04/03/2019 16:33
•
Posted by: MK News
Документите од хартија наскоро ќе можат да бидат заменети со електронски кои ќе се добиваат само со неколку кликови. Секој граѓанин ќе може електронски да добива законски валидни документи од својот дом или секаде каде што се наоѓа, кои ќе бидат доставувани по електронска пошта и ќе бидат со еднаква вредност и важност како оние […]
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2019 16:31
•
Posted by: MK News
Бизнисменот Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во истрага на СЈО „Империја“, денеска излегуваат од куќен притвор, дознава Фокус. Врховниот суд ги прифати жалбите на осомничените, откако претходно донесе начелно правно мислење дека СЈО не е овластен тужител за предметите кои ги презеле од редовното обвинителство, по 18 месеци од добивање на „бомбите“. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2019 16:28
•
Posted by: MK News
Македонската Радио Телевизија на Гугл е напишана „Северна Македонска радио телевизија“, а Македонскиот народен театар, „Северно Македонски народен театар“. Ваквиот потег го отвори прашањето што ќе биде со институциите кои во своето име ја имаат придавката „македонска/македонски“. На ова прашање се уште нема јасен одговор уште од времето на потпишувањето на Преспанскиот договор, но во […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:51
•
Posted by: MK News
Стево Пендаровски е заедничкиот претседателски кандидат поддржан од триесетина партии предводени од СДСМ и владината коалиција. Натпартискиот кандидат Пендаровски поддршката ја доби синоќа на средбата со партиите од коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата. Од ноември 2017 Стево Пендаровски е назначен за […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:44
•
Posted by: MK News
Поранешниот амбасадор на САД во земјава, а сега наследник на Вес Мичел во Стејт Департментот, Филип Рикер доаѓа во понеделник во Скопје. Ова е негова прва посета на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која се повлече Мичел во почетокот на годинава. Тој ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:43
•
Posted by: MK News
По завршување на вечерашната средба на СДСМ со коалиционионите партнери, Амди Бајрам изјави дека се повлекува од претседателската трка и ќе го поддржи заедничкиот кандидат Стево Пендаровски. -Од вечерва се откажувам од претседателската трка и се придружувам кон заедничката кандидатура. Успеав да соберам преку 10.000 потписи, туку денеска седнавме со премиерот, ради кандидатот се придружувам […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:41
•
Posted by: MK News
Единствената промена која што ја направи СДСМ во изминатиот период е најболната промена за секој од нас, промена на името, рече кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова додека имаше обраќање во живо на емисијата „Македонски Корени“ од Сиднеј. -Знам дека на нашите дедовци и прадедовци им ги менувале презимињата и во нашиот […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:39
•
Posted by: MK News
Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Охрид, на средба со граѓаните на Градскиот пазар. -На пазарот владее траорна атмосфера, сите пазарџии се жалат. Сите законски решенија што Владата ги донесе се на штета на пазарџиите, наместо решенија тие понудија одлагања. Ние како партија ќе се обврземе да донесеме законско […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:37
•
Posted by: MK News
Двете приватни ординации инволвирани во случајот со починатиот пациент од Ресен ќе останат без дозвола за работа. На барање на ДСЗИ заради утврдени неправилности министерството за здравство донело одлука за одземање на дозволите на ПЗУ ”Јанита“ на доктор Звонко Николовски и на ординацијата за пластична и реконструктивна хирургија “д-р Крсто Митаноски” во Аеродром, потврди за […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:32
•
Posted by: MK News
Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии, напиша Стево Пендаровски на својот фејсбук профил откако вчера доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција. Посебна благодарност […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 20:54
•
Posted by: MK News
Стево Пендаровски е претседателски кандидат на СДСМ за претстојните избори закажани за 21 април. По тричасовни партиски консултации партијата одлучи да го предложи Пендаровски за претседателски кандидат. Веднаш по состанокот, лидерот на СДСМ Зоран Заев замина во скопски хотел, каде го очекуваат лидерите од коалицијата предводена од СДСМ на дополнителни консултации. Пендаровски беше кандидат на […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:44
•
Posted by: MK News
Јовески мора да си замине, бидејќи како дел од заевизмот, не постапува против изборниот криминал и со тоа ги злоупотребува своите позиција и овластувања. Јовески остана глув и слеп на изборните манипулации, остана да седи во шинелот на Заевизмот, без да ги процесуира кривичните пријави поднесени од опозицијата. Уште повеќе што наместо ВМРО-ДПМНЕ, Јовески сам, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:41
•
Posted by: MK News
Американскиот амабасадор во Скопје, Џес Бејли, денеска си замина од Македонија и дома ќе ги минува пензионерските денови по завршувањето на мандатот во Македонија. Амбасадата на САД утрово го испрати дипломатот. „Ова утро, амбасадорот Бејли официјално ја заврши својата задача во Северна Македонија. Од сите во Амбасадата му се заблагодаруваме за неговата услуга и лидерство […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:39
•
Posted by: MK News
Скоро половина од пратеничките на СДСМ вработиле блиски роднини во државни институции. Новиот список на Антикорупциската комисијата открива дека седум од вкупно 15 пратенички, вработиле членови од семејството. Сопругот на Тања Ковачев, браќата на Симеска-Димоска и Митева-Шуманска, ќерката на Лалчевска, внукот на Фросина Ременски се дел од имињата за кои Државната комисија за спречување на […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:33
•
Posted by: MK News
Во Македонија засега нема воведување на категориите родител 1 и родител 2, наместо како досега постоечките мајка и татко. По најавата за донесување на новиот Закон за заштита од дискриминација, од власта ги смируваат реакциите кои се појавија во јавноста, велејќи дека станува збор за лажна вест. Со жена ми се скаравме кој да биде […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2019 16:21
•
Posted by: MK News
Во текот изминатата недела (од 18 февруари до 24 февруари), во државава се регистрирани 3.209 заболени од грип, што е за девет отсто зголемување споредено со минатата недела кога беа регистрирани 2.943 заболени од грип, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје. Во текот на оваа […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2019 16:15
•
Posted by: MK News
Иднината на СЈО е во рацете на 80 пратеници. Власта се уште нема обезбедено поддршка за усвојување на новото законско решение со кое обвинителството на Јанева ќе продолжи со работа. Министерката Дескоска вели дека има простор за преговори со пратениците од опозиција за измени на одредени одредби од законот, но има и црвени линии за […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2019 16:12
•
Posted by: MK News
Унгарските власти ја запреа истрагата за екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, пренесува унгарскиот портал 444.ху. Според информациите, било утврдено дека Груевски имал валидни патни документи на унгарско-српската граница и на останатите гранични премини. Според тоа, влезот на Груевски во Шенген зоната е во согласност со сите закони. Како што додаваат медиумите од Унгарија, кај Груевски немало […]
______________________________________________________________________________________________________