Archive | Македонија RSS feed for this section

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НА ПРИЕМ КАЈ КРАЛОТ ЧАРЛС

Обединетото Кралство се сериозно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, рече вицепремиерот Александар Николоски по средбата со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан. На средбата присуствуваа и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски. Николоски најави голем број средби со […]

______________________________________________________________________________________________________

Продолжен притворот на Нино Васев за нови 30 дена

Основниот кривичен суд му го продолжи притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, за уште еден месец. Неговиот адвокат Боби Спирковски најави жалба до Апелациониот суд, посочувајќи дека притворот е неоправдан и дека обвинението се темели на „вештачки конструирани“ дела. Спирковски истакна дека одбраната приложила нови докази кои, според него, покажуваат дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Алармантна состојба, вонреден инспекциски надзор поради сметот во Скопје

Владата на денешната седница ги задолжи МВР заедно со државниот комунален инспекторат, инспекторатот за животна средина, санитарен и здравствен инспекторат и институтот за јавно здравје да почнат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и Јавното претпријатие Комунална Хигиена, откако градот со месеци е затрупан со смет и отпад а граѓаните алармираат секојдневно за проблемот. Влада […]

______________________________________________________________________________________________________

Мисајловски: Повикуваме на масовна излезност во втор круг, ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места

„ВМРО-ДПМНЕ покрај огромниот успех на избрани 33 градоначалници уште во првиот круг, има огромен успех на советничките листи со 550 избрани советници во советите на општините и градот Скопје“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ  и додава: 550 советнички места за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 232 за СДС, 153 за ДУИ, 66 за Левица се доказ дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Во овие четири општини и официјално нема цензус, ќе има прегласување

Државната изборна комисија на вечерната седница соопшти дека во четири општини ќе се одржи прегласување поради тоа што не е исполнет цензусот на излезност. Прегласувањето ќе се одржи во општините Врапчиште, Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Гостивар. Според податоците од првиот круг на гласање, излезноста во овие општини беше релативно ниска: Врапчиште – 25,18%Маврово […]

______________________________________________________________________________________________________

Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски и кандидат за уште еден мандат прогласи победа во првиот круг од денешните локални избори.  „Народе мој, прогласувам победа во првиот изборен круг! Ви благодарам на довербата, никогаш нема да ве изневерам!“ – објави тој на фејсбук.  Според досегашните резултати на ДИК, Стефковски е со убедлива предност пред […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во 18 општини: Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Прилеп, Битола, Гевгелија…

ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласи победа уште во првиот круг во 18 општини. Меѓу нив и во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Бутел, Битола, Прилеп, Гевгелија, Аеродром… Ова го соопшти Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција. „Се одбраа градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК објавува резултати – следете во живо

ДИК за почна да објавува резултати од локалните избори кои се одржаа денеска. Во живо може да го следите развојот на настаните и официјални и проверени информации на следниот ЛИНК.

______________________________________________________________________________________________________

Јакимовски: Со Лукровски сме речиси пата-пата, во вториот круг очекувам поддршка од сите опозициски сили

Кандидатот на коалицијата „Искуство за успех“ за градоначалник на општина Капрош, Стевче Јакимовски, вечерва на прес-конференција соопшти дека влегува во втор круг и дека на 2 ноември ја очекува поддршката од сите опозициски сили. „Влегуваме во втор круг. Од преброени над 40 отсто од гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, води со 266 гласа, што […]

______________________________________________________________________________________________________

Меџити: Ова е заедничка победа за сите жители на Чаир

Изет Меџити, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, оствари значајна победа на локалните избори, објави тој на својата официјална страница. Во обраќањето до граѓаните, Меџити изрази искрена благодарност до секој граѓанин кој излезе и гласаше, нагласувајќи дека оваа победа е резултат на довербата, храброста и посветеноста на жителите на Чаир. „Секој глас […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитријевиќ: СДСМ очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип

Генерално имаше мирен ден, но за жал констатиравме и бројни прекршувања на изборниот процес. Злоупотреба на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, кршење на изборниот молк преку агитирање и како и нерегуларности при самото гласање, истакна на прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Во Лозово на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ ВО 51 ОПШТИНИ Вреди води во 9 општини, ДУИ во 6

51 кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е во водство во првиот круг од локалните избори, според првите официјални резултати што ги објави Државната изборна комисија. Вреди води во 9 општини, ДУИ води во 6, СДСМ во 9 општини, Демократска патија на Турците во 1 општина.Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, а Максим Димитриевски води во Куманово. […]

______________________________________________________________________________________________________

Во ЖИВО: Прес конференција на СДСМ

Од прес центарот на СДСМ во живо на прес конференцијата, на која се очекува да се соопштат првите впечатоци и извештаи од изборниот ден.

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: Ѓорѓиевски 42,22%, Мециновиќ 11,00%, Шукова 8,73%

Стигнаа и првите резултати од Државната изборна комисија за градоначалник на Скопје, Од деосега преброените гласови, процентите на освоена доверба на глсачите за градоначалник на главниот град се следниве.Првични резултати за градоначалник на Скопје.Извор ДИК:ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ (ВМРО-ДПМНЕ) 42,22%;АМАР МЕЦИНОВИЌ (ЛЕВИЦА) 11,00%;КАЈА ШУКОВА (СДСМ) 8,73% Обработени 23,56% од избирачите – Во моментов, водечка позиција во трката […]

______________________________________________________________________________________________________

Иван Јорданов прогласи победа во Штип – со разлика од над 15.000 гласови

Актуелниот градоначалник на Штип и кандидат за нов мандат од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Иван Јорданов прогласи победа. – Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1! Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа. На овие избори победи вербата во […]

______________________________________________________________________________________________________

ДУИ прогласи победа во Липково и Пласница

Демократската унија за интеграција прогласи победа уште во првиот круг во две Општини. Арбер Адеми соопшти дека Липково и Пласница добиле градоначалници од редовите на ДУИ. Со победа во првиот круг избори во Липково е завршен изборниот процес и без втор круг Еркан Арифи победи со сооднос 3:1. Исто така изборите завршија во Пласница, каде […]

______________________________________________________________________________________________________

Проданоски најави голема победа во Прилеп: „Ова е триумф на делата и чесноста“

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, најави голема двојна победа на партијата и коалицијата уште во првиот изборен круг. „Ова е победа на делата, на чесноста и на вистинските луѓе. Прилепчани покажаа дека ја препознаваат вистинската работа и вистинскиот човек. Ова не е само победа, ова е порака дека заедно ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Пецаков прогласи победа во Охрид: „Историска победа! Ви благодарам Охриде!“

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, веќе прогласи победа во првиот круг. Историска победа!!! објави Скопје1.мк

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1