21/03/2019 15:26
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика смета дека мерката за додадок за трето дете не ги дава посакуваните резултати во зголемувањето на наталитетот. Според податоците, велат од МТСП, наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5 проценти. Оваа мерка, додаваат, имало можност 10 години да се имплементира, но таа очигледно […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 16:11
•
Posted by: MK News
Судијката Добрила Кацарска, која ја досуди највисоката затворска казна од 211 години за осудените во „27 април“, негира дека во јули 2011 годинина, кога беше уапсен тогашниот лидер на опозицијата, денес премиер, Зоран Заев, за случајот „Глобал“, од позиција на претседателка на Кривичниот суд ургирала кај судијата на претходна постапка да му одреди притвор на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 16:07
•
Posted by: MK News
Стевчо Јакимовски вчера во 9. часа поминати во Кривичен Суд, доби казна домашен притвор за легализирањето на парцелите на улицата Илинденска. Канал 5 стапи во контакт со Јакимовски, но тој не сакаше да даде коментар. Но затоа, изјава за медиумите дадоа од неговата партија, од каде велат дека Јакимовски не е обвинет за криминал и […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 16:03
•
Posted by: MK News
Уште една жртва на трагичната автобуска несреќа на патот Скопје – Тетово. Денеска, на повредите им подлегна 19-годишната девојка, на која, по несреќата и беше ампутирана ногата. „И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот, односно да ги санираат повредите, девојката почина денеска околу 13 часот“, потврдиле за „Независен весник“, д-р Алберт […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 15:55
•
Posted by: MK News
На денешната владина седница беше разгледан и усвоен и Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој нови називи добија МИА, ЕЛЕМ и Македонска пошта. Како што соопштуваат од владината прес-служба новиот назив на АД Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 15:54
•
Posted by: MK News
Судот му одреди мерка куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година, при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата „Илинденска“. Пред […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 15:53
•
Posted by: MK News
Судијката Добрила Кацарска, која го водеше судскиот процес за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година и пресуди вкупно 211 години затвор за 16 обвинети, вели дека не само за оваа, туку за секоја пресуда што ја донела е уверена дека била исправна. Кацарска, на гостување во емисијата „Правда и неправда“ на 1ТВ, нагласи […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 15:52
•
Posted by: MK News
Работните групи на власта и опозицијата в петок треба повторно да се состанат во нов обид да се постигне согласност околу предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство. На првата средба во понеделникот не беше постигнат договор, но двете страни се согласија уште еднаш да ги разгледаат изнесените […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 15:49
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски и кандидатот за претседателка на Република Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ г-ѓа. Гордана Силјаноска Давкова денес и утре ќе престојуваат во посета на Брисел седиштето на Европската Унија. Во рамки на посетата ќе земат учество на политичкото Собрание на Европската Народна Партија каде членуваат најголемите сестрински десничарски партии во Европа […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 15:44
•
Posted by: MK News
Државната комисија за спречување на корупција отвори два нови предметa по кој ќе постапува по допрен глас – случајот Матка и корупцијата во политиката која се однесува на вработување двајца правници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за време на изборен процес. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната седница истакна дека […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 15:41
•
Posted by: MK News
Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски изјави денеска дека мерцедесот од 600.000 евра кој беше набавен во време додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, е сѐ уште дел од судската постапка „Тенк“ и дека по завршување на постапката ќе се одлучи што понатаму. На новинарско прашање за предизборните ветувања на СДСМ дека со продажбата на мерцедесот ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 15:39
•
Posted by: MK News
Граѓаните при туристичките патувања да проверат дали агенцијата со која патуваат е лиценцирана и да потпишат договор пред патување за да не бидат измамени, апелираат од надлежните институции. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека полесно е да постапат по преставките кои стигнуваат кај нив доколку граѓаните имаат договор потпишан со агенцијата, програма за патувањето и […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2019 15:36
•
Posted by: MK News
Aпсолутно ќе беше безбеден Никола Груевски, бегалецот од правдата. Ако дојде и ако овде треба да одлежува затворска казна, гарантираме дека нема да има негова ликвидација, вели Ѓоко Котевски, директор на Истражниот затвор во Шутка во интервју за порталот МКД. – И од кого би бил ликвидиран? Еве овде беше и Ангеле Зафировски, познат како Бате […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2019 18:00
•
Posted by: MK News
Заедничкиот кандидат за претседател на државата Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на главниот град, Скопје. На средбите со граѓаните низ центарот на Скопје, Пендаровски разговараше за претстојните претседателски избори и потребата од вистински претседател кој обединува и работи во интерес на граѓаните и државата. Средбите продолжија и во Старата скопска чаршија, кадешто заедничкиот […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2019 17:59
•
Posted by: MK News
Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско, ќе го посети Скопје на 7. мај годинава. Веќе е позната неговата агенда во главниот град. Тој ќе одржи молитва на стадионот „Филип Втори“, каде што се очекуваат 40-50 илјади луѓе да присуствуваат нна посетата. „Тој ќе одржи молитва на стадионот во Скопје, каде што очекуваме да бидат присутни […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2019 15:08
•
Posted by: MK News
Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер, Никола Груевски, е во бегство во Унгарија, а Гордана Силјановска, му се обрати на својот противкандидат, Стево Пендаровски. Силјановска пред само четири дена отвори свој профил на социјалната мрежа Твитер, каде е секојдневно присутна. Професорката по уставно право има и хаштаг „Извини Стево“ . „СтевоИзвини што Груевски ви […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2019 15:05
•
Posted by: MK News
Професорката и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, го коментира апсењето на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Како тргнавте со апсењата ќе нема политичари во опозиција…па од Ципрас ќе барате да ви прати“, пишува Силјановска на Твитер.
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2019 15:04
•
Posted by: MK News
Ексградоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата, покажа два прста и извика: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме“, но не одговори на кого точно мисли, јави А1он. Јакимовски утрово беше уапсен и изведен пред судијката на […]
______________________________________________________________________________________________________