 1 и 2, во гостувањето во „Што не е јасно“ на телевизија Алфа, проговори за процесот на разоткривање на аферите, заканите и притисоците врз него, како и за физичките следења од страна на луѓе кои решиле да се занимаваат со движењата на новинарот. Иако […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1