Archive | Македонија RSS feed for this section

Одложено судењето за убиството на Саздо

На 5 март ќе продолжи судењето за убиството на Никола Саздовски. Судијката Даниела Алексовска го одложи денешното рочиште поради, како што рече, недоставените списи од предметот од дополнителното вештачење од вештите лица.

______________________________________________________________________________________________________

МВР почна да издава потврди на граѓаните со печат со новото име до целосната промена на документите

Министерството за внатрешни работи почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството што не го содржат новото име на државата, до целосната промена на сите документи. Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име Република Северна […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за инцидентот во Шутка: Притворениците ги разделиле напаѓачите на Ристовски, за Јанакиески не реагирале

Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда соопшти дека го разгледале Извештајот од КПУ Затвор – Скопје, како и дека изготвиле сопствен Записник од извршениот вондреден стручно-инструкторски надзор во КПУ Затвор, за инцидентите во кои настрадаа поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Риствоски, на 21 февруари. Оттаму напоменуваат дека во Извештајот на КПУ […]

______________________________________________________________________________________________________

Зголемен број на автобуси по повод верскиот празник Задушница

По повод верскиот празник Задушница, утре и задутре на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, информираат од ЈСП. Како што соопштуваат оттаму, утре дополнителни автобуси (термини) на линија 59 ќе бидат од Карпош: 9:00, 10:30, 12:00, 13:30 и 15:00 часот, […]

______________________________________________________________________________________________________

Река ја потврди кандидатурата за претседател

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Блерим Река на неговиот профил на Фејсбук ја потврди веста, која утрово се ширеше по албанските медиуми, за својата кандидатура за претседателските избори во нашата земја. -Не можам да одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Република Северна Македонија; со надеж […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинетата Анета Стефановска за „Титаник 2″ во солзи – „Срам ми е што сум тука”

Со паузи, испрекинат глас и солзи во очите, обвинетата Анета Стефановска во завршниот збор за предметот „Титаник 2″, рече дека не е виновна за делото кое и’ се става на товар, а во врска со гласањето како членка на Државната изборна комисија за усвојувањето на приговорот за прегласување на избирачко место во Струмица. „Не се […]

______________________________________________________________________________________________________

Оливер Спасовски, заеднички кандидат од СДСМ-ДУИ?

Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е заеднички кандидат на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ, дознава Медијал.мк од извори внатре во коалицијата. Името на Спасовски било израно на синоќешниот состанок помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети. Се чини дека сите други кандидатури спаѓаат во вода. Спасовски е роден во […]

______________________________________________________________________________________________________

12-годишно девојче почина од компликации од грип

Дванаесетгодишно девојче со церебрална парализа и мускулна дистрофија почина денеска на Клиниката за детски болести од компликации од грип. Ова денеска го потврди д-р Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје. Детето пред четири дена било примено на Клиниката. Ова е четврти смртен случај од компликации од грип. Од Институтот за јавно здравје информираа […]

______________________________________________________________________________________________________

Одбраната на Мијалков побара ослободителна пресуда, нема доказ дека влијаел врз ДИК

Адвокатот Миле Петровски, бранител на обвинетиот Сашо Мијалков, во денешниот завршен збор на судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“, побара носење ослободителна пресуда за неговиот клиент бидејќи, како што рече, не постои ниту еден доказ дека тој презел било какво дејство или го сторил кривичното дело што му се […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Без ДУИ имаме 58 пратеници

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека без ДУИ имаат коалиција од 58 пратеници. -Имаме коалиција од 58 пратеници. Ако ги одземете десетте пратеници на ДУИ, имаме 58, значи немаме 61. Така да, тоа не е баш така едноставно, затоа сериозните политички субјекти сериозно пристапуваат на сите проблеми. Прво ги наоѓаат причините, второ ги дават одговорите […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсено раководството на УМС Аеродром – Еве ги причините

Младите од ВМРО-ДПМНЕ приведени во полициската станица во Ново Лисиче. Распитот бил поради наводно цртање за графити. пренесува Курир.мк –Не собраа утринава со полиција од дома и не распрашуваа за некакво цртање на графити во Аеродром – вели за Лидер организациониот секретар на УМС, Петар Миовски. Како што сведочат за ,,Лидер” утринава биле приведени и […]

______________________________________________________________________________________________________

Џафери: Од 1 април парламентот нема да работи

Собранието на Република Северна Македонија нема да работи од 1 април кога почнува предизборната кампања за претседателските избори. Претседателот на Парламентот, Талат Џафери вели дека е вообичаена пракса Собранието да не заседава во тој период, но остава можност да свика седница доколку се јави неодложна потреба. Тој на денешната средба со медиумите истакна дека доколку […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Слична казна за фрлање боја веќе платив и јас лично

Премиерот Зоран Заев се огласи по паричната казна од 200 евра на професорката и активистка, Мирјана Најчевска поради фрлање боја кон државните институции. „Претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни од Шарената револуција и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со целосно почитување на судската власт, но и почитување […]

______________________________________________________________________________________________________

Драстична промена на времето – метеоролозите информираат кога ќе биде најтопло

Претстојната ноќ како и утрешното утро поради разведрувањето ќе имаме релативно студено време па така температурите речиси насекаде ќе се спуштат под нулата, до утре наутро истите ќе се спуштат во интервалот од -8 до 2 степени, информира метеорологот Славчо Попоски. Сепак поради продор на значително потопла воздушна маса која е веќе најавена, во текот […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Договорено е да ме осудат со максимална казна затвор

Никола Груевски, поранешниот премиер на Република Македонија и почесен претседател на партијата ВМРО ДПМНЕ кој е во азил во Унгарија смета дека веќе е договорено да го осудат со максимална казна затвор. Во сите предмети ќе ме осудат со максимална затворска казна иако во ниту еден предмет нема ниту кривично дело, а како резултат на […]

______________________________________________________________________________________________________

Возачот од автобуската несреќа добива закани, МВР презема мерки за заштита

Возачот на автобусот кој пред две недели се преврте на патот Скопје-Тетово при што загинаа 14 лица, а 37 беа повредени, добива закани по неговиот живот, а Министерството за внатрешни работи презема мерки за негова заштита како дел од постапката, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој очекува Јавното обвинителство за многу кратко […]

______________________________________________________________________________________________________

Џафери: Судот ќе биде одговорен за евентуалното бегство на Вељаноски

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери вели дека во Парламентот немало услови да се гласа за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен собраниски претседател Трајко Вељаноски, бидејќи претходно немало донесен заклучок на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. За тоа, рече Џафери, вчера го известил и Кривичниот суд. Според Џафери, Собранието […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Се злоупотребуваат стари случаи со исчезнати лица за да се шири страв кај граѓаните

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што вчера и денеска се споделуваат на социјалните мрежи дека е исчезнат Лука Божиновски. – Се злоупотребува случај од 2017 година кога лицето е пријавено за исчезнато и веднаш пронајдено. Имено, Лука Божиновски е пријавен за исчезнат на 3.8.2017 во ПС Ѓорче Петров и веднаш е пронајден односно […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1