Archive | Македонија RSS feed for this section

Дончев: Од утре се укинуваат квотите за лекови

Граѓаните од утре ќе можат да добијат лек што им е препишан на рецепт од која било аптека во државата и во кој бил ден во месецот. Од утре се укинуваат квотите за лековите и се воведува нов електронски систем во кој ќе се регистрираат граѓаните кои подигнале лек на рецепт. На денешната прес-конференција во […]

______________________________________________________________________________________________________

Алексис Ципрас денес пристигнува во Скопје, попладнево ќе се сретне со премиерот Заев

Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас денеска пристигнува во Скопје, а во попладневните часови ќе има средба со премиерот Зоран Заев, соопштуваат од грчката опозициска партија. Ципрас утре ќе учествува на Самитот на „Економист“,„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“, посветен на Западен Балкан, а на посебна панел дискусија, заедно со Зоран Заев […]

______________________________________________________________________________________________________

Заеви се сретнаа со Трамп и Меланија

Премиерот Заев и сопругата Зорица присуствуваа на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН. Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН. Претседателот ни упати порака […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: За првпат ви се обраќам како претставник на Република Северна Македонија

Договорот од Преспа и Договорот за пријателство со Бугарија беа главните теми на премиерот Зоран Заев во обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации Мојата земја е членка на Обединетите Нации од 1993 година, но денес за прв пат ви се обраќам како претставник на Република Северна Македонија. Оваа година стапи во сила Спогодбата од […]

______________________________________________________________________________________________________

Температура до 32 степени: Следната недела ќе биде топла

Сончевото и топло време во земјава ќе се задржи до крајот на наредната недела, информира УХМР. Во наредните денови ќе има пораст на дневната температура која ќе достигне до 32 степена. Минималната утринска температута ќе се спушти до пет степени.

______________________________________________________________________________________________________

Истрагата за „Рекет“ завршена – Боки 13 и Јанева остануваат во Шутка, Кичеец оди во домашен притвор

Аферата „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку пред се, заради нас самите. Не смееме да ги толерираме евентуалните странични влијанија без разлика од која страна доаѓаат. Оваa порака вчера ја испрати претседателот Стево Пендаровски на третата пленарна сесија на Националната […]

______________________________________________________________________________________________________

Инцидент во болницата „8 Септември“ – вработените на протест

Персоналот од Одделот за интензивна нега на болницата „8 Септември” утрово протестира пред канцеларијата на директорот Христијан Костов. Причината е напад врз персоналот од роднини на починат пациент. Инцидентот се случил синоќа, интервенирала и полицијата, објави „360 степени“. -Не знаевме од која страна ќе не удрат, можеа пиштол да ни извадат. Џабе ми е изјава, […]

______________________________________________________________________________________________________

Бундестагот даде зелено светло на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ

Со 476 гласа за и 122 против , како и 16 воздржани пратеници , Бундестагот го одобри почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ . Пратениците во исто време гласаа и за почеток на преговорите на Албанија. На седницата во Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања , Бујар Османи , кој беше поздравен од […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата упаднала во редакцијата на „Нетпрес“

Тројца инспектори од одделот за економски криминал при МВР утринава дојдоа во редакцијата на „НетПрес“ по наредба, како што рекле, на јавен обвинител, објави „НетПрес“. Како шо информира поарталот, тие извршиле разговор со главниот уредник во врска со објавен текст за случајот со тендерот на Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација (М-Нав) ) за набавка на […]

______________________________________________________________________________________________________

Катица Јанева донесена во обвинителството, ќе врши увид во доказите за „Рекет

Јанева во Обвинителството ќе го искористи правото да изврши увид во доказите за случајот „Рекет”. Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет” попладнево со полициско возило и придружба од КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор, беше донесена во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Јанева во Обвинителството ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Геровски: Верушевски му заби нож во грб на Заев

Новинарот Бранко Геровски кој прв пишуваше под псевдоними за аферата „Рекет“ во гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ24, потенцираше дека ако имало инволвираност на политичарите во делот на изнудата, на земање на поткуп или злосторничко здружување, дека тоа е предмет за јавниот обвинител. Според него, истрагата не е завршена, но дека нема дилеми дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски: Гоце Делчев не можел да се пише како Македонец

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за Сител запрашан за можноста да се постигне договор за тоа чив е Гоце Делчев рече дека тоа е неспорно. Според него, Делчев е еден од темелите на македонската државност кој се борел за автономна и самостојна Македонија. – Еве ви еден практичен пример. Денес, јас или вие ако бараме […]

______________________________________________________________________________________________________

Новинари протестираат против апceња и пpoгони пред Обвинителството

Група новинари денеска се собраа на протест како поддршка за новинарот на „Инфомакс“, Александар Митовски. Против него е поднесено обвинение за објавување на материјали за случајот „Рекет“. „Уапсен“ микрофон со лисици и „заробена“ новинарска облека денеска беа донесени пред Обвинителството, како знак за поддршка на медиумите.

______________________________________________________________________________________________________

АВМУ: Објавување документи со информации од висок јавен интерес суштинска задача на медиумите

Објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) по повод одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинителен акт за оддавање […]

______________________________________________________________________________________________________

Фетаи: Исказот на Верушевски за „бомбите” нема да влија на постапките

Прислушуваните материјали како доказ се признати и поткрепени со материјални и вербални докази. Изјавата на Зоран Верушевски во сведочењето пред судот за „Таргет – Тврдина” за модифицирање и компромитирање на „бомбите”, нема да влијае врз постапките што ги водеше СЈО, а ги презеде и сега ги застапува редовното обвинителство, оцени денеска обвинителката Фатиме Фетаи. – […]

______________________________________________________________________________________________________

Рахиќ: Јанева не е сместена во хашкото одделение, таму е Јовановски

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева не е сместена во хашкото одделение. Таму е сместен Бојан Јовановски затоа што прв дојде откако му беше изречен притвор, одговори денеска директорот на КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ, на новинарското прашање пред почетокот на конференцијата „Проект за реконструкција на казнено-поправните установи во Северна Македонија“ во Скопје. – […]

______________________________________________________________________________________________________

Боки 13 и Јанева имаат доктор и фризер на располагање во затворот во Шутка

Извори од затворот во Шутка за „Независен весник“ објаснуваат оти правилата на однесување во ќелиите и меѓу ѕидовите во казнено-поправната установа се идентични за сите, без оглед што самите услови за престој се многу подобри во популарните хашки ќелии каде што е сместен Јовановски. „Адвокатот на притворените може да дојде кога сака и без надзор […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицотакис до Заев: Немаше да го потпишам Договорот од Преспа

Шефот на грчката Влада Кирјакос Мицотакис на вчерашната средба со премиерот Зоран Заев во Њујорк, рекол дека тој лично немало да го потпише Договорот од Преспа, но додал дека по ратификацијата, договорот веќе е дел од меѓународното право и Грција мора да го почитува, брифираат владини извори во Атина за грчките медиуми. Како што jави […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1