Archive | Македонија RSS feed for this section

„Заедно напред”, слоган на Пендаровски за шестите претседателски избори

Под слоганот „Заедно напред”, кандидатот на владината коалиција, Стево Пендаровски ќе ја започне кампањата за шестите претседателски избори во нашата земја. Слоганот на кампањата за кандидатот за претседател со број 3, Пендаровски, бил договорен на работна средба на Централниот изборен штаб на СДСМ и коалицијата на која присуствувале сите министри, градоначалници и функционери на партијата. […]

______________________________________________________________________________________________________

Макрадули: На див објект не може да му е местото во заштитено подрачје

На див објект не може да му е местото во заштитено подрачје, вели заменик министерот за животна средина Макрадули. Но, постои можност да влезе во новиот закон за Матка, пренесува Канал 5. Активностите на спорната платформа моментално стагнираат бидејќи постапката за нејзиното легализирање е во тек. И покрај консензусот од клучните институции дека дивоградба е […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски за ИВЗ: Владата на чело со Заев нема да дозволи уцени од било кого

ИВЗ ја обвини Владата за бавната постапка за денационализација,како и за секојдневните проблеми кои ИВЗ ги имала од органите на власта кои ја попречувале во нејзината работа и секојдневната активност на одржување на верските објекти. За министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, писмото на ИВЗ е уцена, а според него потребен е дијалог. „Сметаме дека […]

______________________________________________________________________________________________________

ИВЗ се жали дека е дискриминирана – на Владата ѝ се закани со 700 џамии

Македонската влада и Исламската верска заедница (ИВЗ) деновиве си разменија писма во кои преовладува остар тон, и во кои „се бројат денови“ за решавање на проблемот со вакувски имот, кој е предмет на денационализација. Најпрвин поглаварот на ИВЗ, Реисул-Улема Х. Селејман ефенди Реџепи испратил писмо до претседателот на Собранието, до претседателот на Владата и до […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Се што поминавме не беше лесно но го направивме за иднината

Премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук и објави видео за членството во НАТО. – Во нашата земја многу генерации напорно работеа на остварувањето на оваа наша историска цел и достигнување. Процесите што ги поминавме не беа лесни, но беа исклучително важни за иднината на нашата земја. Нашето членство во НАТО дополнително ќе придонесе за […]

______________________________________________________________________________________________________

Пријавете ако ве нападне куче – Град Скопје ќе ви исплати од 60.000-180.000 денари

Секојдневно полициските билтени се полнат со вести за скопјани и скопјанки нападнати од кучиња скитници, но ваков проблем нема само во Скопје, туку и во сите градови низ Македонија. Последниот случај е завчера на Плоштадот Македонија. Во 16,00 часот во Полициската станица Центар, 81-годишниот В.В. од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитриев: Владата на Заев разочара побргу и од очекуваното

Поранешниот премиер, а сегашен пратеник, Емил Димитриев, во интервју за „Независен весник“ говори за интегритетот на интелектуалците, новата оперативно-техничка агенција, , безбедносните прашања, претседателските кандидати, Владата на Заев итн… -Оваа Влада е типичен пример како во желбата да биде соборена претходната влада, без да биде подготвена од програмски и човечки аспект, дојде на власт со […]

______________________________________________________________________________________________________

По номинацијата на Заев, Милчин порачува: За Нобелова награда беа номинирани и Хитлер, Сталин и Мусолини!

Премиерот Зоран Заев доби номинација за Нобеловата награда. Поранешниот прв човек на СОРОС Македонија, Владимир Милчин на Фејсбук сподели вест која говори дека номинација за Нобелова награда имаат добиено Хитлер, Сталин и Мусолини.

______________________________________________________________________________________________________

Протест за Абдулфета Алими – и Села на протестот

Демонстранти се собраа пред споменикот на Скендер Бег, од каде ќе се упатат на протест кон кривичниот Суда, против одлуката на Судот Абдулфета Алими да биде осуден на 7. години затвор за настаните во Собранието. На протестот, како што пренесува Фокус, излезе и претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, според кој осудениот Абдулфета е […]

______________________________________________________________________________________________________

Андов до Фрчкоски: Па се тужи ли „одлепен” човек?

Основниот cyд Скопје-2 во текот на вчерашниот ден донесе решение за привремена мерка со кое забрани продажба и располагање на книгата на Стојан Андов со наслов “До атентатот и по него” во која тој имплицира вмешаност во aтeнтaтот на Глигоров на Фрчкоски, поради повреда на личните права на тyжителот Љубомир Фрчкоски. Професорот Фрчкоски вчера во […]

______________________________________________________________________________________________________

Фрчковски за Андов: Се одлучив за тужба независно што тој е стар господин и можеби одлепил

Во дебатниот магазин на ТВ21, професорот Љубомир Фрчквски објаснува дека како се одлучил да поднесе тужба против поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов. Тој на прашањето дали ја прочитал книгата, вели дека не ја прочитал цела, но се одлучил за тужба. – Тешко се одлучив, ја контекстира целата таа група помлади политичари, но јас сум […]

______________________________________________________________________________________________________

Две жртви кај Смилковци ги гледале убијците во очи кога умирале – Судење за „Монструм”

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Тарифа“, „Монструм“ и „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Монструм“, кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. На минатото рочиште јавноста беше исклучена бидејќи се […]

______________________________________________________________________________________________________

Беџети нема да ги легализира, но нема ниту да ги урива платформите на Матка

Платформите на Матка нема да бидат легализирани, но нема ниту да бидат урнати. Градоначалникот Блерим Беџети тврди дека овој проблем го наследил и постои со години. За трите платформи вели се бесправни но за нив поднесени се барања за легализација. Беџети не е за брзи решенија и потенцира дека мора да се има предвид дека […]

______________________________________________________________________________________________________

„Македонија -Блокира“ поднесе кривична пријава против ДИК

Македонија-Блокира„ денеска до Основното обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против членовите на Државната изборна комисија, службеници на ДИК во подрачните канцеларии и службеници во дипломатско – конзуларните претставништва во странство за сторени повеќе кривични дела со кои свесно ја спречија кандидатурата на д-р Филип Петровски за претседател на Република Македонија. Во изјава за медиумите кандидатот […]

______________________________________________________________________________________________________

До понеделник топло, од вторник заладување

До понеделник времето ќе биде топло со слаб до умерен северен ветер со пораст на дневната температура. Веќе во вторник и во среда ќе има зголемена облачност со локален дожд, а поради заладувањето во среда се очекуваат врнежи од снег на планините. За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб […]

______________________________________________________________________________________________________

Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче

Кандидатот на албанската опозиција за престојните претседателски избори Блерим Река ќе биде прв на избирачкото ливче, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, а трет е кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Во Државната изборна комисија денеска беше спроведено жребувањето за редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче. Бројчињата ги […]

______________________________________________________________________________________________________

7 смртни случаи од последица на грип за 10 дена

Нови седум смртни случаи од компликации од грип во земјава, објави во неделниот извештај ИЈЗ. Починатите се на возраст од 37 до 82 години. Тројца се од Скопје, две лица од Кичево, и по еден од Ресен и Валандово. Двајца претходно немале други заболувања, а петмина имале хронични болести. Нема информација каде биле лекувани и […]

______________________________________________________________________________________________________

Села не ги дава гласовите за македонски кандидат

Алијансата за Албанците се оградува од информациите дека ќе поддржат македонски кандидат во вториот круг за претседателските избори. Од партијата велат дека секогаш работеле и ќе работат на унапредување на статусот на Албанците во Северна Македонија. – Алијансата за Албанците не прави политичко пазарење зад очите на јавноста, ниту за претседателските, ниту за локалните избори. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1