09/04/2019 13:29
•
Posted by: MK News
Утрово на редовната 129 седница на македонската влада, била донесена одлука за преименување на скопскиот стадион во Национална арена „Тоше Проески“, соопшти на „Твитер“ портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. Тој додаде дека преименувањето на арената е во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја.
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2019 13:23
•
Posted by: MK News
Постапка за помилување може да се води единствено преку Министерството за правда, од каде, како што велат досега не се стигнати барања за помилувања на осудени лица за настаните во Собранието од 27-ми април 2017 година. Министерката за правда Рената Тренеска-Дескоска вели дека нема законска можност да се води постапка за помилување од страна на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2019 14:44
•
Posted by: MK News
Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш нема да го имаат…”, изјави реис Сулејман Реџепи, поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија. Церемонијата се одржала на 14 март, а на својот […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2019 14:33
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија нема да организира гласање во избирачки места со помалку од 10 избирачи. На денешната седница, ДИК објави дека во државата има 82 избирачки места распоредени во 28 општински изборни комисии каде запишаните избирачи нема да можат да го остварат своето право на избор во местото на живеење. Сепак, од ДИК велат дека […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2019 13:49
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за битолската ТВ ТЕРА рече дека на лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски му понудил учество во техничка влада со цел заеднички да се поддржи Преспанскиот договор, но не на тој начин како што тоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го објави. – Тоа не е така, тоа не е […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2019 13:46
•
Posted by: MK News
Драмскиот Театар Скопје со тага се прости од Билјана Беличанец Алексиќ која беше една од нивните најдобри и најталентирани актерки. – Огромна празнина останува во Драмски. Нашата Билјана Беличанец е неповторлива. Почивај во мир, напишаа од Драмски.
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2019 13:44
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска на Фејсбук се прости со Билјана Беличанец Алексиќ. – Луѓето коишто со своите дела оставаат трага никогаш не умираат. Почивај во мир Билјана, напиша тој. Актерката беше пронајдена мртва во својот дом синоќа, извршен е увид, а телото е на обдукција.
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2019 13:40
•
Posted by: MK News
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и со лекари по судска медицина синоќа изврши увид на лице место во стан во Скопје, каде беше пронајдено починато женско лице. Безживотното тело на починатата го пронашол нејзиниот сопруг, кој ја известил полицијата. Телото на починатата е […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2019 12:18
•
Posted by: MK News
Многумина од нејзините колеги се простуваат од неа преку социјалните мрежи, а очигледно Беличанец ќе остане запаметена пред се како добар човек, а потоа и како актерка, мајка, сопруга. Нејзиниот колега Драган Спасов – Дац се прости со многу емотивна порака. Тој го напиша следното: За Беличанев последно збогум напиша и актерката Јелена Жугиќ. И […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2019 11:41
•
Posted by: MK News
Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје. МВР соопшти дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2019 19:54
•
Posted by: MK News
Кандидатот за претседател, Блерим Река во вечерашната дебата на Телма рече дека и покрај тоа што е поддржан од Алијансата на Албанците и Беса, тој е независен кандидат. -Многу јасно и гласно кажав дека ќе бидам независен кога се кандидирав. Тоа што двете партии ме поддржаа е за поздравување, тие поддржаа независен кандидат. Кога видов […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2019 19:50
•
Posted by: MK News
Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски во вечерашната дебата на телевизија Телма ја праша противкандидатката Гордана Силјановска Давкова како ќе го подобри Договорот од Преспа, а потоа тоа да биде ратификувано и во грчкиот Парламент. -Не ми е јасно како Силјановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2019 19:49
•
Posted by: MK News
На првата претседателска дебата на Телма телевизија кандидатката за претседател професорката Силјановска Давкова вели дека ниту еден договор никогаш не е финален, и во името на владеењето на правото и правдата и почитувањето на jus cogens, еден ден со правни аргументи може да се оспорат низа решенија од Преспанскиот договор. – Без две страни нема, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2019 19:36
•
Posted by: MK News
Во текот на изминатата недела, регистрирани се пет смртни случаи асоцирани со грип, од тоа кај две лица е утврдена претходна хронична болест/ко-морбидитет. Петмината починати се од Скопје, Делчево, Крива Паланка, Охрид и Тетово, на возраст од 39-75 години, соопшти Институтот за јавно здравје. Кај тројца од починатите е изолиран А(H1pdm) вирусот на грип, а […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2019 19:30
•
Posted by: MK News
Неколку македонски приватни компании ќе го продолжат породилното отсуство од девет на 12 месеци за своите вработени. Оваа иницијатива денеска на работната средба со Стопанските комори ја поддржаа и премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. – Ова е една прекрасна иницијатива на македонски компании и претставува одличен урнек, пример, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2019 17:50
•
Posted by: MK News
Телата на загинатите од авионската несреќа кај Солунска Глава се изгорени и во нив не се најдени документи, пренесува бугарскаНова тв. Според информациите загинатите не можат да бидат распознаени и треба да се земе ДНК од нивни блиски. Георги, Гергана, Билјана и Калина Бошнакови се четирите жртви во вчерашната авионска несреќа кај Солунска глава. Се […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2019 17:47
•
Posted by: MK News
Партиските преговори за статусот на специјалнотот јавно обвинителство во ќор сокак. Партиите признаваат дека по оптимистичката четврта средба, преговорите се во целосно затишје. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинубаат кој го кочи процесот за тоа дали да се продолжи мандатот на Катица Јанева, дали снимките ќе можат да се користат како докази пред суд и […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2019 17:46
•
Posted by: MK News
Од 50 до 70% ќе се намалат цените во роаминг од ова лето. Намалените цени ќе важат во земјите од Западен Балкан во кој освен државава влегуваат и Албанија, Косово, Србија, Црна Гора И Босна и Херцеговина. Ова намалување практично ќе изгледа вака: ако досега за излезен повик сме плаќале над 13 и пол денари […]
______________________________________________________________________________________________________