Archive | Македонија RSS feed for this section

Момчето со изгореници од струен удар ќе се лекува во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое завчера се здоби со изгореници од струен удар, вчера е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот. Како што се посочува, станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници. Обезбедено е санитетско возило од брзата помош и тргнати […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот цвета, а ништо не се презема

Релевантни меѓународни истражувања и анализи, поткрепени со сведоштва, презентирани неодамна во Виена покажуваат дека мафијата во Македонија си добила држава, рече Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. И повторно наместо одговорност за состојбата тие убедуваат дека информациите од Глобалната иницијатива против организираниот криминал, кои што беа пренесени од светските медиуми, Оливер Спасовски и Зоран Заев по […]

______________________________________________________________________________________________________

Имате уште само 7 дена да ги проверите годишните даночни пријави

Даночните обврзници имаат рок уште седум дена за проверка на податоците од своите претпополнети годишни даночни пријави, кои ги добија по електронски пат. До 31 мај, треба да ги потврдат или да извршат корекција. На крајот од месецов УЈП ги заклучува профилите и пријавите се сметаат за конечни. А, потоа ќе бидат разгледани од службата […]

______________________________________________________________________________________________________

„Нефа мебел“ се затвори преку ноќ- стотици купувачи платиле мебел а не го добиле

Српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ вчера без најава ги затвори сите продавници во Србија и Македонија, а стотици купувачи во обете земји останаа без можност да ги добијат однапред платените нарачки. Руската компанија „Спилит“ која го призведува мебелот што го продава „Нефа“, пред два дена преку ноќ побегна од Врање и остави долгови и […]

______________________________________________________________________________________________________

Затворено хируршкото одделение во Струга, 16% од вработените се заразени со морбили

Во хируршкото одделение во Општата болница Струга се заболени 16 отсто од вработнеите, односно девет од вкупно 56 здравствени работници кои работат на ова одделение, додека пет имаат прележано и се на своето работно место. Ова го соопшти заменик министерот д-р Асим Муса откако во медиумите излезе информација дека одделението е затворено поради заболување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Управниот суд донесе пресуда: Раскинувањето на Договорот за Казандол е законито

Раскинувањето на Договорот за Казандол од страна на Владата според Уставниот суд, е законито. Судот донесе пресуда во корист на Владата во врска со рудникот „Казандол“, информираат од Владата. Управниот суд, одлучувајќи по тужбата на тужителот „Друштво за експлоатација, преработка, и производство Сардич МЦ“ ДОО, увоз-извоз, Скопје против Одлуката на Владата од 27.3.2018 година, за […]

______________________________________________________________________________________________________

МЗ: Момчето со изгореници од струен удар во Трубарево во најбрзо време ќе биде пренесено на лекување во странство

Министерството за здравство соопшти дека со Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање и дека во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз за момчето кое вчера во близина на железничката станица Трубарево се здоби со изгореници од струен удар, во најбрзо време да биде пренесено на лекување во […]

______________________________________________________________________________________________________

Конгресот ја потврди Кејт Mари Брнс како нов амбасадор на САД во Mакедонија

Сенатот на САД ја потврди кејт Mари Брнс за нова амбасадорка во Mакедонија, објавено е на официјлната веб страна на Kонгресот. Брнс e дипломат од кариера и досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Aтина, a претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена. На сослушување во Сенатот, Брнс […]

______________________________________________________________________________________________________

Изгаснат пожарот во зградата во Карпош 4

Пожарот кој избувна во зграда во населбата Карпош 4 е изгаснат. Полицијата нема информации за причината за пожарот. Сопственикот на станот е префрлен на Токсикологија. Дел од станарите беа евакуирани. После половина час дејствување на противпожарните екипи, пожарот што изутринава избувна во стан во скопската населба Карпош – 4 е изгаснат. Според досегашните податоци, сопственикот […]

______________________________________________________________________________________________________

Нека ни е честит, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во целата византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик ги создале и првото писмо и азбуката и ги поставиле правилата за пишување. Македонската делегација досега […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Извлечен сопственикот на станот кој гори во Карпош – „Врие” пред зградата

Пожар беснее во кула во Kарпош 4. Пожарникарите го извлекоа сопственикот на опожарениот стан во една од кулата близначки, информира екипата на Слободен печат која е на терен и будно ја следи ситуацијата. За потсетување, станува збор за стан на 16-ти кат, а неофицијално пожарот е предизвикан од плинска боца. Голем дел од станарите се […]

______________________________________________________________________________________________________

Метлата „заигра”: Заев ја донесе првата одлука

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. -Синоќа донесов одлуки, а денеска е ред да ги споделам – ќе бидат изработени решенија од страна на администрацијата на СДСМ и во текот на денов ќе ги потпишам решенијата. Одлуката е – се разрешуваат сите претседатели […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ:Оставката на Богоевски е обид да се избегне кривична одговорност

Денеска граѓаните беа сведоци на лажно продавање на морал од луѓе како Павле Богоевски, кој беше фатен како вршел кривични дела додека ја извршувал пратеничката функција, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата оставка не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминалот, тој мора да сноси кривична одговорност за трговија на нарко-пазарот. Павле […]

______________________________________________________________________________________________________

Исклучените од парно, што добиле сметки за април, да не ги плаќаат

Граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење, а добиле сметки за април да не ги плаќаат, апелираат од Регулаторната комисија за енергетика. На прес-конференција денеска појаснија дека сметките ќе бидат сторнирани. Исклучените од парното до крајот на мај треба да поднесат документација до БЕГ и да докажат дека живеат или ги издаваат становите […]

______________________________________________________________________________________________________

Богоевски: Вредностите се над функцијата

Пратеникот Павле Богоевски кој денеска објави дека си поднесува оставка од пратеничката функција, попладнево преку Фејсбук порача дека му било чест изминативе две години да ѝ служи на државата. „Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Одлуката на Богоевски е храбра

Павле Богоевски денеска на седницата за одземање на мандатот на Груевски, поднесе оставка по скандалот со видеото кое се појави, за кое тој тврдеше дека нарачува масло од канабис за медицински цели. Тој на седницата за одземање на мандатот на Груевски кој шест месеци е неоправдано отсутен, кажа дека гласот за одземање на мандатот, ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Богоевски даде оставка

Поскапува влезот во скопската Зоолошка градина

Билетот за влез во скопската Зоолошка градина ќе поскапи и наместо 50 денари ќе биде 80. Влезот за деца до 3 години и натаму останува бесплатен. Оваа одлука за промена на цената за влез во Зоолошката ќе се најде на дневен ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и доколку биде усвоена треба […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1